Connect with us

Инфо +

Maкедонците во Швajцарија на пpoтecт: Бapaaт пpeкин на договopите со Бугapија и Гpциja

Published

on

Во организација на Македонскиот национален совет во Швајцарија, денеска (23 ноември 2020 година – понеделник) од 15 до 16.30 часот, на плоштадот Казино во Берн (Casinoplatz, Bern), ќе се одржи мирен протест за крај на преговорите за промена на идентитетот на Македонскиот народ!

“Понижувањата, продавањето и негирањето на македонските национални вредности, од страна на соседите на Македонија, продолжува и во 21 век. Сојузник во велепредавството е марионетската Влада на државата Македонија! Македонците во борбата за своите права и слободи секогаш се бореле со достоинство и во Македонија и во светот.

Македонците во Швајцарија со горчина и гнев ги отфрлаат сите договори склучени со соседите, од насилно инсталираната марионетска Влада на Македонија.
Бараме крај на преговорите со Бугарија и Грција за ревизија на македонската историја, отфрламе нова политичка историја на Македонците и Македонија! Бараме итно и безусловно раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година!

Бараме продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации на државата Македонија под нејзиното единствено историско име кое се состои само од еден и единствен збор – зборот Македонија!”, се вели во јавниот проглас на Македонскиот национален совет во Швајцарија.

Македонскиот национален совет во Швајцарија ги повикува Македонците да се приклучат во отпорот против власта за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

“Нека чуе светот дека името на нашата држава било, е и ќе остане Македонија! Нека чуе светот дека сме биле, сме и ќе останеме Македонци! Нека чуе светот дека наш јазик бил, е и ќе биде само Македонскиот јазик!”, се вели на крајот од прогласот на Македонскиот национален совет во Швајцарија.

Македонскиот национален совет во Швајцарија ги повикува Македонците во Швајцарија на мирниот протест на 23 ноември 2020 година на Casinplatz, Bern од 15 од 16.30 часот! Добредојдени сте! Никогаш северна, само Македонија, пишува во поканата за протестот.

Македонија

НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ СО НОЖЕВИ

Published

on

Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда, соопшти Јавното обвинителство.од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола, соопшти Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица кои осомничени за кривичното дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Едниот од нив е осомничен и за обид за кривичното дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие, според член 382 став 3 од КЗ.

„Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои, постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените, за да извршат контрола на возилото и на возачот. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи, така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола“, соопшти Јавното обвинителство.

Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од 8 дена, додаде ЈО.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки

Published

on

Ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, посочи премиерот.

Откако дел од трговците ги качија цените на основните продукти кои не се дел од новогодишната кошничка, премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше, по што биле забележани корекции на ваквите злоупотреби.

-Утрово разговарав со министерот за економија и труд Дурмиши, но и претходниве ден-два добивам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво на кое што беа пред овие покачувања. Го почитуваат укажувањето и замолницата која јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот кој следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат. Ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците, ќе бидат преземени мерки. Последната мерка која ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, посочи премиерот.

За тоа, во моментов, нема потреба бидејќи најголем дел од трговците го почитуваат укажувањето на премиерот и Владата.

Continue Reading

Скопје

Вооружен напад во Бутел, едно лице заврши во притвор

Published

on

На 25.12.2024 полициски службеници го лишија од слобода Б.Р. (36) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. 

На 23.12.2024 на ул. „Бутелска” во Скопје Б.Р. испукал еден проектил од пиштол кон нозете на С.З. (35) од Скопје. 

Од страна на Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти во врска со настанот преземени се опсежни мерки, при што обезбедени се докази против Б.Р. и тој е лишен од слобода, а на 26.12.2024 е поднесена кривична пријава по брза постапка. 

Од страна на судија на претходна постапка на Б.Р. му е определена мерка притвор во траење од осум дена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк