Connect with us

Македонија

Митревски бранеше со температура 39,5 степени: „Знаев дека морам да бидам на располагање“

Published

on

Македонија и Австрија одиграа исклучително возбудлив и изедначен натпревар, кој заврши со реми 29-29, благодарение на голот на Кузмановски во последната секунда. Натпреварот беше драматичен до самиот крај, со наизменични водства и неизвесност која кулминираше со израмнувањето.

Македонскиот голман Никола Митревски, кој само неколку часа пред натпреварот се соочил со висока температура, го оцени резултатот како најреален исход од мечот.

„На крајот извлековме реми. Натпреварот беше изедначен во сите 60 минути. Се играше гол за гол, на крајот тие дадоа на 4 секунди до крајот, ние можеби на 4 стотинки. Најреално. Во првиот дел имавме 2-3 пати водство и од три разлика, но не успеавме да го задржиме. Имавме шанси да победиме. Во вториот дел го презедовме повторно водството, тие израмнуваа. На крај поведоа, ние израмнивме и тоа е тоа,“ изјави Митревски.

Тој откри дека, и покрај здравствените проблеми, не размислувал да се откаже од настапот:
„Пред мечот ‘горев’, но не мислев да се откажам. Сличен проблем имаа уште неколкумина од нашиот тим, но и тие стиснаа заби,“ додаде тој.

Митревски ја опиша и својата состојба пред натпреварот: „Ве молам, држете се настрана од мене. Пред неколку часа имав температура од 39,5 степени, но знаев дека морам да ѝ бидам на располагање на македонската репрезентација со оглед дека имавме неколку играчи со здравствени проблеми,“ рече тој.

Ова реми носи нови предизвици за македонската репрезентација, која покажа борбеност и тимски дух, дури и во најтешките моменти.

Македонија

Турист од Ирска заглавил во Охридски притвор ова е причината

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.

На него му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа, повредени повеќе лица

Published

on

На 21 јануари 2025 година, во 09:15 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, во близина на селото Врбјани, општина Дебрца, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале две патнички возила: фолксваген бора со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (39) од село Стрелци, кичевско, и фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д. (72) од Скопје.

Како резултат на судирот, со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во фолксваген бора – Ф.И., возачот на фолксваген пасат – И.Д., и неговата сопатничка В.Д. Телесни повреди, пак, се констатирани кај возачот на фолксваген бора – Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И.

Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им била укажана медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а истрагата за утврдување на причините за несреќата е во тек.

Continue Reading

Македонија

Шест лица со кривична пријава за измама, меѓу нив и лекар и адвокат

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(52) од Тетово, А.П.(39) од Скопје, А.Љ.(30), С.А.(48) од Гостивар, со место на живеење во Тетово, Д.А.(25) од Тетово, Е.Ј.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение „помагање“ во врска со „измама“, а против И.Б. е поднесена и пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“, а А.П. и за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот И.Б., во својство на лекар во Клинички центар Тетово, во 2021 година креирал медицински извештај со невистинита содржина за наводни телесни повреди настанати во сообраќајни несреќи на име на петтопријавениот Д.А. и шестопријавениот Е.Ј., а со цел обештетување на нематеријална штета од осигурителни компании.

Второпријавениот А.П. во својство на адвокат изготвил полномошно без датум и потпис на пријавените А. и Ј. и без нивно присуство и согласност ги доставил до осигурителна компанија од Скопје за наплата на нематеријална штета во износ од 680.000 денари. Третопријавениот посредувал во доставувањето на фалсификуваната документација во адвокатската канцеларија на второпријавениот, а ги подигнал паричните средства во износ од 399.350 денари од филијала на банка во Тетово, пуштени на сметка на петтопријавениот.

Четвртопријавениот, и покрај тоа што знаел дека се работи за фиктивна документација, му помогнал на шестопријавениот да ја обезбеди целокупната фалсификувана документација, а подигнал и парични средства во износ од 280.000 денари, пуштени на сметка на шестопријавениот.

Петто и шесто пријавените, и покрај тоа што знаеле дека не им следува нематеријално обештетување по однос сообраќајни незгоди, давале нивни лични податоци за реализирање на наведените инкриминирани дејствија, со што ја оштетиле осигурителната компанија за износ од 680.000 денари

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк