Connect with us

Македонија

Финансиската полиција на терен: Кривична пријава за едно физичко и едно правно

Published

on

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Од Финансова полиција денеска соопштија дека првопријавенaта И.Т во период од 01.01.2014 до 31.12.2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, дала лажна изјава заверена на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив „Ортоза за колк со зглоб” е соодветно и одговара на помагалото „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” утврдено во Списокот на ортопедски и други помагала во делот на Ортопедски средства-Надколени ортози под шифра 2105 согласно критериумите од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во списокот на ортопедски помагала за кои Потврда за потреба издава лекар специјалист.

На овој начин, се подвлекува во соопштението, го измамила и довела во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија да склучи Договор за издавање на ортопедски и други помагала за период од 01.01.2014 до 31.12.2016, при што во текот на 2014, 2015 и 2016 година извршила набавка и испорака на 171 несодветни помагала со назив „Ортоза за колк со зглоб” притоа фактурирајќи ги кон Фондот за здравствено осигурување под шифра 2105 и назив „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” на кој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 763.470 денари во текот на 2014 година, 5.038.902 денари во текот на 2015 година и 2.901.186 денари во текот на 2016 година, односно вкупно 8.703.558 денари за кој износ е оштетен Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Македонија

Се градат улици, патишта, градинки, училишта, сали, капитални инвестиции коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните

Published

on

Денеска сме на овој проект, на овој пат којшто ќе поврзе две населени места во Општина Петровец, оттука одиме на она место каде што практично се реконструира и се проширува капацитетот на детската градинка и слушнавте од градоначалникот дека повеќе нема да има листа за чекање, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидото во реконструкцијата на патот Катланово – Градманци

Така што сите оние проблеми коишто во минатото постоеле се трудиме да ги решаваме, се надева дека не може тоа да биде од еднашка, но чекор по чекор полека но сигурно се завршуваат проекти и се решаваат проблеми, слушнавте од градоначалникот дека сега во следниот повик коишто ќе го објави Владата преку Министерството за локална самоуправа проектите во вредност од 1.200.000, 1.300.000 евра се веќе подготвени, а јас апелирам и до другите градоначалници истото да го сторат. М

ислам дека сега во вторник веќе на следната владина седница ќе донесеме одлука со којашто ќе го распишеме повикот до општините за да конкурираат со проекти и мислам дека барем од тоа што имам како информација, мислам дека ќе биде исклучително успешен овој пат за да не се доведеме во ситуација да го продолжуваме рокот, имале, немале одобрение за градба па имале проект немале проект ќе биде малку подолг рокот до таму некаде крајот на месец април за да можат сите оние што нема да стигнат со одобрение за градба и оние документи кои се потребни да успеат во меѓувреме да ги обезбедат.

Така што јас сум исклучително среќен и задоволен за сето она кое што претставувало претходно проблем за граѓаните, сега се надминува, се решава преку овие средства кои се реалоцирани од буџетот. Се градат улици, се градат патишта, булевари, се градат градинки, училишта, сали, практично капитални инвестиции коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Уште еднаш му честитам на градоначалникот, на пратеникот кој што доаѓа од Општина Петровец, на советниците, на администрацијата што секогаш буквално работата посветено за да сето ова денеска кое ние го гледаме биде реалност.

Тука исто сакам да ја потенцирам и улогата на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за транспорт кои што исто така учествуваат во овие проекти, бидејќи преку нив практично се фасилитираат средствата. Со други зборови да имаме што е можно повеќе вакви проекти и да се занимаваме со политика за да создаваме. Тоа е она кое што е наша инспирација и мотив.“

Continue Reading

Македонија

НЕМА ВТОРА ШАНСА ЗА ПРВ ВПЕЧАТОК, НАПРАВИВМЕ ИСТОРИСКИ СРЕДБИ ВО САД Македонија сега е дел од оптиката на администрацијата на Трамп

Published

on

Инстант резултати нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме исклучиво за интересот на граѓаните и татковината којашто единствено ја имаме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на впечатоците од посетата на САД, со остварените политички и економски контакти, премиерот Христијан Мицкоски изјави:

– Многу сум задоволен, исклучително сум задоволен. Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во периодот којшто следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она коешто го кажувам често пати, ќе го повторам и сега. Ние домашната задача и домашната борба ќе ја водиме, еве за вакви проекти, за добра инфраструктура, за нови градинки, за нови училишта, за поконкурентна економија, за поквалитетно здравство, за подобро образование и така натаму. Тоа се работи коишто дома ние ќе ги решаваме и таа битка ќе ја водиме и ќе ја добиеме. Но, исто така мораме да победуваме и во Вашингтон, и во Њујорк, и во Брисел, и во Рим, и во Париз, и во Лондон, и во Берлин, насекаде и во други метрополи во светот. И да бидеме што е можно погласни и што повеќе аргументи да презентираме кај нашите соговорници, за македонското прашање, за сите оние предизвици коишто се пред нас, но и оние коишто беа позади нас. И мислам дека сме на добар пат. Инстант резултати нема, но важно е дека тоа што го правиме, го правиме исклучиво за интересот на граѓаните и татковината којашто единствено ја имаме – изјави премиерот.

На новинарско прашање дали тој лично би го направил првиот чекор и би иницирал средба со новоизбраниот бугарски премиер Росен Жељазков, Мицкоски рече дека со задоволство би се сретнал со својот бугарски колега.

– Кога во Бугарија се избираше премиер јас бев во САД, но еве кажувам јавно дека со задоволство би се сретнал со новоизбраниот бугарски премиер. Но, треба да биде јасно дека нашите позиции остануваат непроменети – рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Полициска акција во Тетово, уапсени дилери

Published

on

 На 24.01.2025 во 00.00 часот во Тетово на улица ,,Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Ш.(18) и Р.М.(35), двајцата од с.Нераште. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и две дробилки. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк