Connect with us

Скопје

Молотови коктели фрлени во куќа во Скопско

Published

on

policija

Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека во двор на напуштена куќа во селото Арачиново, која одамна била без жители, биле фрлени две шишиња со запалива материја. Според првичните информации, едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот брзо се проширил.

На среќа, нема пријавени повредени лица, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците на куќата, кој ја забележал ситуацијата и го пријавил инцидентот. Куќата, како што е познато, е веќе подолг период празна, а нејзините сопственици не живеат таму.

Полицијата веднаш извршила увид на местото на настанот, а сега се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во моментов, се работи на утврдување на мотивите за овој инцидент и на идентификација на сторителите.

Скопје

Општина Кисела Вода: 12.000 денари за секое новороденче

Published

on

Општина Кисела Вода продолжува со посветена поддршка за најмладите жители и нивните семејства. Денес Советот на Општината едногласно одлучи еднократната парична помош за семејствата со новороденчиња двојно да се зголеми. Со оваа одлука, износот кој досега беше 6.000 денари се зголемува на 12.000 денари, со што се овозможува значајна помош за родителите во еден од најважните моменти во нивниот живот.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за унапредување на социјалната слика и создавање поволни услови за развој на младите семејства.

-Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош. Таа претставува симбол на нашата заложба за иднината, за создавање општина која расте и се подмладува. Ова е само еден сегмент од нашите заложби. Градиме нови градинки за да обезбедиме предучилишно образование за сите деца, субвенционираме целодневен престој за децата од семејства во социјален ризик, а за овие деца обезбедуваме и бесплатни оброци, курсеви по странски јазици и информатика во училиштата. Дополнително, во рамките на програмите за поддршка на младите, сите првачиња во општина Кисела Вода добиваат бесплатни ранци и училишен прибор преку проектот „Ранче за секое прваче“, додека за децата од социјално загрозените семејства се организираат бесплатни летувања, што придонесува за нивниот развој и рамноправни можности- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, додавајќи дека со вложувањата во образованието, инфраструктурата и социјалната поддршка, Општина Кисела Вода создава услови за хармоничен развој на секое дете и активно работи на создавање здрава и просперитетна иднина.

Continue Reading

Скопје

Му побегнала невестата, пријавил во полиција

Published

on

38-годишна жена пријавена во полиција за исчезната од страна на нејзиниот партнер, 

– На 26.01.2025 во 22.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Е.(45) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга Х.А.(38), соопштија до полицијата. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Continue Reading

Скопје

Дете се шетало со нож во Скопје, полицијата го приведе

Published

on

policija

Полицијата приведе малолетник синоќа во Чаир.

Според информациите кај него бил пронајден и одземен нож.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР во дневниот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк