Connect with us

Бизнис

Конфедерацијата на синдикати бара минималната плата да се зголеми на повеќе од 1800 денари

Published

on

Конфедерацијата на синдикати ќе бара повисока минимална плата од предвидената со закон. Според Марјан Ристески, 1800 денари не се доволни и бараат Владата и економско-социјалниот Совет да застанат на нивна страна во однос на зголемувањето на минималецот.

Според Ристески, на средбата што ќе ја имаат со Владата, ќе се разговара и за недела како неработен ден, а Конфедерацијата на синдикати остава простор овој ден да се искористи за активности кои и се неопходни на државата.

За зголемувањето на минималната плата, Ристески додаде дека економско-социјалниот Совет е местото каде што треба да се приложат сите барања и каде треба да се најде заеднички договор, ако не, како што рече Ристески, тогаш како конфедерација ќе одлучат што да се преземе во иднина.

Бизнис

НАРОДОТ СЕ ПОВЕЌЕ ЗЕМА КРЕДИТИ ЗА СТАН, зема и потрошувачки кредити, а го избегнува минусот на сметка

Published

on

Бројките за декември минатата година според Народна банка, кои се последните показатели на централната банка, и од нив може да се види дека македонскиот граѓанин се повеќе избегнува да ги користи минусите на тековните сметки и кредитните картички, кои, пак, патем, ги имаат и убедливо највисоките камати, објавиФактор.

Се додава дека се повеќе се преферира да зема заеми за станбен кредит, што значи за решавање на станбеното прашање, или, пак, потрошувачки кредит, кои, пак, главно се земаат или за купување на автомобили, или за бела техника, или за други многу посуштински потреби отколку за обичната дневна потрошувачка. 

Иако, има и такви случаеви во овој дел на кредитирањето кога одреден граѓанин зема потрошувачки кредит со цел да затвори неколку кредитни картички.

На крајот на декември минатата година, македонските граѓани најмногу должеле кон нашите банки по основ на потрошувачки кредити, и тоа 2,095 милијарди евра. Ова е зголемување за 27 милиони евра во однос на еден месец претходно, односно во споредба со крајот на ноември минатата година, што значи дека толку нови потрошувачки кредити зело населението за период од еден месец.

Во однос на крајот на декември 2023 година, пак, потрошувачките кредити се зголемени за дури 146 милиони евра.

Станбените кредити растат побргу дури и од потрошувачките. Па така, на крајот на декември 2024 година граѓаните по основ на станбени кредити должеле 1,535 милијарди евра. 

На крајот на декември лани граѓаните по основ на кредитни картички должеле 145 милиони евра, што е за три милиони евра помалку во однос на еден месец претходно, и намалување за дури 15 милиони евра во однос на една година претходно, односно споредено со декември 2023 година.

Минусите на тековните сметки уште повеќе одат надолу, па на кртајот на минатата година се свеле на само 93 милиони евра граѓански долг по тој основ, што е голем пад за 15 милиони евра за само еден месец.

Continue Reading

Бизнис

Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни

Published

on

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање на македонското стопанство, односно компаниите.

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање на македонското стопанство, односно компаниите. Ова го соопшти денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на заедничка прес-конференција со премиерот Хритијан Мицкоски, по усвојуvање на договорите за кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва кои ќе се пласираат преку Развојната банка, а кон крајните корисници преку деловните банки.

„Со денешните одлуки донесени од страна на Владата влегуваме во последната фаза од операционализација на средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Со потпишување на договорите се отвора патот Развојната банка да ги добие средствата од Буџетот, а понатаму да бидат пренесени во комерцијалните банки, учеснички во оваа програма, и оттаму и до компаниите. Односно со потпишувањето на договорите, ќе започне со операционализација на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва во износ од 250 милиони евра во денарска противвредност преку деловните банки“, рече министерката.

Таа додаде дека условите се повеќе од атрактивни со каматна стапка од 1,95%, рок на отплата до 15 години, грејс периодот до 3 години.

Според министерката ова дава огромна можност за домашните компании да се охрабарат и да влезат во инвестиција.

„Целта беше да креираме можности за реализација на одржливи инвестиции и затоа поддршката е насочена во сите сектори за инвестиции во основни средства, за кои домашните компании треба да учествуваат со 20% сопствени средства. Исклучок од оваа широка поставена поддршка се секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, истакна министерката.

Таа посочи дека задачата на Владата и Министерството е да овозможат фер услови за сите компании, односно како што рече, средствата ќе бидат доделени транспареноста и дека секоја компанија ќе има еднакви можности и исти услови за нивно користиење.

„Поддршката што ја обезбедуваме со оваа кредитна линија ќе поттикне инвестициски циклус од над 250 милиони евра, кој е дел од нашиот нов концепт за економски раст заснован на инвестиции со кој се влијае и на подобрување на продуктивноста на компаниите, предизвик кој беше нотиран во минатиот период. Тоа е бенефитот што го очекуваме од оваа мерка за која Владата вложи навистина големи напори со цел средсвтата да бидат достапни за компаниите по навистина поволни услови“, порача министерката за финансии.

Continue Reading

Бизнис

САЊА БОЖИНОВСКА: ЧЕСТ МИ Е ДА ГО ПРИМЕНАМ МЕЃУНАРОДНОТО ИСКУСТВО ОД РАБОТА ВО 20 ДРЖАВИ ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТИКАТА

Published

on

Во своето вчерашно гостување на поткастот „ВМРО – ДПМНЕ зборува“, министеркатаБожиновска истакна дека има работено во 20 држави во Европа и секогаш работела согласно законските норми на тие држави. Токму затоа и претставува чест да го примени целото свое искуство и да ја постави законската рамка во областа на енергетиката со кои ќе се постават основите како ќе се движи Македонија во идниот период.

На прашањето зошто го прифатила предизвикот да биде министер за енергетика, таа истакна:

„Енергетиката е многу комплексна наука и има различни сегменти, како што кажавте ова е Министерство не само за енергетика туку и рударство и минерални суровини. Тоа се две децении знаење, комуникација, но тоа беше од другата страна, од приватниот сектор. Меѓутоа се што работите во приватниот сектор значи дека мора да ги исполнувате легислативите и нормите кои ги пропишува секоја држава.“ – кажа Божиновска.

Според министерката Божиновска, но и други експерти од земјата и регионот, Министество за енергетика требало многу порано да биде направено, а парламентарното мнозинство направила добра одлука што формирала Министерство за енергетика, како и останатите земји во регионот. Енергетиката, рударството и минералните суровини се од огромно значење за секоја економија и сите држави и во Европската унија и во соседството имаат вакви министерства. 

Министерката Божиновска зборувајќи за своето образование откри дека по завршување на средно училиште на англиски јазик заминала на четиригодишни додипломски студии во Прага. По комплетирањето на студискиот престој во Чешка, Божиновска заминува на студии по меѓународен бизнис на Кралскиот универзитет во Холандија. На Кралскиот универзитет своето образование го стекнува од реномирани професори од кои некои биле и добитници на Нобелова награда. Во текот на својата богата професионална кариера, таа постојано го надоградувала своето знаење преку посета и учество на голем број меѓународни размени, семинари, конгреси и конференции во изминатите 20 години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк