Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Интегрирање на универзитетските клиники, а не само административно спојување, ни препорачува СЗО

by
2025/01/30 22:39:34
in Uncategorized

Хроничен недостиг од здравствени работници, особено во специјализираните области, многу болници во државава немаат потребна инфраструктура за да обезбедат модерни здравствени услуги, застарена опрема, а некаде каде има опрема, нема персонал кој да ја употребува.

Ова се дел од наодите на мисијата на Светската здравствена организација (СЗО) за истражување на болничкиот сектор во Македонија, спроведена во март 2024 година. Клучните наоди и препораките на експертите за подобрување денеска во Скопје ги претстави доктор Јана Марин, консултат на СЗО.

Во однос на управувањето и менаџирањето на болниците, констатирано било дека управувањето е често под политичко влијание. Тие политички назначувања на директори многу често биле проследени со недостаток на јасно дефинирана рамка на одговорност.

– Во Мисијата учествуваа пет интернационални експерти предводени од Канцеларијата на СЗО за Европа кои беа тука со основна цел да ги проценат предизвиците со што се соочуваат болниците, како и да ги проценат можностите за подобрување на болничкиот сектор и усогласување со евроспките и меѓународните стандарди. Меѓу другите цели на мисијата, беа да се развие унифицирана визија за болничкиот сектор во Македонија, да се идентификуваат многу важно потребите за градење на капацитети и техничка помош на државата, како и да се промовира интеграција на услугите според нови модели на нега, каде што пациентот ќе биде во центарот на здравственот систем. Методологијата што беше користена беа средби со директори на болници и институции, клучни чинители во системот, теренски посети на болници и клиники, консутлации со меѓуанродни експерти и на крајот имаше работилница за дијалог со Министерството за здравство за креирање на здравствени политики, појасни Марин.

Првата генерална опсервација била дека во земјава има многу голем број на болници и оти болничкиот сектор е фрагментиран.

– Ние имаме, зависно како ги броиме, околу 70 болници на 1,8 милиони жители. Голем дел од нив се недоволно искористени, кај голем дел од нив се преклопуваат здравствените услуги нерационално, посочи Марин.

Една од препораките на експертите е да се направи интегрирање на универзитетските клиники во единствен координиран систем заради подобра искористеност на ресурсите и оптимизација на истите.

– Тука би сакала да нагласам дека препораката се однесува на интегрирање на клиниките, а не само на административно спојување во еден правен субјект, подвлече таа.

Доктор Аким Али, претставник на СЗО во државава, рече дека првата национална консултација за болничка реформа во Македонија што се одржува денеска, е многу важен настан. Според него, претставува пресвртница на патот кон подобра, ефикасна и ефективна здравствена грижа во државава.

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, реформата на болничкиот сектор во државава е стратешки приоритет и морална обврска кон граѓаните.

– Нашата визија е здравствен систем што е поеднаков, поефикасен и поодговорен. Денешната консултација е значаен чекор во овој процес, служејќи како платформа за соработка и транспарентност. Светската здравствена организација и Европската Унија ни дадоа јасна визија за модернизација и трансформација на болничкиот сектор. Сегашните политики ја препознаваат потребата од промена на здравствените приоритети кон промоција на здравјето и превенција на болести. Анализите покажуваат дека стареењето на населението и промените во животниот стил бараат оптимизација на ресурсите, истакна Таравари.

Како што соопшти, според извештајот на ФЗО од 2023 година, најголемиот дел од јавните расходи се насочени кон секундарна и терцијарна заштита.

– Половина од болничките кревети се во Скопје, што создава нерамномерна распределба и предизвици за региони со ограничен пристап. Постојат значителни разлики во искористеноста на болничките кревети, при што само мал број специјалности постигнуваат оптимално искористување од 80 до 85 отсто, додека повеќето имаат искористеност од 30 до 50 проценти. Ова укажува на потреба од рационализација и подобра функционална распределба, смета Таравари.

Тој рече дека иднината на болниците ќе биде обликувана преку модернизација на инфраструктурата, реформирање на финансирањето и интеграција на услугите. Како што додаде министерот, Европа веќе применува интегрирани модели што поврзуваат примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита, со цел елиминирање на непотребните препреки и дуплирање на ресурси.

– Болничките капацитети треба да се насочат кон амбулантски услуги, еднодневни и краткотрајни престои, при што се потребни инвестиции во човечки ресурси, подобрување на работните услови и континуирана едукација. Рационализацијата на леглата и интеграцијата на специјализираните болници ќе овозможи фокусирање на акутната нега. Квалитетот и безбедноста на здравствените услуги зависат од соодветна регулатива, стандарди и индикатори за континуирано подобрување. Привлекување и задржување на квалификувани здравствени работници е клучно за испорака на висококвалитетни услуги. Реформата ќе придонесе кон реализација на националната стратегија за здравство 2021-2030 и целите за одржлив развој на ООН. Оваа трансформација бара храброст, посветеност и соработка на сите засегнати страни за да се обезбедат квалитетни здравствени услуги за граѓаните, рече Таравари.

Next Post

Зголемен е бројот на финансиски измами на социјалните мрежи

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на „Партизанска“

Препорачани Вести

Призма.мк:  Во Тетово инвеститори изградиле и двојно повеќе катови од она што го добиле во градежната дозвола

9 months ago

Коњановски: Битола стана центар на авто-ентузијазмот со првиот Car Show 2025

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.