Connect with us

Инфо +

Поддршка од македонските парламентарни партии за Македонците во Албанија

Published

on

Активни мерки како и соработка со албанската Влада за подобрување на состојбата и зачувување на идентитетот на македонското малцинство во Албанија, најави заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на денешната средба во Корча организирана од партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Знаете, основа е економската ситуација. Ако нашинците, Македонците во Албанија имаат добра економска ситуација нема да земаат бугарски пасоши и да се иселуваат надвор. Ние мораме да работиме и со албанската Влада, што е многу важно, да инвестира во овој регион. Инфраструктурно, во проекти за вработување, да се градат погони, вели заменик министерот Димитровски.

Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија, на средбата во Корча порача дека ако, до вчера говоревме дека основните човеков права, треба да важат и за „нашинците“ во другите региони а не само во регионот на Мала Преспа, денес говориме дека нашинците се соочуваат со притисоци и закани од една многу агресивна политика, а тоа е политика за асимилација.

За оваа агресивна политика, Амбасадата во Тирана во минатото, секојдневно известуваше и предлагаше мерки за натамошно делување, со цел спречување на активностите на бугарските емисари. Одржани се средби со албанските институции, од Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), Институтот за статистика (ИНСТАТ), МВР….и во соработка со МАЕИ и лидерот Васил Стерјовски, се издејствува апсење и притворање на неколку општински службеници во Албанија, рече Спахиу.

Според него преку 400 страници материјали се доставени до македонските институциите, остварени се десетици состаноци со албанските институции, десетици медиумски реакции на МАЕИ, но сето тоа, како што рече, не вродило со посакуваниот резултат.

Апсењето на општинските службеници е без епилог, резултатите на пописот се разочарувачки, а иднината на нашинците е непредвидлива. Како македонско – дипломатско претставништво, во текот на месец февруари, планираме да ги повториме иницијативите за отворање на Генерален конзулат во Корча и заокружување на барањата за државјанства на припадниците на македонското национално малцинство од Албанија, најави Спахиу.

На средбата на која присуствуваа претставници на макеонските парламенатрни партии, како претставник од владеачаката ВМРО-ДПМНЕ во Корча беше пратеничката Лидија Петровска.

Горда сум што од другата страна на границата имаме луѓе што достоинсвтено и гордо се борат за зачувување на сопствениот национален идентитет, за македонскиот јазик, македонската култура и македонската традиција. Ние како држава ќе сториме се за да бидеме нивна поддршка на патот кон зачувување на своето достоинство, вели Петровска.

На средбата во Корча присуствуваше и потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, кој кажа дека кога партијата беше на власт силно ги поддржуваше Македонците во соседна Албанија, но и сега во опозиција им даваат поддршка, бидејќи грижата за нашинците во дијаспората е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет, истакна Илиевски.

Со поддршка успеавме македонскиот јазик да се воведе на неколку универзитети во Албанија, се обезбедија учебници на македонски јазик и за прв пат успеавме да вратиме 20 украдени икони од македонските цркви. Реагиравме и за пописот во Албанија, кој за жал не ја отсликува соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. И како опозиција СДСМ силно ги поддржува и ќе продолжи да работи и да делува во нивни интерес и да се спротивствуваме на какви било обиди за асимилација, рече Илиевски во изјава за медиумите.

Предлог-стратегија за заштита на македонското национално малцинство во Албанија, беше презентирана на денешната средба во Корча, организирана од македонската партија, МАЕИ, со претставници на македонските парламентарни партии, која, како што сe наведува, има за цел да дефинира долгорочни мерки и активности за поддршка на македонското национално малцинство во Албанија преку институционални, дипломатски, културни и економски механизми.

Македонското национално малцинство во Албанија е составен дел од македонскиот народ, со трајни историски, културни и духовни врски со својата матична држава. Зајакнувањето на неговата положба, правата и културниот развој е од стратешко значење за Македонија, со оглед на нејзините обврски како матична држава и согласно меѓународните универзални стандарди за заштита на националните малцинства, рече партискиот лидер Васил Стерјовски, при презентацијата на стратегијата и барањето поддршка за неа.

Дел од барањата содржани во стратегијата се и „формирање на Совет за поддршка на македонското малцинство како тело во рамките на Владата на Македонија кое ќе ги координира активностите за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија и создавање на Фонд за поддршка на македонските здруженија во Албанија – финансиска поддршка за организации кои работат на зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик.

Се оценува меѓу другото дека оваа предлог-стратегија треба да послужи како основа за изработка на долгорочен план, кој ќе вклучува годишни програми за заштита и унапредување на правата на македонското национално малцинство во Албанија.

Нејзината реализација треба да започне со усвојување на обврзувачка декларација во Собранието на Република Македонија, по можност поддржана од сите политички партии. Доколку не се преземат итни и одлучни мерки, процесот на асимилација на Македонците во Албанија ќе продолжи со истата жестина како досега. Дополнително, бугаризацијата, која во последниот период се засили, ќе добие уште поголем замав, загрозувајќи го идентитетот и опстојувањето на македонската заедница во Албанија, се констатира во стратегијата.

Стратегијата, како што информираат од МАЕИ, на денешната средба во Корча ја поддржале сите претставници на парламентарните политички партии, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Демократски сојуз и Левица. На средбата присуствуваа Лилјана Затуроска и Лидија Петковска од ВМРО ДПМНЕ, Методија Илиевски од СДСМ, Катерина Тодоровска од ЗНАМ, Димитар Апасиев од Левица, Зоран Димитровски и Зоран Петров од Демократскиот сојуз и Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија.

Од страна на МАЕИ присутни беа претставници од областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, како и од градовите Корча, Подградец, Елбасан и Тирана.

Балкан

Америка ја напушта базата Бонд стил?!

Published

on

Американците многу одамна, дури и пред првата деценија на 21 век, покажаа дека немаат желба да останат во Косово. Српскиот национален мит е приказна за Бондстил, околу 100 години американска контрола, за тајните интереси… Впрочем, одамна во Вашингтон веќе беше отворена тема дека САД може да го напуштат Косово бидејќи тоа не е нивен проблем, објаснува воениот аналитичар Александар Радиќ.

Одредени индикатори, по доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД, укажуваат на заострени односи помеѓу Вашингтон и Приштина, а според воениот аналитичар Александар Радиќ, САД веќе подолго време ја разгледуваат можноста за повлекување на своите сили од КФОР, а поголемата вклученост на Турција треба да се толкува преку желбата Косово да стане стратешка точка на Западен Балкан, објави Косово онлајн.

– Американците многу одамна, дури и пред првата деценија на 21 век, покажаа дека немаат желба да останат во Косово. Српскиот национален мит е приказна за Бондстил, околу 100 години американска контрола, за тајните интереси… Впрочем, одамна во Вашингтон веќе беше отворена тема дека може да го напуштат Косово бидејќи тоа не е нивен проблем. Тие останаа поради турбулентната ситуација, но за тоа како тие го доживуваат проблемот во Косово доволно говори фактот што Американците ја испраќаат само Националната гарда во таа мисија. За нив е важно нивното знаме да биде таму. Да, присутна е и американската армија, но тие не се единици на првата линија и се таму само за да покажат моќ, политички авторитет – изјави Радиќ.

„Европејците нека си се справат со своите проблеми“

Радиќ е убеден дека Трамп би можел да ја реализира таа идеја (повлекувањето на американските сили од Косово), со својот прагматичен став.

– Поради својот прагматичен став, Трамп лесно може да каже: „Зошто чуваме баталјон во Бондстил и што всушност прават тие таму? Дали тоа е европски проблем? Да. Дали Европа се плаши од проблеми на Балканот? Да. Па, нека се справат Европејците со тој проблем“ – смета Радиќ.

Според неговите зборови, досега е евидентно дека најголем интерес за учество во мисијата на КФОР искажуваат земјите кои географски се блиску до Косово.

Тука, нагласува, не треба да се вклучи Турција, која, како што тврди, има сосема поинаква „математика“.

– Турскиот фактор е нешто друго. Турција сака да ја проектира својата моќ на Балканот. Тие сакаат политичко влијание и за тоа имаат програми за соработка пред сѐ со Косовските безбедносни сили. Ги имаат и вооружените сили на Босна и Херцеговина, кои се составени од 3 конститутивни нации, но редовно се покажува дека на тоа се гледа поинаку од перспектива на Анкара – потенцира воениот аналитичар.

Во однос на БиХ, во Турција се измешани прагматичните интереси: обид да се продаде оружје и воена опрема и да се заработат пари, како и желба да се постигне политичко влијание.

– Но, односот кон Приштина е поинаков. Таму, освен што постигна комерцијални договори, Турција навистина се обиде да подари некои видови оружје што, на пример, другите членки на НАТО не сакаат косовските безбедносни сили (КБС) да ги поседуваат. Имено, ставот на КФОР е дека што се однесува до нив, на сила е стариот, прв закон за КБС, а не оној од 2018 година, и тие можат да имаат само лесно оружје и не можат да поседуваат офанзивни средства. Но, таа зона, меѓу дефиницијата за лесно оружје и нешто што би можело да биде посериозна техника во рацете на војниците кои ги извршуваат наредбите на Приштина, се пополнува со турска техника – појаснува Радиќ.

Тој смета и дека не е во ред најавите на Трамп да се поврзуваат со овие турски цели.

– Минофрлачите од 120 милиметри пристигнаа во Косово во време кога беше целосно неизвесно кој ќе биде следниот американски претседател по Бајден. Ова е сега замена на тезите бидејќи и Западот се грижи за Трамп, па после да поврземе сѐ со тие сценарија. Мислам дека Турција има јасно дефинирана стратешка политика на присуство на Балканот, со фокус на Косово, и дека испраќањето оружје е дел од таа политика – заклучува овој воен аналитичар.

САД и Турција не ги собира на исто место

– КФОР треба да може да ги продолжи своите операции во случај на повлекување на САД, главно бидејќи Косово се подготви за ова потенцијално сценарио со зајакнување на врските со Турција во последните години – појаснува американскиот експерт за безбедност, Џорџо Кафиеро за Форин полиси.

Неговиот аргумент, објавен во Форин полиси, се заснова на изјавата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, дека може да ги повлече воените сили од различни делови на светот.

Многу поживописен во својата проценка е новинарот Батон Хаџиу.

Повлекувањето на САД од Косово би било „стратешка промена во пејзажот на регионот“, нагласува тој.

– Што ќе се случи ако Трамп продолжи со својата визија за повлекување од „надворешните војни“? Дали може да се замисли Косово без САД како негов постојан заштитник? Таквото сценарио, без разлика колку некому му изгледа малку веројатно, суштински би го променило политичкиот и стратегискиот пејзаж на регионот – тврди Хаџиу во авторски текст за Албаниан пост, се вели во анализата на Косово онлајн.

Ако им се верува на бројките, овој „пејсаж“ веќе е значително променет бидејќи САД одамна престанаа да имаат најголемо воено присуство во Косово.

САД му се наострија на Курти

Показател за промената на односите помеѓу САД и Косово е и изјавата на претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, кој пред неколку дена упати остри критики кон косовската влада на Албин Курти, нарекувајќи го премиерот недоверлив и додавајќи дека Курти со своите активности го дестабилизра регионот.

„Реториката што сега ја користи Курти, тврдејќи дека е близок со САД, е апсолутно лажна. Не залажувајте се“, напиша Гренел на социјалната мрежа Икс.

 „Апсолутна лага е дека е близок со САД“

Гренел во објавата вели дека администрацијата на Трамп и во претходниот мандат работела за мир за сите на Балканот и оти така ќе продолжи и сега.

„Имам многу пријатели во Косово и во Албанија… и многу пријатели во Србија и во целиот регион. Но, ни требаат доверливи партнери“, потенцираше тој.

Тој напиша дека и републиканците и демократите постојано го критикуваа Курти за преземање унилатерални активности кои го дестабилизираат регионот.

„Меѓународната заедница е обединета против Курти “, додаде Гренел

Според официјалните податоци на КФОР, мисијата моментално вклучува 4.302 војници од 29 земји. Најголемиот контингент доаѓа од Италија, со 855 војници, додека, пак, САД се рангирани на второто место, со 598 војници.

Меѓу земјите со над 300 војници на теренот, Турција е „насреде“ со 325 војници. Пред Турција е Унгарија со 365 војници, а по неа е Германија со точно 300 војници.

Continue Reading

Балкан

Косово денед излегува на избори, се очекува убедлива победа на Курти

Published

on

Но, многу поделената опозиција ги критикува неговите економски резултати и ги смета за разочарувачки, пренесе Индекс.

Социјалдемократскиот премиер на власт од 2021 година, лидерот на партијата Ветевендосје (ВВ – Самоопределување), и неговата влада во последниве месеци се фокусираа на укинување на последните паралелни институции финансирани од Белград во областите на Косово каде што доминираат Србите.

Банките, поштите, даночната управа, издавањето српски таблички… Сите филијали во кои Белград вработуваше илјадници луѓе и кои му овозможуваа на српското малцинство да добива пензии и социјална помош се затворени. Употребата на српскиот динар е забранета од 1 февруари 2024 година, што се толерираше до тој датум.

„Криминалните групи веќе немаат и никогаш повеќе нема да имаат моќ. А веќе нема и никогаш повеќе нема да има нелегални регистарски таблички“, се пофали Курти на митингот во Митровица. Ваквата политика на ВВ може да ѝ донесе голема победа: според последните анкети партијата добива 50 отсто од гласовите, речиси исто како и на последните избори во 2021 година.

Годините на власт на Курти беа обележани со чести тензии со српското малцинство и Белград, особено по неуспешните преговори организирани од Европската унија во 2023 година.

Во мај истата година, десетици членки на НАТО беа повредени во судирите со Србите. Во септември 2023 година, група вооружени Срби убиле косовски полицаец пред да се засолнат во манастир на неколку часа, а потоа да побегнат во Србија.

Нападот на виталниот канал за енергетската инфраструктура на Косово кон крајот на ноември 2024 година повторно ги зголеми тензиите.

Тоа никогаш не го поколеба Курти и неговата цврста политика кон Србија, дури и ако значи отуѓување од меѓународната заедница, која го обвинува дека му врти грб на дијалогот.

Уште во средината на јануари, американската амбасада во Приштина изрази жалење што „континуираните и некоординирани акции на косовската влада насочени кон затворање на институциите поддржани од Србија ги поткопуваат аспирациите на Косово да се приклучи кон евроатлантската заедница“.

Некои гласачи му замеруваат поради ова, како 31-годишниот Аднан Брахими. „Тој повеќе не може успешно да ја води земјата, нè стави во судир со сите наши сојузници“, изјави Брахими за АФП.

Други, пак, сметаат дека тоа е кулминација на независноста на Косово прогласена во 2008 година, која Белград никогаш не ја признал.

„Сите поранешни премиери се правеа дека не гледаат дека Србија го прави она што го сака во областите со мнозинско српско население“, рече Беќир Битиќи, 33-годишен учител од Приштина кој без двоумење ќе гласа за Курти.

За неговите критичари и десетици опозициски партии, Курти економски не успеа. Косово останува една од најсиромашните земји во Европа, а од 2011 година речиси 12 отсто од населението заминало.

Според последните податоци на Светска банка, стапката на сиромаштија била 19,2 отсто во 2024 година, а растот главно се заснова на потрошувачката и инвестициите во градежништвото, главно финансирани од дијаспората.

Опозицијата смета дека ова е опасна ситуација. Џавит Халити, кандидат на десничарската Демократска партија на Косово (ПДК) и еден од најжестоките противници на Курти, ги обвини социјалдемократите дека „не прават ништо корисно за земјата“.

Демократската лига на Косово (ЛДК; десниот центар), предводена од економистот Лумир Абдиџику, вети дека ќе ги зголеми платите и пензиите за 75 отсто и ќе го прошири системот на стипендии за најсиромашните студенти. „Курти даде празни ветувања“, го повика Абдиџика, косовскиот премиер, за време на кампањата, надевајќи се дека „на граѓаните им е доста“.

ПДК, чии главни водачи се обвинети за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал, и ЛДК, најстарата партија во земјата која изгуби голем дел од поддршката по смртта на нејзиниот лидер Ибрахим Ругова, сепак тешко ќе ги добијат изборите.

Косовците со гласање, вклучително и дијаспората, ќе изберат 120 претставници. Речиси стотина набљудувачи од Европската унија, 18 од Советот на Европа и многу други од меѓународни или локални организации ќе го следат гласањето.

Continue Reading

Инфо +

„КАКО ЧОВЕК КОЈ ДО ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ РЕДОВНО КОНСУМИРАЛ КАНАБИС, ВО БИГОРСКИ ЗНАМ ШТО СЕ ЛЕЧИ“ – адвокатот Јанаки Митровски вели дека некој грешно ги советува родителите на Васо

Published

on

Адвокатот Јанаки Митровски реагира на вчерашната изјава на родителите на Васо Јованов, кои рекоа дека нивниот син лечел зависност од Канабис во Бигорски манастир.

„Како човек кој до пред две години редовно консумирал канабис, кој се залага за негова легализација и кој застапувал стотици обвинети за канабис никогаш не сум сретнал некој да се лечи од канабис во Бигорски. Канабис е лесна супстанца, на Листа IV од забранети (најлесна) и не знам кој ги советува родителиве но не им прави услуга. Во Бигорски се знае што се лечи!“, пишува Јанаки Митровски на својот фејсбук профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк