Connect with us

Инфо +

Дијаспората е виновна за бројот на невработени

Published

on

Министерката Шахпаска за Радио Слободна Европа познато и како Радио АГИТПРОП Европа, за згоемувањето на бројот на невработени во „нашата земја“, за нејзе Северна, за нас само Македонија, ја обвини и дијаспората, истовремено фалејќи ја Владата дека создала такви услови што луѓето се откажуваат од бенефитите во странство и се враќаат во Северна за да примат еднократни 6 000 денари помош. Еве што Шахпаска изјави:

„Уште еден момент кој го зголеми бројот на невработени е тоа што голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија во државата и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со една единствена цел да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи. Реалната бројка на граѓани кои останале без работа заради пандемијата е оваа бројка од 15.800, но Ви кажува по кои основи“.

Целото интервју на Шахпаска прочитајте го преку следниот линк.

Македонија

Милошоски: Судскиот совет наместо чувар на правдата станува извор на неправо и клиентелизам

Published

on

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини Судскиот совет за противзаконско и несоодветно работење, по информациите дека на затворен колегиум одржан на 25 ноември 2024 година, бил усвоен заклучок за продолжување на мандатот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Според Милошоски, заклучокот, донесен со 9 гласа „за“, е целосно спротивен на член 8 став (5) од Законот за Судски совет, кој јасно утврдува дека мандатот на претседателот трае две години без право на повторен избор. Дамева, која беше избрана на функцијата на 5 декември 2022 година, според законот, би требало да го заврши својот мандат на 5 декември 2024 година.

Милошоски истакна дека Судскиот совет сега се обидува да го продолжи нејзиниот мандат за дополнителни осум месеци, како „компензација“ за периодот кога Дамева била неделовнички разрешена во април 2023 година. Тој потсети дека Управниот суд во декември 2023 ја поништил таа одлука, што значи дека истата нема правно дејство, а аргументот за „компензација“ е неоснован.

„Судскиот совет, наместо да биде извор на право и високи судски стандарди, стана создавач на неправо и симбол на политички клиентелизам. Со ваквите одлуки, Дамева и нејзината коалиција во Советот успеваат само во едно – да ја намалат и онака ниската доверба од 2% до уште пониско ниво,“ изјави Милошоски.

Дополнително, тој истакна дека записникот од затворениот состанок не им е достапен на членовите кои гласале против, што ја продлабочува нетранспарентноста на работата на оваа институција.

Милошоски повика на итно почитување на законските норми и отчетност во работата на Судскиот совет, со цел враќање на довербата во правосудниот систем, кој според него, сè повеќе се оддалечува од европските стандарди.

Continue Reading

Балкан

ГРЦИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МАРКОВА НОГА – ЛЕМОС ВО ПРЕСПА, ЗАТВОРЕН 57 ГОДИНИ

Published

on

Граничниот премин Маркова Нога – Лемос меѓу Република Северна Македонија и Република Грција ќе почне да се гради догодина, а во 2027 треба да биде отворен. Со тоа, после 60 години откако преминот е затворен, повторно ќе може да се минува меѓу двете земји и тоа во голема мера ќе влијае на развојот на туризмот и економијата во регионот Преспа. Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврдија грчките власти и од Kанцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава што го спроведуваат проектот „ЕУ за Преспа“.

Граничниот премин Маркова Нога помеѓу Грција и Југославија беше затворен во 1967 година со политичка одлука на грчката воена хунта што тогаш дојде на власт со државен удар, но остана затворен до денес и по укинувањето на монархијата и паѓањето на хунтата во 1974.

Целиот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК

Continue Reading

Европа

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници, „пред нас е огромен предизвик“

Published

on

Долгорочно, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучок од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман.

„Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојбата на Германија, имиграцијата на меѓународните работници, особено од трети земји, станува сè поважна“. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници без дополнителни имигранти ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува Дојче веле.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата „бејби бумер“ ќе постават голем предизвик за германскиот пазар на труд, бараат и доселување“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман. „Се разбира, прво мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила, и локалните жители и луѓето кои веќе се доселиле, и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот“. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат само на овој начин.

Реформираниот закон за имиграција за квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на доселување. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година. Бидејќи структурните промени се рефлектираат поинаку, најмногу меѓународни работници ќе им бидат потребни на оние покраини каде што до 2040 година зголемувањето на потребите за работна сила ќе биде поголемо од намалувањето. Ова особено важи за Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Берлин и Хамбург.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк