Connect with us

Инфо +

„Ние не можеме да да молчиме додека Вие ја прeдaвате и продавате Македонија“: Отворено писмо на припадниците на АРМ до власта

Published

on

Припадниците на Армијата на Република Македонија испратија писмо до претседателот на државата, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за одбрана, Радмила Шекеринска.

Писмото, припадниците на АРМ го започнаа со заклетвата која сите припадници на армијата, од 1991 година, до денес ја даваат кога ќе ја облечат униформата.

„Се колнам дека ќе ги бранам слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските и должностите како бранител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слобода и чест!“

Со заклетвата, припадниците на АРМ се колнат на Македонија, а не на претседателот, премиерот, министерот за одбрана…Без разлика дали власта е од СДСМ, ВМРО, ДУИ, ЛДП, ДПА..


„Без разлика на сите можни поделби по кои можеме да се делиме и да бидеме различни меѓу себе, Ние се колнеме на Македонија“

Претседателот, премиерот, министрите, исто така даваат свечена заклетва и излава кога ќе стапат на функција и се колнат дека должностите ќе ги извршуваат совесно и одговорно, ќе ги почитуваат Уставот и законите, ќе го штитат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Република Македонија.

Изјавуваат дека ќе работат во интерес на граѓаните и за доброто на земјата. Дека ќе ја оправдаат довербата која им ја дал народот.

„Значи, да заклучиме до овде: и Ние и Вие, сите се колнеме дека ќе ги правиме истите работи за Македонија, секој од својата функција, должност, позиција, во склад со своите надлежности, своите можности ….“, велат припадниците на АРМ во своето писмо до власта.

„Меѓутоа, во последно време Вие направивте чекори и постапки кои раѓаат сомнеж кај многумина од Нас. Ни го сменивте името на државата, ни ја зедовте Македонија од униформата и ни забранивте да ја носиме, не разоружувате од оружјето и орудијата кои имаат респективна огнена моќ, ни ги „трансформирате“ специјалните и тенковските единици, ни наметнувате да градиме капацитети само како лесна пешадија, ни ги приземјувате воздухопловите,….“ обвинуваат тие.

Но најважно е дека ни ја менувате историјата (а не сакате да ги слушате историчарите), ни ги распродавате хероите кај соседите, се обидувате да го продадете јазикот, идентитетот,….. Што ќе биде следно? Религијата, територијата,….? Има ли крај?

Сето ова не тера да се посомневаме дека Вие како да не ги почитувате заклетвите и изјавите кои свечено ги дадовте и потпишавте. Мислиме дека не ги извршувате Вашите обврски и должности за да ги заштитите интересите на Македонија и дека искрено работите во интерес на граѓаните и татковината. Црвот на сомнежот сé повеќе ги разјадува нашите убедувања дека Вашите намери за живот во мир и благосостојба на народот во Македонија се чесни и искрени. Вие не сте искрени и не ја говорите вистината.

Припадниците на АРМ нагласуваат дека нема да го прифатат понижувањето дека бугарската фашистичка окупација била администрација, а и барањето на министерката Шекеринска да ја заборавиме историјата.

„Тоа така не може! Ние во АРМ за наш ден го имаме 18 Август, свет ден кога во Втората Светска Војна 1943 година е формиран македонскиот антифашистички баталјон “Мирче Ацев”. Министерке, тоа не може да ни го негирате, не можете да ни ги негирате традициите од војната во која Македонците се бореле против бугарскиот фашистички окупатор“, посочуваат припадниците на АРМ.

Тие бараат власта уште еднаш размисли пред да ги донесете крајните одлуки и да преземе чекори кои може се штетни за македонските национални интереси. Да размисли дали вреди да тргнеме по патот од кој нема враќање?


„Вие сте политичари, ние сме војници! Вие доаѓате и си одите, ние остануваме! Со нас останува и НАРОДОТ! Немојте да нé тестирате до каде ни е прагот на толеранција!“, порачуваат тие.

Едноставно е, разберете нé! Ние не можеме да да молчиме додека Вие ја предавате и продавате Македонија! Стоп за распродажбата ВЕДНАШ!

П.С. Не нé барајте преку службите, доволно нé има, од сите чинови, должности и од сите единици.

Македонија

Милошоски: Судскиот совет наместо чувар на правдата станува извор на неправо и клиентелизам

Published

on

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини Судскиот совет за противзаконско и несоодветно работење, по информациите дека на затворен колегиум одржан на 25 ноември 2024 година, бил усвоен заклучок за продолжување на мандатот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Според Милошоски, заклучокот, донесен со 9 гласа „за“, е целосно спротивен на член 8 став (5) од Законот за Судски совет, кој јасно утврдува дека мандатот на претседателот трае две години без право на повторен избор. Дамева, која беше избрана на функцијата на 5 декември 2022 година, според законот, би требало да го заврши својот мандат на 5 декември 2024 година.

Милошоски истакна дека Судскиот совет сега се обидува да го продолжи нејзиниот мандат за дополнителни осум месеци, како „компензација“ за периодот кога Дамева била неделовнички разрешена во април 2023 година. Тој потсети дека Управниот суд во декември 2023 ја поништил таа одлука, што значи дека истата нема правно дејство, а аргументот за „компензација“ е неоснован.

„Судскиот совет, наместо да биде извор на право и високи судски стандарди, стана создавач на неправо и симбол на политички клиентелизам. Со ваквите одлуки, Дамева и нејзината коалиција во Советот успеваат само во едно – да ја намалат и онака ниската доверба од 2% до уште пониско ниво,“ изјави Милошоски.

Дополнително, тој истакна дека записникот од затворениот состанок не им е достапен на членовите кои гласале против, што ја продлабочува нетранспарентноста на работата на оваа институција.

Милошоски повика на итно почитување на законските норми и отчетност во работата на Судскиот совет, со цел враќање на довербата во правосудниот систем, кој според него, сè повеќе се оддалечува од европските стандарди.

Continue Reading

Балкан

ГРЦИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МАРКОВА НОГА – ЛЕМОС ВО ПРЕСПА, ЗАТВОРЕН 57 ГОДИНИ

Published

on

Граничниот премин Маркова Нога – Лемос меѓу Република Северна Македонија и Република Грција ќе почне да се гради догодина, а во 2027 треба да биде отворен. Со тоа, после 60 години откако преминот е затворен, повторно ќе може да се минува меѓу двете земји и тоа во голема мера ќе влијае на развојот на туризмот и економијата во регионот Преспа. Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврдија грчките власти и од Kанцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава што го спроведуваат проектот „ЕУ за Преспа“.

Граничниот премин Маркова Нога помеѓу Грција и Југославија беше затворен во 1967 година со политичка одлука на грчката воена хунта што тогаш дојде на власт со државен удар, но остана затворен до денес и по укинувањето на монархијата и паѓањето на хунтата во 1974.

Целиот текст на САКАМДАКАЖАМ.МК

Continue Reading

Европа

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници, „пред нас е огромен предизвик“

Published

on

Долгорочно, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучок од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман.

„Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојбата на Германија, имиграцијата на меѓународните работници, особено од трети земји, станува сè поважна“. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници без дополнителни имигранти ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува Дојче веле.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата „бејби бумер“ ќе постават голем предизвик за германскиот пазар на труд, бараат и доселување“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман. „Се разбира, прво мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила, и локалните жители и луѓето кои веќе се доселиле, и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот“. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат само на овој начин.

Реформираниот закон за имиграција за квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на доселување. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година. Бидејќи структурните промени се рефлектираат поинаку, најмногу меѓународни работници ќе им бидат потребни на оние покраини каде што до 2040 година зголемувањето на потребите за работна сила ќе биде поголемо од намалувањето. Ова особено важи за Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Берлин и Хамбург.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк