Connect with us

Инфо +

Се празнува Св. Екатерина, ја сонувала Божјата мајка и станала христијанка

Published

on

Ја сонувала Божјата мајка и станала христијанка

Именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…

Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од царско семејство од градот Александрија. Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка ѝ била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани, таа тоа свое верување не го кажувала јавно. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована девојка со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки. Многу богати кнезови сакале да се оженат со неа, но на сите што ја убедувале да се омажи им одговарала дека ќе се омажи тогаш кога ќе ѝ најдат момче што ќе биде рамно на неа со богатство, убавина и образование. Но такво момче немало. Имало и богати и образовани, но убави и мудри како неа немало.

Во близината на градот живеел еден праведен човек кој Катерина ја упатил во тајните на христијанството. Тој ѝ зборувал за чудесното раѓање на Исус од Пресвета и пречиста Дева Марија, која поради својата светост и чистота станала мајка на Спасителот, а подоцна била однесена на небото каде што ангелите ја служеле и ѝ се поклонувале како на царица. Подоцна Катерина ја сонувала Божјата мајка со својот син и го прифатила христијанството со сета своја душа и разум.

Еднаш кога царот и останатите пагани принесувале жртви и се молеле на паганските идоли Катерина му се обратила со зборовите. „Царе, нели ти е срам што се молиш пред гнасните идоли. Зошто не го запознаете вистинскиот Бог, кој слегол на земјата и зел човечка форма поради нашето спасение. Тој не сака жртви, туку само да живееме според неговите заповеди“. За ова Катерина требало да биде жестоко казнета, но поради нејзината убавина царот посакал да ја придобие за жена, ветувајќи ѝ раскошен живот и богатство, но и да ја оттргне од христијанството.

Но, Катерина сето тоа го одбила со гнасење. Кога царот помислил дека е недостојно за еден цар да се расправа со една жена, повикал педесетина мудреци кои требало да ја разубедат убавата девојка. Но, мудрата Катерина сите нив и многу народ убедила во вистинската Христова вера и ги придобила за христијанството. Поради тоа била осудена на смрт и пратена на губилиште. Главата ѝ била отсечена со меч на 18-годишна возраст на 7 XII/24 XI 305 (според други 310) година. Преданието раскажува дека подоцна ангелите ѝ го однесле телото на Синајската планина.

Во Гевгелиско Св. Катерина не се празнувала на 24 туку следниот ден на 25 ноември (с.с.) и се сметала за другарка на св. Варвара.

(Подготви Марко Китевски)

Европа

Се бараат медицински лица за работа во Виена

Published

on

Kuratorium Wiener Pensionisten-Wohnhäuser во Виена бара стручни лица за (повисоката) служба за здравствена и болничка нега. Позицијата е одлична можност за професионалци кои сакаат да работат во динамична и поддржувачка средина, со фокус на обезбедување на висококвалитетна грижа за старите лица. Ако имате искуство и квалификации во оваа област, ова е вашата шанса да се приклучите на тимот во Виена.

Детални информации ќе најдете ТУКА

Continue Reading

Македонија

Кривична за маж од Тетово, со нож повредил едно лице

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 26.06.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал З.Џ., и со остар предмет му нанел повреда.

Continue Reading

Македонија

Жито маркет вработува во Тетово

Published

on

Жито маркет бара Продажен персонал за Тетово

Жито маркет ја објавува потребата за нови членови во тимот! Компанијата бара продажен персонал за својата продавница во Тетово. Ако сте динамична личност со одлични комуникациски вештини и сакате да работите во енергична средина, пријавете се! Заинтересираните можат да аплицираат преку контакт со компанијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк