Connect with us

Инфо +

ЛАП ТОП И ЗА КАТЕРИНА, СЕСТРИЧКАТА НА МИТЕ: Дечињата ќе добијат и работни маси и столчиња

Published

on

Сега и сестричката на Мите, Катерина има сопствен лаптоп компјутер, кој денес и беше доставен од страна на вработени во Општина Куманово.

Ова на својот фејсбук профил го објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. 

„Остануваме посветени на обезбедување квалитетни услови за живот за сите, а особено на децата кои се иднината во нашето општество“, напиша Димитриевски на својот фејсбук профил.

Ова следува откако пред неколку дена Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавиле два лап топ компјутери, кои денеска требаше да му бидат врачени на семејството, чии деца сведоачеа дека немаат средства како да ја следат онлајн наставата, во документарен филм кој го објави Види вака. Средношколецот Мите Драгишевски и неговата сестра катерина Драгишевска побараа наивно само да користат лаптоп па дури и да ги вратат кога ќе немаат потреба од нив.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Македонија

Тројна радост во Битола на Бадник: Мајка роди две братчиња и сестричка

Published

on

Во пресрет на Христовото раѓање, на големиот христијански празник Бадник, во болницата „Плодност“ во Битола, мајка роди тројка – две братчиња и една сестричка.

Со многу љубов и храброст, мајката на свет донесе три мали ангели токму на ден кој симболизира семејство, љубов и заедништво. Лекарите информираа дека таа е во одлична здравствена состојба и неизмерно среќна за овој благослов.

Овој чудесен настан е резултат на методите на асистирана хумана репродукција (АРТ). „Со успешна инсеминација помогнавме во остварувањето на овој прекрасен момент,“ изјави прим. д-р Таше Трпчевски.

„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот. Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарат,“ додаде тој.

Оваа прекрасна приказна е доказ дека животот носи надеж и радост дури и во најспецијалните моменти.

Continue Reading

Инфо +

Претседателката Сиљановска: ДА ГИ ПОТСЕТАМ ПРАТЕНИЦИТЕ – СЛУЖБЕН ЈАЗИК Е МАКЕДОНСКИОТ

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека немала намера да употреби вето за да навреди некој јазик или нација, ниту, пак, се водела од партиски совети.

Таа рече дека за спорните членови 9 и 10 од Законот за заштита на децата ги информирала Владата и надлежните министри пред да го достави указот до Собранието и се водела од Уставот, Законот за македонски јазик и Законот за употреба на јазиците.

„Јас не сум законодавец, нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 и да се размисли дали ваквиот начин на полагање и добивање на лиценца нема да внесе или да отвори простор за дискреционо овластување“, изјави Давкова одговарајќи на новинатско прашање, појаснувајќи дека во предложеното законско решение, формулацијата најмалку 20 проценти, не е како што е во Уставот и законите.

Давкова рече дека кога испитот се полага на албански јазик, не е спорно да се добие и лиценца на албански јазик, но во членовите има одредби што парламентарниот состав треба уште еднаш да ги прочита.

Од Владата претходно порачаа дека Законот за заштита на децата ќе биде доработен според забелешките на претседателката, па повторно вратен во собраниска процедура, а на прашањето денес се осврна и премиерот, Христијан Мицкоски.

„Како што сум информиран станува збор за член 9 и 10 од истиот закон, и тие два члена, така како што се формулиани се спротивни на Уставот и на Законот за јазиците. Мислам дека е формалност и рутина и ќе бидат коригирани во согласност со Уставот и Законот за јазиците, и вратени во парламентарна процедура. Очекувам успешно освојување. 

За сите оние кои влегуваат во рамките на Законот за употреба на јазиците, станува збор за сите оние припадници кои се повеќе од 20 отсто, несмасно е сето тоа направено, тоа е една формулација која ќе се надмине наскоро. Се знае, службен јазик е македонскиот јазик, но сите оние во случајот Албанци кои ќе сакаат и ќе побараат на албански да биде формуларот за полагање на лиценцата, ќе биде тоа прецизно формулирано и согласно уставот и законот за јазици ќе го добијат тоа право“, рече Мицкоски.

Законот за заштита на децата е првиот закон за кој Сиљановска го употреби правото на вето и не го потпиша указот. Спорни според нејзе се одредбите од законот кои предвидуваат двојазични лиценци во градинките, бидејќи како што стои во забелешките „начинот на употреба на македонскиот јазик и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните“ се веќе уредени со Закон.

Continue Reading

Македонија

МОРА ДА ГО СМЕНИМЕ СИСТЕМОТ ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ДОМОВИТЕ Мицкоски најавува изградба на гасни централи

Published

on

За загадувањето на воздухот на цела територија на Македонија, јас сум зборувал многупати во минатото. Како инженер можам да дадам одговор, единствен начин како може да ја намалиме емисијата на штетни честички е, во периодот од ноември до март, да го смениме системот на затоплување на домовите, односно, помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затоплување, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека единствен начин како може да се намали емисијата на штетни честички е од ноември до март да се смени системот на затоплување домови.

Тој рече дека се работи на тоа, но, дека е потребно време.

– За загадувањето на воздухот на цела територија на Македонија, јас сум зборувал многупати во минатото. Како инженер можам да дадам одговор, единствен начин како може да ја намалиме емисијата на штетни честички е, во периодот од ноември до март, да го смениме системот на затоплување на домовите, односно, помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива, меѓу кои и централното затоплување – одговори премиерот на новинарско прашање.

За да се случи тоа, според премиерот, потребна е изградба на гасни централи.

– Ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од петнаесетте инвеститори е таков, заинтересиран да изгради такви гасни централи. Но, за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за сето тоа да профункционира. За да се изградат топловоди можеби повеќе, можеби пет и шест години – рече Мицкоски.

Премиерот изрази жалење што досега ништо не е сторено на тој план.

– Жалам што никој не водеше сметка за тоа. Сега гледам политички глодари кои се обидуваат на само нивен начин, глодарски, да собираат поени. Но, нема да успеат. Ние ќе работиме во оваа насока, мора да го промениме начинот на затоплување на нашите домови и да го направиме истовремено, достапен до сите граѓани. Да имаат начин да изберат како ќе ги затоплуваат домовите. Затоа, помеѓу ноември и март, кога трае грејната сезона, емисијата на ПМ2,5 И ПМ10 честички е 10, 20, 30 пати над нормалата – подвлече Мицкоски.

Изминатите денови главниот град е меѓу најзагадените градови во Европа и светот. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк