Connect with us

Инфо +

Мажени жени му се пуштаат на Ритко јутубер од Битола (ВИДЕО)

Published

on

Видеа од стотици илјади прегледи, видеа во кои можат да се видат доста насмевки на лицата кои го следат односно таканаречените „мафијаши“.

Тоа се следбениците и фановите на Ритко МДФК познатиот јутјубер кои има свој канал на Јутјуб на кој има доста видеа кои имаат навистина импресивни прегледи.

Македонија

Турист од Ирска заглавил во Охридски притвор ова е причината

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.Ш.(31) од Република Ирска, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 16.01.2025, при претрес во неговото патничко возило и во станот каде привремено претстојува, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.

На него му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа, повредени повеќе лица

Published

on

На 21 јануари 2025 година, во 09:15 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, во близина на селото Врбјани, општина Дебрца, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале две патнички возила: фолксваген бора со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (39) од село Стрелци, кичевско, и фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д. (72) од Скопје.

Како резултат на судирот, со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во фолксваген бора – Ф.И., возачот на фолксваген пасат – И.Д., и неговата сопатничка В.Д. Телесни повреди, пак, се констатирани кај возачот на фолксваген бора – Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И.

Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им била укажана медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а истрагата за утврдување на причините за несреќата е во тек.

Continue Reading

Скопје

Крадци ограбиле црква во Аеродром

Published

on

Ноќта меѓу понеделникот и вторникот, непознати крадци провалиле во црква во скопската општина Аеродром и украле пари, соопшти полицијата.

„На 21.01.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 15.00 часот на 20.01.2025 до 07.00 часот на 21.01.2025 со употреба на сила било влезено во црква на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, при што биле одземени пари“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк