Connect with us

Инфо +

“Денес татко ми го прости господ, мизерија сте”

Published

on

Денес таткоми го прости господ. 4 недели борба со пневмонија по компликации со короната.Не издржа , сам толку можеше …

Пошто неможи еден доктор на 30 пациенти

Неможи две сестри на 30 пациенти

Неможи една болничарка на 30 пациенти

Неможи никој да не му ја има измиено лајцата дури јас не му ја измив

Неможи никој да не го подкрени за да јади, легнат несе јади,

“Јаде таткоми? Без лајца не се јади не ми дадоја …”

Неможи комјутерскиот томограф да е расипан времиња, незнат ни шо му е ни па дијагноза да дадат

Неможи да се превработат во Рек еден куп луѓе а на болница да нема доктори .Барем сите 30год доктори од партија да вработвавте поќе ќар ке имавме.Алоо нема доктори , еден кислород на три кревети!!!

Ама ете ви признаваме, со вас сите партии на купче дека сте амеби и Ви признаваме не ви го можиме .Ние шо сакаме нормално да живееме неможиме со вас да се бориме поќе .

Мизерија сте

Мамицата ваша да ви ебам“, напиша Најдовски на Фејсбук

Македонија

По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни

Published

on

Во рок од само една година по трет пат се уништува и крши црквата и православните гробишта во долненското село Гостиражни. Деновиве комплетно се искршени и уништени надгробните споменици на 13 од 16 гробови. Жителите велат дека ова никогаш досега не се случуваnо. Инаку Гостиражни е село со мешано население од македонска и албанска етничка заедница.

„Ужас е ова што се прави во селото Гостиражни. Не сум видел никого, не знам кој може да биде. Кој се што се луѓево што го прават ова незнам. Зошто некој би кршел црква и гробови, да вознемирува починати души не знам. Искрено сега мене ми е страв. Кога тие почнале на  умрените, ќе почнат и на живите. Сега со страв идам тука кај камбаната да ја удрам во недела или за празник“, изјави Владо Спасески, клисар во црквата жител на село Гостиражни.

Иако и трите случаи на сквернавење на црквата и гробиштата се пријавени во полиција, направен е увид, но сторителите не се пронајдени.

„Со сите живееме, во селото немало проблеми, кавги немало, како дојде до ова не знаеме. Сум разговарал со луѓе и тие велат кој може да прави вакви работи, ова е грев“, додаде Крсте Крстески, жител на село Гостиражни.

Според Митрополитот Петар пак, во чија Епархија се наоѓа Долени ова биле обиди за заплашување на и онака малкуте Македонци преостанати тука не само во Гостиражни туку и во другите села.

„Притисоци на разни начини со цел и намера за етничко чистење на Македонците од тие села. И ова ќе продолжи. Врз нашата црква таму се врши силен притисок, во селото Пешталево беше договорено да се изгради и црква и џамија во центарот на селото, а сега има 2 џамии, а ниту една црква, иако е мнозинското население е православно македонско. Тогаш кога требаше да го осветиме камен темелникот имаше страшни притисоци и закани со огнено оружје“, изјави Владика Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.

И жителите на Гостиражни и претставниците на МПЦ бараат поголема ажурност од институциите и разрежување на овие случаи.

Continue Reading

Европа

Се бараат медицински лица за работа во Виена

Published

on

Kuratorium Wiener Pensionisten-Wohnhäuser во Виена бара стручни лица за (повисоката) служба за здравствена и болничка нега. Позицијата е одлична можност за професионалци кои сакаат да работат во динамична и поддржувачка средина, со фокус на обезбедување на висококвалитетна грижа за старите лица. Ако имате искуство и квалификации во оваа област, ова е вашата шанса да се приклучите на тимот во Виена.

Детални информации ќе најдете ТУКА

Continue Reading

Македонија

Кривична за маж од Тетово, со нож повредил едно лице

Published

on

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.К.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 26.06.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал З.Џ., и со остар предмет му нанел повреда.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк