Connect with us

Инфо +

Дали вработените ќе добијат К-15 годинава?

Published

on

Работниците бараат одговори дали годинава работодавците ќе им исплатат регрес за годишен одмор, познат како К 15 и колкав би бил максималниот, но и миналниот износ. Невладината „Гласен Текстилец“ деновиве одговори бара и од државните институции, но надлежни за овие одговори се Синдикатот и Организација на работодавчи..

Државниот трудов инспекторат го чека толкувањето од Синдикатот и Организацијата на работодавачи, по што какошто вели Јована Тренчевска директорка на овој инспекторат ќе биде објавен и на нивната веб страница.

-СЕКОЈА СРЕДА ИМАМЕ ОНЛЈАН СОСТОАНОК СО СИНДИКАТОТ, НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, УТРЕ ЌЕ ГИ ПОТСЕТАМ ДА НИ ГО ДОСТАВАТ ТОЛКУВАЊЕТО, А ПОСТАПУВАЊЕТО ЗА ИСПЛАТАТА ЗА РЕГРЕСОТ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ОД НАША СТРАНА Е ПО 31 ДЕКЕМВРИ, ДО КОГА РАБОТОДАВЦИТЕ ТРЕБА ДА ГО ИСПЛАТАТ НА РАБОТНИЦИТЕ, ВЕЛИ ТРЕНЧЕВСКА.

Забележува дека има фирми во земјава, кои веќе ја вршат исплатата, а податоците од Управата за јавни приходи ќе ги добијат по 31 декември. По што како инспекторат ќе можат да постапуваат на приговорите од работниците и невладините организации. Телма побара одговори и од Организацијата на работодавачи. Првиот човек Ангел Димитров, потврдува дека со синдикатот веќе разговарале на оваа тема, а имаат и свој предлог.

РАЗМЕНИВМЕ ЗА 2020 МИСЛЕЊА И ПРЕДЛАГАМЕ ОНИЕ ФИРМИ КОИ ИМААТ ПОТПИШАНО СПОГОДБА СО СИНДИКАТОТ ДА ИСПЛАТАТ ПОМАЛ ИЗНОС НА К 15. АКО СПОРЕД ГОДИШНАТА ПРЕСМЕТКА ЗА 2020 ГОДИНА, АКО ВКУПНИОТ ИЗНОС НА ПРЕСМЕТАНИОТ К-15 ЗА СИТЕ РАБОТНИЦИ НЕ Е ИЗНЕСУВА ПОВЕЌЕ ОД 30% ОД ОСТВАРЕНАТА ДОБИВКА ЗА 2020 ГОДИНА. ТОГАШ НЕИСПЛАТЕНИОТ ИЗНОС ДА ГО ПЛАТАТ ДО 30.06.2021 ГОДИНА, ВЕЛИ АНГЕЛ ДИМИТРОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ.

Ампева од Гласен Текстилец вели дека секоја година има нови ситуации и проблеми со исплатата на К-15, но општиот колективен договор не дозволува воопшто да не се исплати, колку и фирмата да била во загуба, а најпрболематично е што не се знае кој е најнискиот износ за исплата на регресот за годишен одмор.

Викторија Јованова

Македонија

Мечка на патот кон Калето на Тетово

Published

on

Пред неколку моменти! Мечка на патот кон Калето на Тетово, речиси на влезот во градот.

Фотографија од Идајет Шаини, 26.11.2024

Continue Reading

Македонија

КОЊАНОВСКИ ГИ ПРИМИ БАЛКАНСКИТЕ ПРВАЦИ ВО БОКС, БРАЌАТА РУСТЕМОВСКИ

Published

on

Градоначалникот Тони Коњановски денес организираше прием на браќа Рустемовски, Ружди,Ален и Ардијан кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со победа обезбедувајќи златни медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето изгуби од Украинецот Зименко.

„Градоначалникот Тони Коњановски им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи“.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.

Continue Reading

Македонија

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

Published

on

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во рамки на соработката со бизнис секторот обезбеди можност за користење стипендии за студенти од семејства со ниски приходи.

Апликативниот процес се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење кој работи во состав на УКЛО-Битола, а се однесува за студенти на Електротехничкиот отсек при Технички факултет-Битола.

-Нашите студенти може да учествуваат на објавен повик за доделување десет стипендии од програмата ЛОСТ за стипендирање студенти од УКЛО од семејства со ниски месечни приходи, студенти на Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет-Битола. ЛОСТ е проект на ЕВН Македонија АД Скопје, кои ќе доделат 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечено, за студенти од семејства со ниски приходи. Повикот е со широк опфат и може да се пријават студенти кои прв пат се запишале во прва, втора, трета или четврта година, информираа од УКЛО-Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк