Connect with us

Инфо +

Нов закон: Пасошот повеќе нема да биде дозволен – без ова не можете да поминете

Published

on

Државјаните на земјите на Западен Бaлкан ќе мораат преку интернет во иднина, од Европската Унија да побараат дозвола за влез во Шенген зоната иако не им е потребна виза и да платат такса од 7 евра, во склоп на мерките кои ЕУ ги воведе за многу построг надзор на надворешните граници на Унија, потврдуваат извори на ЕУ во Брисел.

Оваа одлука, за која се согласиле амбасадорите на земјите членки на ЕУ, сега треба а ја потврди Европскиот парламент, а потоа да ја усвои и Советот на министри на Унијата и од јануари 2021 година ќе стапи на сича оваа нова мерка во склоп на системот ЕТИАС.

Мерката ги опфаќа сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, на кои ќе им биде потребна виза во шенген просторот на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен балкан, информира Советот на министри на ЕУ.

Како ќе изгледа процедурата?

После поднесување на барањето, патникот кој планира да оди во шенген зоната на ЕУ во рок од 96 часа ќе добие одговор, односно за 96 часа во ЕИТАС ќе пристигне барањето во случај да биде потребна додатна проверка на податоци.

Дозволата за патување ќе важи 3 гдини, односно до крајот на важноста на патните документи. Целта е како што изјави Валентин Радев, министерот за внатрешни работи на Бугарија, да се знае кој доаѓа во ЕУ и пред да стигне на граница, така што ќе бидат во состојба побрзо да го запарат оној кој претставува закана за граѓаните.



Како што се наведува во образложението на одлуката, ЕТИАС ќе овозможни однапред да провери и ако биде потребно, да одбие дозвола за патување и влез во шенгенскиот простор на граѓаните од земјите на кои не им е потребна виза.

Сите информации кои ги поднесуваат државјаните на земјите со безвизен режим а Шенген автоматски ќе се обработат во базата за податоци на ЕУ и Интерпол за да се утврди дали има основа да се одбие дозволата за патување.

Во образложението за овие мерки ЕУ наедува и дека авиопревозниците и бродарските компании пред качување на патниците ќе мораат да проверат дали тие располагаат со важеча дозвола за премин на границите на Унијата и влез во шенген просторот

Скопје

Жени се тепале пред продавница во Скопје

Published

on

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

АПСЕЊЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ТЕТОВО

Published

on

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Девет странски државјанки биле приведени при контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово – Желино, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил, се појаснува во соопштението на МВР.

Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Continue Reading

Инфо +

ГОЛЕМ СНЕЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА Снежните врнежи ќе започнат в петок

Published

on

В петок попладне и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе преминат во снег. В недела, поради влијание на постудена воздушна маса, снежни врнежи ќе се појават и во пониските предели, информираше УХМР.

Македонија викендов ја очекува значителен студен и снежен бран кој според прогнозите може да донесе нова снежна покривка од 50 сантиметри до еден метар на планините и на скијачките центри. Поголема снежна покривка ќе се формира и во делови од пониските предели, вклучувајќи ги и градовите.

Метеопрогнозерот Славчо Попоски најавува снежен бран почнувајќи од петок.

„Поради тоа што сѐ уште е неофицијално, можно е варирање околу очекуваната снежна покривка. Ќе видиме што ќе покажат најновите ажурирања“, напиша Попоски на Фејсбук.

Потврда за снежниот бран доаѓа и од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека до петок времето ќе остане стабилно, но во котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, што ќе одржи пониски температури.

На планините, пак, ќе продолжи постепеното топење на постојната снежна покривка.

„В петок попладне и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на планините ќе преминат во снег. В недела, поради влијание на постудена воздушна маса, снежни врнежи ќе се појават и во пониските предели“, изјави дежурниот синоптичар Јулијана Фиданоска-Мишкоска.

Предупредувања за силниот студ и снег пристигнуваат и од соседните земји. Српските метеоролози исто така прогнозираат дека Балканот ќе биде зафатен од студен бран кој може значително да влијае на условите за движење.

Сите граѓани се повикуваат да бидат внимателни, особено оние кои планираат патувања за време на викендот, и да ги следат препораките на надлежните институции за справување со снежните услови.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк