Connect with us

Инфо +

Божјо чудо: Брачниот пар кој со години не можеше да има деца, одеднаш доби тројка

Published

on

Брачниот пар Клер и Мет очајно сакале деца, но тие никогаш не помислиле дека оваа цел во животот ќе им биде исклучително тешко, бидејќи Клер не можела да забремени, а докторите не ја знаеле точната причина за ова.

Таа се обидела да го промени својот животен стил – изгубила на тежина и внимавала што јаде, меѓутоа ниту ова не помогнало, а сагата на оваа девојка траела 4 години без успех да забремени.

Во тоа време, тие се обиделе со оплодување, но се разочарале кога првиот пат не било успешно.

Тие решија да му дадат уште еден обид. Но, тие не очекуваа ништо да биде поинаку. Двојката започна да верува дека никогаш нема да имаат деца. Но, Бог имаше поинаков план.

„Јас баш сесе прашував што ќе правиме следната година во тоа време. Никогаш не очекував дека ќе имаме тројка само неколку месеци подоцна “, рече Клер.

Новата година донесе добра вест – Клер беше бремена.
„Во јануари, добивме сè што некогаш сме посакале и повеќе“, рече Клер, „Бевме задоволни што останав бремена“.

Но, се покажа дека не станува збор само за едно бебе, туку три од нив.

„Откако беа вметнати две ембриони, се надевавме дека барем еден ќе вроди со плод, но не очекувавме дека ќе се раздели и ќе имаме три бебиња“, рече радосната мајка.

Бременоста помина без никакви проблеми, а во август ги пречекаа нивните три ќерки – Ела, Тамара и Арија.

Клер и Мет се пресреќни и се навикнуваат на новиот живот. Сега со своите деца го очекуваат првиот Божиќ.

„Бевме само двајца на минатиот Божиќ, а сега сме петмина, тоа е навистина лудо“, рече Клер.

„Овој Божиќ ќе биде многу посебен за нас и иако се обидовме да бидеме разумни, нема сомнение дека ќе ги разгалиме нашите бебиња“, рече Клер.

Ова прекрасно семејство навистина доби многу голем благослов.

Македонија

Вработување: ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, плата 35.531 денар

Published

on

ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, Јегуновце објавува оглас за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II. Работното место вклучува организирање административно-канцелариски задачи и обезбедување комуникација меѓу учениците, родителите и наставниот кадар.

https://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/4046

Continue Reading

Македонија

61-годишна жена го роди своето прво бебе, таа е највозрасната прворотка во Македонија

Published

on

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија пред неколку дена во Скопје. Случајот се смета за највозрасната прворотка во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали.

Continue Reading

Балкан

ПРЕТЕПАНАТА СЛОБОДА МИЌАЛОВИЌ ИМА ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА Откриена состојбата на познатата актерка откако на паркинг ја нападна жена

Published

on

Слобода Миќаловиќ по конфликтот во Земун е префрлена во Ургентниот центар.

Српската актерка Слобода Миќаловиќ синоќа околу 19 часот била нападната во Белград на улицата Караѓорѓев трг. Како што дознава српски „Курир“, актерката повикала полиција, а на местото на инцидентот пристигнала и брзата помош.

Како што се дознава, на местото на настанот пристигнала Итната помош бидејќи Слобода се пожалила на болки во пределот на главата, поради што е префрлена во Ургентниот центар. По приемот на ургентниот центар, на Слобода ѝ биле констатирани повреди на главата и коленото, на кои има хематоми.

Слобода при прегледот изјавила дека била удирана неколкупати по главата, поради што се пожалила на болки. Полициските службеници за настанот го известиле дежурниот јавен обвинител на Третото основно јавно обвинителство Белград, по што им било наредено да ги соберат потребните информации, да извршат разговор со учесниците и со сите лица кои имаат сознанија за настанот, да ги одземат снимките од видеонадзор и да се соберат медицинска документација.

Се прибираат докази кои потоа ќе бидат доставени до обвинителството за понатамошно постапување и одлучување“, потврдуваат од обвинителството за „Курир“.

Извор: плусинфо

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк