Connect with us

Инфо +

Најнови информации за финансиската помош од 6.000 денари од владата

Published

on

Oткако ќе ги добијат и ќе ги обработат податоците и ќе ги добијат средствата, банките ќе почнат со исплата на помошта од 6.000 денари , соопшти Македонската банкарска асоцијација во име на нејзините членки.

Ова е една од мерките од четвртиот пакет антикризни мерки кој вклучува еднократна финансиска помош од 6.000 денари за купување домашни производи, наменета за ранливи категории граѓани.

„Во изминатиот период банките интензивно работеа на создавање на предуслови за реализација на споменатиот проект. Во таа насока, банките потпишаа договори со Владата и подготвени се да почнат со исплата на средствата веднаш откако ќе ги добијат и обработат податоците и ги добијат средствата, согласно листите за исплата“, велат од МБА.

Од таму додаваат дека во моментов, исплатата се уште не е започната, и ќе следуваат официјални најави штом сите услови се исполнети.

„Дотогаш, ги повикуваме граѓаните – корисници на оваа мерка, поради заштита на јавното здравје, да се воздржат од посета на филијалите и експозитурите на банките, велат банкарите.

Од МБА нагласуваат: „Сакајќи да имаме уште еден успешно спроведен проект, кој овојпат има значително пократок рок за реализација, нагласуваме дека сите банки во целост ги ставаат на располагање своите филијали и вработени, притоа до одреден степен ставајќи ги во втор план активностите кои се дел од секојдневното работење“.

Активностите се веќе интензивно започнати преку повикот до граѓаните за ажурирање на личните податоци што е законска обврска и услов за исплата на средствата па веќе се забележува поголема фреквенција на клиенти во филијалите на банките и обраќања кон Контакт центрите, се вели во соопшението до медиумите.

Балкан

Вучиќ: Ќе продолжиме да се вооружуваме за да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 година

Published

on

„Ние не ја гледаме Хрватска како непријател, но сериозно се вооружуваме и ќе продолжиме да го правиме тоа за да не се повторат 1995 и 1999 година“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Согласно промената на доктрината на српската армија, ние мора да бидеме посилни од значаен дел од нашите соседи заедно“, изјави Вучиќ на ТВ Пинк.

Посочувајќи дека армијата „силно, брзо, ефикасно и сериозно“ се вооружува, Вучиќ рече дека тоа ќе продолжи за „да не се повтори ниту 1995, ниту 1999 или многу други години“.

„Нема да нападнеме никого, но никој да не помисли повторно да изврши агресија врз нашата земја“, рече Вучиќ.

Вучиќ признава дека Хрватска е поразвиена земја, но тврди дека Србија расте многу побрзо од нејзиниот западен сосед и дека оваа разлика се намалува.

Continue Reading

Македонија

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен

Published

on

-Европската групација за територијална соработка Преспа ќе ни овозможи ефикасно да соработуваме за да го заштитиме нашето заедничко наследство и да создадеме нови можности за просперитет на сите три страни на границата, истакна Стергиу. 

Меморандум за соработка за Преспанскиот басен, но и за формирање Европска групација за територијална соработка во прекуграничниот регион на Преспа меѓу општините Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат во Лемос, Грција четворицата градоначалници, а целта е општините од трите земји да се заложат за заедничката визија за одржлив развој, заштита на животната средина и зачувување на културното наследство во конкретниот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

Домаќин на церемонијата закажана за претпладнево е општина Преспа, а освен градоначалниците на четирите општини, ќе присуствува и амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Михалис Рокас.

Иницијативата, како што информираа од општина Преспа, „има за цел да го направи Преспанскиот басен, кој со паркот Преспа стана првото прекугранично заштитено подрачје на Балканот, модел на иновативна прекугранична соработка и одржлив регионален развој за поширокиот регион“.

-Меморандумот ја поставува основата за зајакнување на соработката во области како што се одржливиот развој, заштитата на животната средина и зачувувањето на биодиверзитетот и културното наследство во регионот на Преспа. Во целите се вклучени подобрувањето на квалитетот на животот на жителите преку надградени општински и јавни услуги, колективно управување со природните и културните ресурси и справување со последиците од климатската криза. Дополнително, Европската групација за територијална соработка има за цел да го промовира регионот како туристичка дестинација врз основа на уникатното природно и културно богатство, информираа од општина Преспа во пресрет на потпишувањето на Меморандумот.

Дополнително, објаснија дека Европските групации за територијална соработка се меѓудржавни организации засновани на правото на Европската унија кои ја олеснуваат соработката помеѓу регионите, општините и јавните тела од различни земји-членки и земји кандидати.

Од делегацијата на ЕУ информираа дека поддршката на Европската унија за интегрирани и кооперативни пристапи за одржлив регионален развој во рамките на Преспанскиот басен е во согласност со регулативите 1082/2006 и 1302/2013 на Советот на ЕУ, но и дека регионот на Преспа веќе е корисник на финансиската програма „ЕУ за Преспа“ во вредност од 21,5 милиони евра, од кои 18 милиони евра, односно 84 отсто се обезбедени од Унијата.

Исто така, веќе се спроведуваат четири грантови доделени на локални граѓански организации и два договори за придонес потпишани со УНДП.

Дополнително, финансирање од ЕУ во износ од 7,7 милиони евра е достапно во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Северна Македонија за повторно отворање на граничниот премин Маркова Нога – Герман.

По потпишувањето на Меморандумот предвидена е посета на местото каде што од грчка страна ќе се гради токму овој граничен премин.

Градоначалникот на општина Преспа, Георгиос Стергиу во понеделникот посочи дека договорот меѓу четирите општини „не само што ја одразува колективната амбиција за регионот на Преспа, туку ја нагласува нашата посветеност за практични активности кои ќе ги подобрат животите на нашите граѓани“.

Европската групација за територијална соработка Преспа ќе ни овозможи ефикасно да соработуваме за да го заштитиме нашето заедничко наследство и да создадеме нови можности за просперитет на сите три страни на границата, истакна Стергиу. (МИА)

Continue Reading

Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Фатална сообраќајка со смртни последици вечерва во Македонија

Published

on

Вечерва се случи фатална сообраќајна несреќа во близина на местото Страиште, а во која животот го загуби маж од валандовско.

Според информациите, несреќата се случила на регионалниот пат, а загинатиот е идентификуван како А.Т., жител на село во околината на Валандово.

Полициски екипи веднаш излегле на терен, додека увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител од Гевгелија.

Истражните органи работат на утврдување на причините за несреќата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк