Connect with us

Истражување

Кумановка посвоена од Американци си го бара своето семејство во Македонија

Published

on

Многу луѓе кои биле дадени на посвојување во одреден момент во животот сакаат да дознаат од каде потекнуваат и кои се нивните биолошки родители.

Една 22-годишна девојка која веднаш по нејзиното раѓање била посвоена од Американци и однесена во САД сака да ја пронајде својата мајка, која најверојатно е од Куманово.

Алисон Голдин, родена во 1998 година на 7-ми август најверојатно како Елена Митевска, верува дека сѐ уште постои надеж да ја пронајде својата мајка, татко или роднини кои е можно да живеат во Куманово.

Биолошката мајка ја родила на рана возраст од 17 или 18 години и освен овие информации девојчето не знае ништо друго за неа.

Таа се обратила на луѓе на социјалните мрежи во обид да дознае нешто повеќе за нејзиното минато. Фотографиите се од Алисон, односно Елена и доколку некој се препознае во приказната на девојчето или пак познава личност која имала ќерка во вакви околности би бил убав новогодишен момент да се спојат мајката и ќерката од две различни страни на светот.

Истражување

АНАЛИЗА: Во кој маркет е најефтината Coca Colа

Published

on

Врз основа на нашето истражување и посетата на неколку маркети, заклучивме дека цените на Coca Cola варираат од маркет до маркет. Затоа, одлучивме да ги прикажеме различните цени, со цел да ви помогнеме при изборот каде можете да ја купите по најповолна цена.

Continue Reading

Истражување

АНАЛИЗА: Каде е најевтино Кафе Браво 200 грама?

Published

on

Според нашето истражување направено на 05-06.11.2024 година во повеќе маркети, направивме анализа за тоа каде може да се купи најефтино Кафе Браво од 200 грама.

Continue Reading

Истражување

Секој четврти БИ РАБОТЕЛ ОД ДОМА И ЗА ПОМАЛА ПЛАТА

Published

on

Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува „Бета“.

Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подготвени за таков ризик.

Приближно 26 проценти од вработените во Србија имаат можност за работа на далечина.

Околу два проценти работат исклучиво од дома, шест проценти одбираат таков начин на работа без ограничувања, а 18 проценти можат да работат од дома само во одредени ситуации.

Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на компании и 2,710 вработени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк