Connect with us

Инфо +

СВ. АМВРОСИЈ: Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот да чудотвори

Published

on

Денеска е 7 декември (по стар стил) и се слави Св. Амвросиј Медиолански (Милански).

Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излеаја мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше: „Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“.

По смртта на својот татко, царот го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен град беше Медиолан, денешно Милано. Кога умре епископот на тој град, падна голема расправија меѓу православните и еретиците аријанци околу изборот на новиот епископ. По својата должност, заради одржување на редот, Амвросиј влезе в црква. Притоа едно дете извика на мајчините гради: „Амвросиј – епископ!“

Сиот народ ова го прими како глас Божји и наспроти волјата на Амвросиј, него го избраа едногласно за епископ. Тој се крсти и за една недела ги помина сите претходни чинови и беше ракоположен за епископ. Како епископ Амвросиј ја утврди православната вера, ги потисна еретиците, ги украси црквите, ја распростре верата меѓу незнабошците, напиша многу поучни книги и послужи како пример на вистински христијанин и христијански пастир.

Тој ја состави и благодарствената песна: „Тебе Бога Те фалам“. Овој славен ерарх, кого заради неговата мудрост и слаткоречивост го посетуваа и луѓе од далечни земји, беше мошне воздржлив, трудољубив и бодар. Спиеше малку, работеше многу и му се молеше на Бога непрестајно, постеше во сите денови освен во сабота и недела. Затоа Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот да чудотвори.

Ги откри моштите на Светите Протасиј, Гервасиј, Назариј и Келсиј (се слават на 14 октомври). Кроток кон малите луѓе, пред големите беше бестрашен. Ја изобличи царицата Јустина како еретик, тиранинот и убиецот Максим го проколна, на царот Теодосиј му забрани пристап во храмот сè додека не си го покаја гревот, со насилниот и самонаречен цар Евгениј не сакаше ни да се сретне.

Овој богоугоден маж Бог го дарува со толку благодат, што и мртви воскреснуваше, демони од луѓето изгонуваше, болни од секаква болест исцелуваше и проѕираше во иднината. Се упокои мирно во мугрите на Воскресение во 397 година.

Македонија

Сања Божиновска: Тимот на Министерството постигна одличен успех во распределбата на ваучери

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го пофали својот тим за брзата и ефикасна распределба на ваучери во Скопје. Според Божиновска, и покрај утринските гужви, министерството успеало да додели над 1400 ваучери до 16 часот, со што значително се намалиле редиците и времето на чекање на локациите.

„Од утринска гужва до брза реализација! Тимот на Министерството направи неверојатна работа! Сега на локациите нема повеќе чекање!“, изјави министерката.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити: Артан Груби и неговите соработници ја инсталираа коцкарската мафија во Македонија

Published

on

Изет Меџити, критичар на актуелните политики и потезите на владата, остро реагираше на последните настани поврзани со коцкарската индустрија и влијанието на политичките фигури врз оваа област. Во својата реакција, Меџити посочи кон Артан Груби, кој според него, заедно со своите соработници, е длабоко инволвиран во коцкарската мафија, потпомогната од бугарски и српски интереси.

Меџити тврди дека Груби и неговиот соработник Крешник Бектеши неодамна изнеле неточни обвинувања со цел да ги сокријат нивните активности во коцкарската индустрија. Тој ја обвини владата дека, наместо да се бори против оваа појава, го зајакнала присуството на мафијата во Македонија.

„Еве го договорот меѓу Државната лотарија и компанијата Мегавин, каде што стои потписот на Прпарим Бајрами, директен партнер на бугарските криминални структури“, изјави Меџити, потенцирајќи дека токму Бајрами, човек близок до Груби, воспоставил коцкарско партнерство со бугарски компании.

Меџити нагласи дека коцкањето, како проблем што ги погодува младите, е сериозно прашање кое бара морална одговорност, а, како што тврди тој, одговорноста лежи кај функционерите на ДУИ кои, и покрај менувањето на владите, постојано се на власт.

„Од 2017 до 2024 година, различни партии владееја, но ДУИ беше константна. Исто така, ДУИ е таа што го зајакна коцкањето во нашето општество, за што треба да одговараат“, порача Меџити.

Continue Reading

Македонија

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ПОМЕЃУ ТРГОВСКИОТ КОМПЛЕКС “БЛИС” И “ЛИДЛ”

Published

on

Денес започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата кај новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“, која се изведува согласно склучениот договор за “Изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улица кај Дулие – Општина Битола”.

Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек, а согласно одобрението сообраќаен проект за траен режим за улицата “ 8 ми септември”.
Изведувач на градежните работи е фирмата Стентон Градба, а вредноста е во висина од 18.897.776,00 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк