Connect with us

Инфо +

Проверете дали ве има: Доделени последните месечни награда од Мој ДДВ

Published

on

Сите оние кои скенираа сметки преку Мој ДДВ во саботата имаа можност да го гледаат извлекувањето на последните месечни награди од по 20.000 денари но и главната премија од 1.000.000 денари која заврши во рацете на Беровчанец.

„Ги имаме последните добитници на месечните награди, ви честитаме и ве охрабруваме да продолжите да скенирате фискални сметки и да се борите против сивата економија, информираа од Мој ДДВ.

Како што истакнавме ова беше последено извлекување, 10 коло кое беше, а главната награда која изнесува 1.000.000 денари беше скратена поради здравствената криза и првично предвидените 3.000.000 денари беа пренаменети за болните ова оваа нова болест. Следанта година наградна игра нема да има, потврдуваат од Министерството за финансии.

Ова се сите добитници:

Македонија

Исчезната е жена во околината на Јурумлери – последен пат е видена на автобуска станица

Published

on

Исчезната е жена во околината на населено место Јурумлери.

Според членови на семејството кои се во потрага на нивната мајка, жената последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери, на себе имала зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми на нозете.

Засега, оставен е контакт, доколку некој ја забележи веднаш да го исконтактира семејството.

Continue Reading

Македонија

Референт во Струмица секој месец примал пари од жител кој сечел дрва

Published

on

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва. Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето.

На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.

Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Continue Reading

Скопје

Прегазен пешак на Партизанска

Published

on

Пред малку на булеварот Партизански одреди, во скопската населба Карпош прегазен е пешак додека поминувал на пешачки премин.

На лице место пристигнати се екипи на Брза помош и на полицијата.

До сега, нема информации за состојбата на повредениот пешак.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк