Connect with us

Инфо +

СВ. СПИРИДОН ЧУДОТВОРЕЦ: За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе

Published

on

Денеска е 12 декември (по стар стил) и се слави Св. Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски.

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт.

Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримитунт. Но, тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе.

Со Божјата сила покажа големи чуда: измоли дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна Ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто, но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието.

Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ.

Откако го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им послужи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господа, во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес го прославуваат Бога со многубројни чуда.

Македонија

Во студентскиот дом „Пелагонија“ директорот набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм, има криминал во домовите, вели Јаневска

Published

on

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што создаден е долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме 5 милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување“, рече Јаневска, додавајќи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.

„Откриен е и случај во кој директор на домот купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Потенцираше и дека се срами од условите кои ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли.

„За 5 месеци направивме многу повеќе отколку претходната Влада за 7 години. Но, не може сé одеднаш. Продолжуваме да работиме во интерес на младите и за нив ќе обезбедуваме доволно средства“, рече Јаневска.

Continue Reading

Македонија

ЛАДНИОТ ЦИКЛОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: Ќе донесе многу дожд, снег, и снежна покривка од над 60 сантиметри!

Published

on

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна  и многу постудена воздушна маса од север, од утре (Петок 29 Ноември, до ноќта недела кон понеделник, 1/2 Декември), времето во Македонија ќе биде облачно и студено со пообилни врнежи од дожд (локално над 50/60 литри на метар квадратен воден талог), додека на планините  и на повисоките места ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира голема снежна покривка.

На планините се очекува да се формира снежна покривка од над 50/60 cм, особено во западната половина од Македонија, додека на повисоките места таа ќе биде со висина од над 30/40 cм. Поради влијанието на студената воздушна маса, особено во западните, југозападните и во северозападните предели од Македонија и во пониските места (градовите) повремено ќе има пообилни врнежи од снег, кој би бил претежно влажен и тежок. Во овие пониски места исто така очекуваме формирање на снежна покривка, понекаде со висина од над 20/30 cм.

НАПОМЕНА: Поради тежината на снегот, особено во градовите во погоре споменатите предели можни се проблеми. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси. Сето ова ќе биде проследено и со ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до Скопскиот регион, за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд, а на околните планини, во сабота  и во повисоките предели од котлината врнежите ќе бидат од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Во ниските предели од котлината ќе врне претежно дожд, иако во сабота особено рано наутро и претпладне не се исклучува можноста  за појава на лапавица  понекаде  и во пониските делови од котлината, без создавање на некоја снежна покривка.

Апелираме, во случај доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни поради очекуваните обилни врнежи од снег, и крајно внимателно да управувате со вашите возила.

Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат, наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени, додека во недела на крајниот југоисток тие ќе се искачат до околу 9 степени. Во Скопје за време на овој период, температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 5 степени.

Continue Reading

Македонија

СОБРАНИЕТО ОДИ НА ТЕРЕН КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ Промоција на локалните канцеларии за средби на граѓаните со пратениците

Published

on

Од утре почнуваме со нова фаза во работата на Собранието, ќе одиме прво во Гостивар, а идејата е да одиме во сите општини, за видиме како оди процесот на отварање и функционирање на канцелариите за пратениците, најави претседателот на Собранието Африм Гаши.

Продолжува процесот на отварање на пратеничките канцеларии во општините, минатиот месец беа 28, сега се 32, најави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши.

– Од утре почнуваме со нова фаза во работата на Собранието, ќе одиме прво во Гостивар, а идејата е да одиме во сите општини. Собранието оди на терен кај градоначалниците, да видиме како оди процесот на отварање и функционирање на канцелариите за пратениците. Онаму каде што се отворени да ги охрабриме гражаните почесто да ги посетуваат, а онаму каде нема, да придонесеме да се отворат – најави Гаши.

Пратенички канцеларии има во општините: Аеродром, Битола, Берово, Виница, Ресен, Валандово, Гостивар , Гевлелија, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Крушево, Кратово, Кочани, Кисела Вода, Кавадарци, Неготино, Охрид, Петровец, Свети Николе, Радовиш, Маврово Ростуше, Чаир, Македонски Брод и Ново Село.

– Досега не функционираа како што треба, ние сакаме да дадеме дополнителен допринос да профункционираат канцелариите. Мислиме дека ако ние одиме таму ќе направиме сензибилизација и граѓаните ќе знаат каде се канцлариите и ќе ги посетуваат пратениците. Секој петок ќе одиме во некоја општина, во зависност од агендата, затоа што и онака петок е ден во Собранието кој е резервиран за средби со граѓаните – рече Гаши.

Во врска дали ова може да се сфати како кампања со оглед дека сме во предизборна година за локалните избори, Гаши рече дека тоа не е случај и дека посетите ќе продолжат и по изборите.

– Мојата функција во Собранието сум ја презел со голема одговорност и посветеност. Јас не мислам на избори. Ова го правам без калкулации, затоа што мислам дека е добро и за Собранието и за граѓаните – рече Гаши.

Тој информираше и дека е отворен е-регистар на кој можат да се регистрират сите здруженија на гражани и невладини организации.

– Така, за секоја дебата што ќе се случува во Собранието ќе добиваат нотификации и ќе можат да учествуваат во дебатата. Со тоа ја зголемуваме транспарентноста и отвреноста на Собранието. Во текот на ноември се организирани три јавни дебати и една дискусија и, според статсистиките, со ова сме ја надминале бројката за целосен мандат. Досега во цели четиригидипни мандати  немало толку дебати и јавни расправи колку што имавме ние за шест месеци – рече Гаши.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк