Од утре почнуваме со нова фаза во работата на Собранието, ќе одиме прво во Гостивар, а идејата е да одиме во сите општини, за видиме како оди процесот на отварање и функционирање на канцелариите за пратениците, најави претседателот на Собранието Африм Гаши.
Продолжува процесот на отварање на пратеничките канцеларии во општините, минатиот месец беа 28, сега се 32, најави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши.
– Од утре почнуваме со нова фаза во работата на Собранието, ќе одиме прво во Гостивар, а идејата е да одиме во сите општини. Собранието оди на терен кај градоначалниците, да видиме како оди процесот на отварање и функционирање на канцелариите за пратениците. Онаму каде што се отворени да ги охрабриме гражаните почесто да ги посетуваат, а онаму каде нема, да придонесеме да се отворат – најави Гаши.
Пратенички канцеларии има во општините: Аеродром, Битола, Берово, Виница, Ресен, Валандово, Гостивар , Гевлелија, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Крушево, Кратово, Кочани, Кисела Вода, Кавадарци, Неготино, Охрид, Петровец, Свети Николе, Радовиш, Маврово Ростуше, Чаир, Македонски Брод и Ново Село.
– Досега не функционираа како што треба, ние сакаме да дадеме дополнителен допринос да профункционираат канцелариите. Мислиме дека ако ние одиме таму ќе направиме сензибилизација и граѓаните ќе знаат каде се канцлариите и ќе ги посетуваат пратениците. Секој петок ќе одиме во некоја општина, во зависност од агендата, затоа што и онака петок е ден во Собранието кој е резервиран за средби со граѓаните – рече Гаши.
Во врска дали ова може да се сфати како кампања со оглед дека сме во предизборна година за локалните избори, Гаши рече дека тоа не е случај и дека посетите ќе продолжат и по изборите.
– Мојата функција во Собранието сум ја презел со голема одговорност и посветеност. Јас не мислам на избори. Ова го правам без калкулации, затоа што мислам дека е добро и за Собранието и за граѓаните – рече Гаши.
Тој информираше и дека е отворен е-регистар на кој можат да се регистрират сите здруженија на гражани и невладини организации.
– Така, за секоја дебата што ќе се случува во Собранието ќе добиваат нотификации и ќе можат да учествуваат во дебатата. Со тоа ја зголемуваме транспарентноста и отвреноста на Собранието. Во текот на ноември се организирани три јавни дебати и една дискусија и, според статсистиките, со ова сме ја надминале бројката за целосен мандат. Досега во цели четиригидипни мандати немало толку дебати и јавни расправи колку што имавме ние за шест месеци – рече Гаши.