Connect with us

Инфо +

Само седум дена останати за исплата на К-15, не смее да е под 11.000

Published

on

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги потсети работодавачите дека имаат уште седум дена за исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.

Од ССМ апелираат работниците да не дозволат, онаму каде што нема формирано синдикат, работодавачите да ги убедуваат користејќи го институтот претставник на работниците, и да вршат притисок, работник да потпише некаков документ за намалување на правата на неговите колешки и колеги работници поради тоа што согласно пријавите до ССМ ова најмногу се злоупотребува од страна на работодаваачите на штета на рабониците и намалување на нивните работнички права, а одговорноста за таквата злоупотреба е како на работодавачот, така и на работникот.

Во соопштението се наведува дека правото на регрес за годишен одмор е во висина од најмалку 40 проценти од основицата, односно најмалку 10.962,00 денари, а потсетуваме дека Општиот колективен договор согласно член 2,се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор и согласно истиот нема исклучоци односно Општиот колективен договор задолжително се применува за сите субјекти во приватниот сектор.

Скопје

ЃОРЃИЕВСКИ: СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА СРЕЌА И РАДОСТ ВО ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Иван Живковски, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претседателката на Советот Светлана Колариќ, денеска посетија неколку домови во општината каде што им подарија новогодишни пакетчиња на дечињата.

„За ова е целата наша заложба – за среќата и најискрените насмевки од дечињата! Овие моменти носат радост, не само за нив, туку и за сите нас кои сме дел од ваквите активности,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во текот на посетата, покрај дарувањето, градоначалникот и останатите гости се дружеле со дечињата, посакувајќи им многу здравје, радост, среќа и успеси во новата година.

„Новогодишните и божиќните празници се најубавиот период од годината, особено за најмладите, кои ќе ги паметат подароците под елката, семејните моменти и радоста на дарувањето. Секое дете заслужува среќно детство и убави спомени, а ова е наш мал придонес за нивната среќа,“ додаде Ѓорѓиевски.

Оваа иницијатива е дел од празничните активности на општина Кисела Вода, кои имаат за цел да донесат радост и топлина во домовите на најмладите и нивните семејства. Градоначалникот упати порака за бериќетни и среќни празници, нагласувајќи ја важноста на заедничките моменти и грижата за секое дете.

Continue Reading

Македонија

ВОЗИЛО НА МНР ВО НЕСРЕЌА: Тројца повредени на улица „Ацо Шопов“

Published

on

Рано утрото во неделата (29.12), околу 05:55 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „Рексон“ , сопственост на Министерствто за надворешни работи, управувано од В.П. на 26 години од Скопје имало сообраќајна незгода.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници 30-годишниот А.В. од скопско Инџиково, и 23-годишниот А.Х. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

ШОК ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО: 200 кг небезбедна храна уништени, 43 локали со сериозни прекршувања!

Published

on

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли.

Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица.

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк