Connect with us

Инфо +

Ја додадов на Фб за да и пишам: ”КАДЕ СИ МИЛА МАМО И ЗОШТО МЕ ОСТАВИ?”, но ме блокира

Published

on

Животната приказна на Малиот Дејан ќе ви го скрши срцето. Додека неговите врсници се грижат какви телефони или патики имаат, единаесетгодишниот Дејан пешачи пет километри низ шума за на училиште.

Го дели креветот со баба, а живее во дрвена куќа без бања или вода, каде електричната енергија честопати се губи. Но, тоа не е најтешкиот дел од неговиот живот.

Поточно, пред четири години, неговата мајка ја зеде помладата сестра и замина, а Дејан го остави – замина и никогаш не се врати.

До куќата на Дејан нема автобус, пешачи до училиште и назад двапати на ден. Најтешко е во зима, а на патот знаат да му се појават и диви животни, но малиот Дејан вели не се плаши.

Имаше мечка овде, но не сум исплашен. ќе се вратам дома, ќе отспијам додека не замине, вели храбриот мал човек, единаесетгодишниот Дејан Зориќ.

Дејан живее во стара дрвена куќа во село Агич во Хрватска. Куќата се распаѓа но за него таа е дом. Живее со неговата баба, Стена Зориќ, која му е поддршка и потпора , а за него вели такви деца можам да исчувам уште пет.

„Тој сам си пишува домашна задача, се облекува, чисти“, вели Стана.

Тато и дедото работат во рудникот и се повеќе на работа отколку дома. Тато спие во колибата што порано беше штала. Дедо спие на еден кауч а тој и баба делат еден кауч. Поради нејзините болки во нозете, спие речиси седната, па затоа вели дека не им е тесно.

Мајкаму го напушти пред повеќе од четири години. Едно утро ја зеде неговата помлада сестра и само замина. Таа одзеде некого што тој најмногу го сакаше, кого сè уште го сака најмногу.

„Кога замина, таа имаше четири, четири и пол години. Така, за една и пол година ја видов двапати и никогаш повеќе не ја видов“, вели тој, додавајќи дека името на неговата сестра е Дејана Зориќ.

Дејан – Дејана – Таа го доби името по него, а сега дури и не знае како изгледа. Не знае зошто мама заминала на таков начин, но знае дека тие живеат некаде наоколу, незнае каде точно, но успеал да ја пронајде на фејсбук.

„Ја најдов мајка ми на Фејсбук, имаше слика од неа. Испратив барање за пријател, но таа не ме прифати, го одби барањето“, рече Дејан и додаде дека искрено не знае што би и кажал на мајкаму да ја види, но би ја замолил да ја му ја врати сестричката.

Дејан ја носи својата тага со себе и ја мери храброста со солзи што не ги пуштил. Дури и море солзи не би било доволно за да се измие целата тага и сите тешки работи што ги преживува ова момче во животот. Но Дејан сè уште сонува за сестра и подобра иднина.

Дејан освен на училиште пешачи и за да вежба карате. Неговата волја го трогнала тренерот Милан. Малку денес има деца како Дејан, вели тој.

“Ние сме многу неблагодарни, особено во денешно време, кога апсолутно сè е обезбедено за деца. И тогаш е многу тешко кога ќе се најдете во ситуација кога ќе ја видите оваа друга страна, каде едно 11-годишно момче практично нема ништо”, рече тренерот на Дејан Милан Јованиќ.

Тренерот е и самиот татко на две момчиња, и се обидува колку може да му помогне, му купил патики и кимоно за тренинг, но не застанал тука. Тој и неговиот колега Владо Марјановиќ решија да преземат активности за да му помогнат на Дејан.

„Крајната цел е тој да биде во неговата куќа за Божиќ. Најдовме парче земја која е покрај патот и поблиску до училиштето, велат тренерите. Тие сакаат да купат монтажна куќа за Дејан и семејство – дом во кој повеќе не би требало да дели кревет со баба, во кој би имал своја соба.

Тој сè уште не разбира многу, но на единаесетгодишна возраст, тој знае премногу. И не треба многу години да се биде голем човек. Само треба да има неверојатна сила

Целата вест прочитајте ја тука

Европа

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници, „пред нас е огромен предизвик“

Published

on

Долгорочно, германскиот пазар на труд секоја година „во значителна мера“ зависи од имигрантите – ова е заклучок од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман.

„Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојбата на Германија, имиграцијата на меѓународните работници, особено од трети земји, станува сè поважна“. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници без дополнителни имигранти ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува Дојче веле.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата „бејби бумер“ ќе постават голем предизвик за германскиот пазар на труд, бараат и доселување“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман. „Се разбира, прво мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила, и локалните жители и луѓето кои веќе се доселиле, и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот“. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат само на овој начин.

Реформираниот закон за имиграција за квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на доселување. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година. Бидејќи структурните промени се рефлектираат поинаку, најмногу меѓународни работници ќе им бидат потребни на оние покраини каде што до 2040 година зголемувањето на потребите за работна сила ќе биде поголемо од намалувањето. Ова особено важи за Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Берлин и Хамбург.

Continue Reading

Македонија

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Published

on

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна и многу постудена воздушна маса од север, почнувајќи од петок, и за време на викендот во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на ниските, и од снег на повисоките места и на планините. На многу места врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврнат над 40/50 литри на метар квадратен воден талог.

Поради влијанието на студената воздушна маса од север, повремено, и особено во западните и во северните предели од Македонија, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од влажен снег и во пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд, повремено обилни, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, и тоа особено во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, кога услови за краткотрајни врнежи од дожд и од снег ќе има и во пониските предели од Скопската котлина.

Сето ова ќе услови на планините да дојде до значително формирање на снежна покривка (над 50 cм, локално и повеќе). На повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 цм, локално и повеќе, додека на пониските места (градовите) особено во северните и во западните предели понекаде со висина од 10 до 20 cм, а можно е и повеќе.

Во Скопскиот регион, снежна покривка ќе се формира на околните планини, како и во повисоките предели од котлината.

Мора да напоменам дека поради очекуваниот влажен снег во пониските места во погоре споменатите предели, можни се проблеми поради тежината на истиот. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, па доколку патувате низ планинските превои, препорачуваме да бидете премногу внимателни како управувате со вашето возило.

Што се однесува пак до температурите, тие значително ќе опаднат, особено дневните и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Во Скопје температурата за време на овој период ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 5 степени.

Continue Reading

Македонија

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Published

on

Нов послаб земјотрес вечерва повторно е регистриран во Македонија.

Јачината на земјотресот е 1,5 степени според Рихтер, а епицентарот повторно е во близина на Богданци.

Длабочината е 2 километри.

Претходно попладнево со ист епицентар регистриран беше и земјотрес од 2,5 степени според Рихтер, додека претходно имаше уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк