Connect with us

Инфо +

Нема повеќе негативни поени, но ќе има одземање возило и трајна забрана за возачка

Published

on

Казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Казната за физичките лица можат да бидат и поголеми од 250 евра доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените законски измени.

Парламентот пред Нова Година го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена.

Овие новини уследија по масовното откривање на нерегистрирани приватни и возила на фирми и по неколку години, како и на технички неисправни возила, кои се најчестите предизвикувачи на тешки сообраќајни несреќи, поради што се познати како возила – убијци. Од сообраќај ќе бидат веднаш отстранети сосе возилата, и возачите без положен возачки испит или со истечена возачка, како и на такви кои што управуваат возила под силни дејства на антидепресиви, кои возат уморни, пијани, дрогирани.

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени.

Сите трошоци во ваквите случаи ги носи возачот, се вели во законот.

Тој носи и една друга новина, а тоа е трајно губење на возачката дозвола.

Со цел да се санкционираат возачите, кои почесто се јавуваат во улога на сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот, кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со потешки последици, се предлага изрекување на санкција – престанок на важење на возачка дозвола од категоријата за која им била изречена прекршочната санкција – забрана за управување, ако во период од една година од денот на правосилноста на одлуката сториле друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, изречена за истата категорија.

Со предложените измени мандатниот платен налог се заменува со прекршочниот платен налог и во таа насока се бришат дел од одредбите кои се однесуваат на регистрирањето негативни бодови.

Со измените, се зголемува старосната граница во поглед на важењето на возачката дозвола. Досега возачките важеа до 70-годишна возраст, а отсега натаму до 75 години ќе може да се вози.

Законот веќе е стапен во сила

Македонија

Коњановски: Битола е лидер во поддршката на жени жртви на семејно насилство

Published

on

Денеска, во Офицерскиот дом во Битола, се одржа тркалезна маса на тема „Улогата на заедницата во спречување и поддршка на жени жртви на семејно насилство – можности за вмрежување и локална акција“, организирана од Центарот за образовни и развојни иницијативи „ИНОВА ЛАБ“ во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола. На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ја истакна заложбата на општината како лидер во поддршката на жртвите од семејно насилство.

„Битола е една од првите општини во земјата која активно се вклучува во борбата против семејното насилство. Со издвојување на 1 милион денари од општинскиот буџет, обезбедуваме континуирано функционирање на Регионалниот советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово насилство во Пелагонискиот регион,“ изјави Коњановски.

На тркалезната маса беа анализирани состојбите и предизвиците поврзани со семејното насилство на локално ниво, при што се истакна потребата за поголемо вмрежување и координирани акции помеѓу локалната самоуправа и заедницата. Градоначалникот нагласи дека Општина Битола останува посветена на зајакнување на механизмите за поддршка и заштита на жените од семејно насилство преку конкретни чекори и мерки во иднина.

„Локалната самоуправа е клучен чинител во справувањето со родово базираното насилство. Нашата обврска е да обезбедиме поддршка, заштита и вистинска помош за сите наши сограѓани кои се соочуваат со оваа сериозна општествена појава,“ додаде Коњановски.

Со ова, Битола потврдува дека е пример за останатите општини, поставувајќи високи стандарди во справувањето со семејното насилство и поддршката на жртвите.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: МАНУ е столб на нашата државност и чувар на македонскиот идентитет

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На покана на претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, Ѓорѓиевски изрази чест и задоволство што имал можност да биде дел од овој значаен настан и да поразговара со научната елита од Македонија и пошироко.

„МАНУ е институција со научен и уметнички интегритет, која била и ќе остане чувар на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Таа претставува столб на нашата државност и мост за градење односи меѓу различните национални и етнички групи во Македонија,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој упати честитки до добитникот на меѓународното признание „Блаже Конески“ за оваа година, професорот Мотоки Номачи од Јапонија, кој е член на словенско-евроазискиот истражувачки центар при Универзитетот Хокаидо Сапоро.

Денот на МАНУ беше одбележан со свечена програма, во која учествуваа академици, научници и јавни личности, потврдувајќи ја улогата на Академијата како водечка институција во зачувувањето на македонското културно и научно наследство.

Continue Reading

Македонија

Филков: Формирана Комората на вештаци, правосудниот систем добива на професионалност

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денеска ја истакна значајноста на новоформираната Комора на вештаци, која конечно започна со работа по осумгодишно мирување. Со запишувањето на Комората во Централниот регистар на 25 октомври 2024 година, правосудниот систем доби институција која ќе обезбеди поголема транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето.

„Функционирањето на Комората беше еден од моите први приоритети кога ја презедов функцијата министер за правда. Ова е значаен чекор кон подобрување на правосудниот систем, бидејќи квалитетното и навремено вештачење е од клучна важност за донесување правични судски одлуки,“ изјави Филков.

Претседателот на Комората, Виктор Камнар, нагласи дека новата институција ќе го зголеми квалитетот на судските постапки преку обезбедување високо професионални вештачки наоди. Камнар најави и дека следниот месец ќе биде објавен јавен повик за лицата кои сакаат да станат вештаци, со обуки од 60 часа како предуслов за добивање лиценца.

Министерството за правда ќе продолжи да ја поддржува Комората во напорите за професионален развој и унапредување на процесите, додаде Филков, оценувајќи дека оваа иницијатива ќе ја зголеми ефикасноста на правосудството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк