Connect with us

Инфо +

Каракачанов: Со таков дивјачки менталитет во Македонија, разговорите се губење време

Published

on

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во изјава за бугарските медиуми денеска ја најави средбата со пратеникот на македонската Влада, Владо Бучковски и истовремено изнесе серија обвинувања за Македонија, порачувајќи да не се надева на компромис од бугарска страна, пренесува МКД.мк

„Бугарија има јасна позиција и крајно време е Скопје да ги чита одлуките на бугарскиот Парламент. Бучковски е добронамерен човек со политичко искуство, и не случајно е избран за таков преговарач, посредник, но мислам дека властите во Скопје го користат. Едноставно го користат за да се демонстрира добра волја. Тој има добра волја, но јас мислам дека кај тие што го испраќаат нема добра волја. Зашто за 3,5 години не направија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. А тоа нема да се случи.

Сѐ додека отвориш учебник по историја во Северна Македонија и во него пишува дека ние Бугарите сме окупатори, фашисти, татари, разговор не може да има. Така мислам јас“, изјави Каракачанов.

Според него, аргументот „чекајте, ние имаме право да си го определиме идентитетот е апсолутно несериозен аргумент“, зашто никој не ти дава такво право.



„Имаш право да го заштитуваш својот идентитет таков каков што е од тогаш од кога е појавен, а не крадејќи туѓа историја да си создаваш лажен идентитет и да велиш „не е европски да се противите да имаме свој идентитет“. Вие си имате идентитет создаден од Јосип Броз Тито и од Коминтерната, заштитувајте си го и никој не ви посега по него, но Цар Самоил е бугарски цар и не војувал против Бугарија како што пишува во вашите учебници.



Ние Бугарите не сме фашисти, окупатори и старо монголско племе. Уште зборуваме без преведувач. Зборуваме на еден ист јазик ист. Така што додека таму има јазик на омраза, додека некој смета дека ќе се користат странски фактори да ја притискаат Бугарија или ситуацијата во Бугарија ќе се промени со евентуална смена на владата нема смисла да разговараме, мислам дека е губење на време“, порачува Каракачанов.



Тој пред новинарите потсети и дека португалскиот министер за надворешни работи кажал дека проблемите не се меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу ЕУ и Северна Македонија и појасни дека проблемите на една членка се проблеми на целата ЕУ, порачувајќи дополнително дека „манипулациите во Скопје се проблеми за целата ЕУ, а не само за Бугарија“.



„Нивната тактика е многу проста, демонстрираат и имитираат активност, испраќајќи го Бучковски, давајќи изјави дека се спремни за преговори, а во исто време луѓето кои имаат бугарска свест во Македонија се подложени на притисок, вклучително луѓето кои имаат бугарско државјанство и возат автомобили со бугарски таблички. Ги запираат, им прават контроли, им пишуваат глоби, некои луѓе се преместуваат на полоша работа… се прават списоци на луѓе кои се изјаснуваат како Бугари, а еден државен службеник дури рече тие да се екстрадираат во Бугарија. Таму има див менталитет од 19 век и не гледам основа да се очекува напредок“, обвинува тој.

Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Населби во Тетово без струја на 27.12.2024 (петок)

Published

on

На 27 декември 2024 година (петок), повеќе населби во Тетово ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати. Корисниците се известуваат за можни прекини во снабдувањето.

дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат кај стариот амам прекин од 09:00 до 11:00

дел од  ул.29-ти Ноември прекин од 09:30 до 14:30

Continue Reading

Македонија

Тепачка во основно училиште во Тетовско: Полицијата работи на расчистување на случајот

Published

on

На 25.12.2024 во 15.15 часот во СВР Тетово К.З.С.(38) од с.Горно Седларце пријавила дека околу 11.00 часот во основното училиште во селото нејзиниот малолетен бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Акција на градскиот плоштад во Тетово: Приведен продавач со недозволени производи!

Published

on

На 25.12.2024 во 16.40 часот на градскиот плоштад во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.З.(52) од Тетово, кај кого на импровизирана тезга биле пронајдени и одземени околу сто пиротехнички средства. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк