Connect with us

Инфо +

Филипче: Здравствениот систем е подготвен за вакцинација, стигнаа фрижидерите за вакцините

Published

on

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител потенцираше дека здравствениот систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот.

„Може да кажам дека по сите три механизми реагиравме и комунициравме навремено и интензивно, најпрво со КОВАКС, пред некој ден имаше и најава од Светската здравствена организација дека првите дози вакцини може да се очекуваат на оние земји кои се спремни, a ние бевме оценети како едни од најспремните земји во Европа во смисла на тоа вакцините да се пречекаат, складираат, дистрибуираат, а понатаму и да се аплицираат“, изјави Филипче.

Во гостувањето на Сител, тој информираше дека пристигнати се фрижидерите кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени.

„Два фрижидери се веќе тука, уште три во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози на вакцини. Имаме сосем доволен број капацитети и во овој момент“, рече Филипче.

Министерот Филипче истакна дека добро одат преговорите со компанијата Фајзер и за кратко време договорот ќе биде склучен, резервирани се дозите со таа динамиката како што беше најавено од овој производител.

„Тоа се 5850 дози во февруари, а по 17.500 во месец март и април. Меѓутоа гледаме дека е тоа едно прашање коешто е на некој начин проблематично за сите земји во Европа. Сите земји и од Европската унија добија значајно помалку од тоа што беше планирано. Тоа е причината зошто оној трет механизам на солидарност на некој начин доцни, затоа што тие не можат да си дозволат да одделат сега во оваа фаза одредена количина. Поради тоа најавија дека тоа ќе се случи во следните месеци после месец март. Колку за илустрација, од најавените 230 илјади дози на почетокот на годината Австрија добила 23 илјади. Што значи самата компанија Фајзер којашто во овој момент е единствената која има вакцина која е одобрена од двете најголеми регулаторни тела за контрола на лековите европската ЕМА и американската ФДА, има предизвик да ги зголеми своите капацитети. Сега најавија дека малку ќе намалат со цел да ги надградат капацитетите за да испорачаат многу повеќе во текот на цела 2021 година“, посочи Филипче и најави дека во месец февруари ќе пристигнат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто се направи уплата и се обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

„Целосно е спремен системот во однос на складирањето, планот на дистрибуција, идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е планот, тоа се три групи. Во првата група се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствените работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести. Целосно се спремни и здравствените домови и Центрите за јавно здравје ширум државата за да ги преземат и аплицираат вакцините по овој редослед“, информираше Филипче.

Инфо +

Сиљановска: Честитки до Албанија по повод 80-годишнината од ослободувањето

Published

on

Пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Националниот ден и одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Република Албанија. Во својата изјава, таа истакна дека двете држави градат пријателски односи и делат заедничка визија за стабилен и напреден регион.

„Националниот ден на Албанија и 80-годишнината од нејзиното ослободување претставуваат значајна пресвртница во историјата на оваа наша соседна земја. Северна Македонија и Албанија имаат изградено блиски односи и заедничка заложба за регионален просперитет,“ изјави Сиљановска.

Таа нагласи дека Северна Македонија е подготвена за натамошно унапредување на севкупната соработка во интерес на граѓаните на двете земји. Според неа, добрососедските односи и заедничките цели за европска интеграција се клучни фактори за одржлив развој и стабилност во регионот.

Националниот ден на Албанија, кој се слави на 28 ноември, има посебно значење за албанскиот народ и претставува симбол на независноста и ослободителната борба. Оваа година одбележувањето е дополнително значајно поради јубилејот од ослободувањето на земјата од фашизмот.

Continue Reading

Македонија

Карапетров: Реконструкцијата на фасадата на ОУ „А. С. Ќиќиш“ ќе донесе модернизација и енергетска ефикасност

Published

on

Со големо задоволство, советникот во општина Тетово, Ангел Карапетров, ја објави веста за почетокот на реконструкцијата на фасадата на основното училиште „А. С. Ќиќиш“. Оваа иницијатива е дел од заложбите на општината за подобрување на условите за образование и создавање посовремени и функционални јавни објекти.

„Оваа реконструкција ќе опфати замена на оштетените делови од фасадата, подобрување на изолацијата за енергетска ефикасност и естетско освежување, со што училиштето ќе добие модерен и привлечен изглед,“ изјави Карапетров.

Според него, проектот не само што ќе придонесе за визуелната трансформација на објектот, туку ќе има и значајно влијание врз намалувањето на трошоците за енергија. Подобрената изолација ќе овозможи поефикасно греење и ладење, што ќе значи помали финансиски оптоварувања за училиштето.

„Ветувањата дадени на тетовчани мора да се реализираат, а оваа реконструкција е доказ за нашата посветеност кон подобрувањето на квалитетот на живот и образовните услови во општината,“ додаде Карапетров.

Реконструкцијата на фасадата е дел од пошироката стратегија на општина Тетово за инвестирање во јавната инфраструктура и подобрување на локалната заедница. Жителите на Тетово со нетрпение го очекуваат завршувањето на овој проект, кој ќе внесе нов дух и функционалност во училиштето „А. С. Ќиќиш“.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Нови 1.500 дрвја за позелена и поздравa Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави успешна акција за пошумување, преку која се засадени 1.000 чемпреси и 500 брзорастечки дрвја во паркот на шахот и Феникс во населбата Драчево. Оваа иницијатива е дел од континуираните напори на општината за подобрување на животната средина и зголемување на зелените површини.

„Садењето дрвја не е само разубавување на просторот, туку и суштински чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Секое дрвце кое го засадуваме денес е инвестиција во поздравата и поубава животна средина за сите нас,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во изминатите три години, Кисела Вода доби седум нови паркови и 13 спортско-рекреативни центри, со што општината е оплеменета со дополнителни 80.000 квадратни метри зеленило.

Градоначалникот им се заблагодари на сите кои го поддржаа овој проект, вклучително и заменик-генералниот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, компанијата „Џонсон Мети“, отец Оливер, Хуманитарната организација „Свети Спас“, како и на волонтерите кои активно учествуваа во акцијата.

„Како општина, и самите обезбедивме значителен број брзорастечки дрвја, со цел да создадеме поздрава и позелена средина за нашите жители,“ додаде Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат со уште поголем интензитет, со цел создавање на одржлива и еколошки свесна заедница. Со ова, Кисела Вода станува пример за посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување на подобар квалитет на живот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк