Connect with us

Инфо +

Нови снимки од млади кои се журкаат во Скопје без почитување на протоколите – ќе има ли кривични пријави?

Published

on

Од ДПИ велат дека немаат ингеренции да ги казнуваат гостите за не носење маски и не држење дистанца. Тоа може да го санкционира само полицијата, од каде не добивме одговор дали синоќа интервенирале на оваа локација.  За прекршувањето на протоколите пак од пазарниот инспекторат изјавија дека не можат да го затворат кафе барот туку имаат надлележност  да поднесат само кривична. Затоа и во текот на денот кафе барот беше отворен.

https://youtu.be/PuuZgYuWv10

Македонија

Гаши оцени дека граѓаните се иселуваат затоа што 34 години гледаат кршење на закони и криминал без казни

Published

on

-Можеби главното што го очекуваат граѓаните е одговорност бидејќи во изминатите 34 години тоа е нешто на што најмногу потфрламе. Како држава мораме да и ставиме крај на неодговорноста, вели претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА.

-За овие 34 години ако по нешто најмногу потфрламе тоа е одговорност. Значи, никој досега како се менуваше власта, минатите структури не давале одговорност, немало постапки, процеси кои би се решиле објективно низ судските органи. Тој кој направил криминал без разлика на неговата припадност партиска, политичка, етничка да одговара за прекршување на законот и мислам дека можеби нешто што најбргу треба да го испорачаме ние како држава во моментов заедно со судската власт, нормално, ние да обезбедиме аргументи и факти ако нешто негде е направено, а тоа од судските органи да го спроведат. Мораме да и дадеме крај на неодговорноста. Ова мора да заврши, истакна Гаши.

Според него, граѓаните затоа најмногу ја напуштаат државата.

– Гледаат дека на кој му текнува го крши законот, се корумпира, се криминализира и потоа продолжува да живее во оваа држава како ништо да не се случило. Тоа мора да престане затоа што имаме многу граѓани кои се достојни граѓани, чесни граѓани, работат чесно, никогаш не прекршиле закон, а некои други кои се богатат врз нивниот грб се криминализираат, корумпираат и никогаш не одговараат. Ако оваа правда не ја донесеме верувајте дека сето друго ќе биде беспредметно, потенцира претседателот на Собранието.

За постојаните напади од нивниот политички ривал, опозициската ДУИ вели дека не треба да имаме илузии дека партиите кои се во опозиција ќе престанат да зборуваат или нема да ја критикуваат власта.

-Тоа секогаш ќе се случува. Граѓаните се тие кои ќе ценат на крај што работи власта и што прави опозицијата и дали критиките се на место. Мислам дека имаме висока политичка едукација на граѓаните. Значи, нашите граѓани се многу политизирани, можеби и премногу, можеби и повеќе отколку што треба и затоа се што ќе кажете како власт, како опозиција, како пратеник, секоја критика дали држи вода или не држи вода граѓаните тоа го ценат, рече Гаши.

Според тоа како тој ја гледа политиката, власта не треба да троши многу време на опозицијата.

-Во моментот кога добивате доверба од граѓаните да ја водите државата вие сте обврзани сите граѓани да ги гледате исто, да им служите на сите граѓани исто и да ја имплементирате програмата за која сте барале гласови. Вие треба да работите со имплементација на програмата, а тие се бават со вас. Ние не треба да се бавиме со опозицијата. Ние треба да се бавиме со нашата работа, да носиме закони квалитетни, да им носиме странски инвестиции, да ги зголемиме платите, пензиите, да носиме нов концепт во образованието, да го подобриме здравството, нови болници, нов клинички центар, нови патишта, автопатишта, тоа е нашата работа, рече Гаши.

Како претседател на Собранието ја оценува како одлична комуникацијата со премиерот Христијан Мицкоси и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За владејачката коалиција вели дека е стабилна но дека откако даде оставка од претседателската функција во Алтернатива, дел од коалицијата Вреди, и ја презеде функцијата прв човек на Законодавниот дом се информира од сопартијците и како и сите граѓани.

-Релациите се коректни, имаат добри односи во коалицијата по тоа што јас го гледам и мислам дека иако се обидуваат другите политички актери или понекогаш јавноста или новинарите да го прикажат поинаку, мислам дека сепак и бројот на пратениците, мнозинството од 78 пратеници само по себе кажува дека мнозинството е стабилно. Мислам дека е многу битно на граѓаните да им дадеме една правна и политичка сигурност која порано не сме ја имале. Граѓаните очекуваат ние да им ги подобриме животните услови, животниот стандард, економијата и тоа се прави само во една стабилна и безбедносна и политичка ситуација. Мислам дека оваа Влада и оваа коалиција тоа го искажува со своето делување и мислам дека како ќе тече времето граѓаните ќе гледаат дека ние сме заложени за имплементирање на нашата програма, а главната цел е да го подобриот животниот стандард и животот на сите граѓани, потенцира Гаши во интервјуто за МИА.

Continue Reading

Македонија

Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот

Published

on

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните терстирања на децата од 4 до 6 години згрижени во градинките.

-Податоците се алармантни. Тестиравме околу 500 деца, згрижени во градинките и резултатите покажаа дека секое второ дете има проблеми со говорот, но за жал, во последно време и се зголемува проблемот со деца кои воопшто не зборуваат. Најчесто станува збор за една полиморфна дислалија, односно каде се опфатени фонемите и изговорот на Р, Л, потоа еден парасигматизам каде имаме замена на Ш и Ж, со С и З. Но за жал, најчесто, во последно време се појавуваат случаи на тотално отсуство на говор, една алалија каде што треба алармантно да се реагира од логопед и дефектолог., вели Даниела Пајмакоска Момироска, еден од двајцата логопеди кои работат со децата во прилепските градинки „Наша иднина“.

Според Пајмакоска Момироска, една од главните причини е – екранизацијата, или напредокот на технологијата, но и отсуството на поголем надзор на родителите над децата. Алармира на голема комуникација меѓу родител и дете.

-Живееме во нова технолошка ера, тоа е разбирливо. Но не може да им дозволиме на децата постојано да се изложени на телевизорите, таблетите, телефоните. Отсуствува комуникацијата родител-дете. Таа комуникација мора да се засили и не смеат младите да бидат пропуштени сами на себе. Затоа главната препорака е: родители, комуницирајте со децата. Зборувајте им и кога ги земате од градинка како го поминале денот, и кога сте дома со некои обврски, пак, разговарајте, комуницирајте, одговарајте на сите прашања на децата. Бидете упорни и кога не сакаат да зборуваат. Најдете време за своите деца, препорачува логопедот Даниела Пајмакоска Момироска, вработена во градинките „Наша иднина“ во Прилеп.

За родителот Габриела Стефаноска чие дете на петгодишна возраст е згрижено во детска градинка, мора да се обрне внимание на проблемот и не смее да биде табу тема.

-Моето дете има проблеми со изговорот на неколку тврди согласки. Работам со логопед во градинката, а и надвор од неа. Не сакам да има проблем поматаму, ниту да биде за потсмев меѓу врсниците или пак да се појави булинг. Ситуацијата со проблемите во говорот е алармантна. Во групата на моето дете од 35 деца, 30 посетуваат логопед. Не смее ова да биде табу тема и добро е што родителите се охрабруваат. Затоа, логопедот и помошта што може да ја добијат, топло им ја препорачувам, вели Стефаноска која има дете во училиште и со кое претходно работела посетувајќи логопед.

Continue Reading

Македонија

Млад скопјанец истепан од обезбедувањето во казино

Published

on

На 06.11.2024 во 03.43 часот во СВР Скопје А.М.(21) од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк