Connect with us

Инфо +

Сите граѓани ќе добијат 60 евра, пензионерите 110, превозниците 600 евра, ќе има за сите…

Published

on

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави нов пакет мерки за помош на економијата,  па според неговите зборови на сите граѓани на Србија на два пати ќе им бидат исплатени 30 евра во мај и ноември, а на пензионерите уште 50 евра.

Претседателот Вучиќ кој беше гостин во РТС, ги објави деталите на новиот финансиски пакет помош на економијата, поделен во четири групи мерки.

„Директна поддршка на приватниот сектор – одиме на три пати по 50 проценти од минималната плата, од 1 март, а од 1 април ќе има исплата за претприемачи, за микро, мали и средни претпријатија, постои дилема и за големи компании“, додаде Вучиќ.

Втората мерка, вели тој, се однесува на автопревозниците кои ќе добијат 600 евра по автобус. Една од мерките се однесува на зголемување на потрошувачката – во мај и ноември, сите српски граѓани кои ќе аплицираат ќе добијат по 30 евра, додека пензионерите ќе добијат уште 50 евра. Тоа значи дека пензионерите ќе добијат вкупно 110 евра, објасни претседателот.

Тој најави дека државата ќе ја „прошири гарантната шема“ за нови 500 милиони евра, со цел да се зачува ликвидноста на економскиот сектор. На прашањето од каде парите за тие мерки, Вучиќ одговори дека станува збор за „српски пари, од српската каса, од сериозна српска држава“.

Тој истакна дека поради тој економски пакет, државата нема да има проблеми и додаде дека јавниот долг на Србија нема да надмине 61%.

„Ние држиме сè под контрола, нема да оставаме долгови на децата и сè зависи од нашиот раст“, ​​рече тој.

Македонија

Филков: Формирана Комората на вештаци, правосудниот систем добива на професионалност

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денеска ја истакна значајноста на новоформираната Комора на вештаци, која конечно започна со работа по осумгодишно мирување. Со запишувањето на Комората во Централниот регистар на 25 октомври 2024 година, правосудниот систем доби институција која ќе обезбеди поголема транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето.

„Функционирањето на Комората беше еден од моите први приоритети кога ја презедов функцијата министер за правда. Ова е значаен чекор кон подобрување на правосудниот систем, бидејќи квалитетното и навремено вештачење е од клучна важност за донесување правични судски одлуки,“ изјави Филков.

Претседателот на Комората, Виктор Камнар, нагласи дека новата институција ќе го зголеми квалитетот на судските постапки преку обезбедување високо професионални вештачки наоди. Камнар најави и дека следниот месец ќе биде објавен јавен повик за лицата кои сакаат да станат вештаци, со обуки од 60 часа како предуслов за добивање лиценца.

Министерството за правда ќе продолжи да ја поддржува Комората во напорите за професионален развој и унапредување на процесите, додаде Филков, оценувајќи дека оваа иницијатива ќе ја зголеми ефикасноста на правосудството.

Continue Reading

Македонија

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 отсто заклучно со септември 2024 година

Published

on

Зелените кредити бележат годишен раст во портфолијата на банките и во третиот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, на крајот на септември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 1,4 милијарди денари, или 7,4%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија.

Според податоците на Народната банка, на крајот од третото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 20.350 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Заклучно со третото тримесечје од 2024 година, состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 19.355 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 995 милиони денари.

Уделот на зелените во вкупните кредити сѐ уште е на релативно ниско ниво, но од крајот на 2019 година, заклучно со третото тримесечје од 2024 година, се забележува промена од 2,2 % на 4,4 %.

Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки.

За таа цел, Народната банка, на својата веб-страница од 2022 година почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва, коишто можете да ги најдете на следнава врска: https://www.nbrm.mk/podatotsi_i_pokazatieli_za_bankarskiot_sistiem_na_riepublika_makiedonija.nspx

Continue Reading

Македонија

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Published

on

И доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, го следи примерот на некои свои поранешни колеги и ќе се обиде како претприемач во бизнис водите.

Еден од највлијателните политички функционери од изминатиот период на претходната власт, деновиве ја регистрирал фирмата „Форт М Гроуп Увоз-Извоз Скопје“. како друштво за градежништво и услуги на сопствената адреса на живеење. Дејноста е „изградба на станбени и нестанбени згради“.

– Би рекол дека мора од нешто да се живее. Јас по вокација сум адвокат и тоа продолжувам да го работам . Затоа како управител на фирмата е назначено друго лице. Во меѓувреме загубив голем број на странки од својот делокруг на работа затоа што свесно не сакав да ги доведам во непријатност и политички контекст. Изградба на станбени објекти е само една од опциите на кои би работел, но тоа не значи дека дефинитивно ќе биде така. Во овој момент немам никаков конкретен проект на кој би работел. Се работи за фирма со општа клаузула за бизнис, ни изјави Зечевиќ.

Извор: фактор.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк