Connect with us

Спорт

Адили: Најголема желба ми е да видам како испаѓа Вардар од прва лига, а Шкендија шампион

Published

on

„Шкендија ќе имаше голем проблем во борбата за титула во екипата на Шкупи ако тимот останеше голгетерот Дембо. Таков расен стрелец одамна нема играно во македонското првенство и штета што си замина од Чаир. Затоа сум сигурен дека тетовци ќе бидат прваци, а сакам Шкупи и Ренова да се пласираат во европските купот. Но, најголема желба ми е да го видам Вардар како испаѓа од елитата“, изјавил Адили за телевизијата Шења.

Албанецот роден во Скопје, кој некогаш го носеше македонскиот репрезентативен дрес, сега е член на екипата на Влазнија од Скадар, Мевлан Адили кој во минатото играше за Шкупи во три наврати и двапати за Шкендија.

Адили посакува Шкендија да биде шампион, Шкупи и Ренова да играат во Европа, додека најголема желба му е Вардар да испаднат од Првата лига – пренесува спортскиот портал Спорт1.мк.

Спорт

Дејан Георгиевски освои сребро од Г1 Светски куп

Published

on

Најдобриот македонски таквондист, Дејан Георгиевски освои уште еден вреден медал, овојпат сребро на БиХ Опен Г1.

Георгиевски освои важни бодови во битка за освојување на нова олимписка норма. Македонецот од значајниот турнир во БиХ се враќа со сребрен медал.

„Особено ни е драго што во полуфиналната борба со доминација го елиминиравме Бицер од Турција, борец од светска класа кој во минатото знаеше да ни нанесе проблем“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Дејан Георгиевски на овој настан беше предводен од помошник селекторот Стефан Костовски.

Continue Reading

Спорт

ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 31. по ред забава го најави историско гостување во Милано (фото)

Published

on

Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола со својата традиционална забава во ресторанот „Вила Виста“, ја заокружи есенската полусезона од натпреварувачката 2024/2025 година. Настанот беше одлична можност за тимот, навивачите и поддржувачите да се осврнат на постигнатото досега, но и да погледнат кон иднината со оптимизам.

Како што е вообичаено, капитенот Никола Пискачев ја отвори вечерта со својот традиционален говор, правејќи ретроспектива на изминатата полусезона. Иако резултатите не ги исполнија очекувањата на тимот, Пискачев ја истакна кохезијата, другарството и борбениот дух како основа за подобри резултати во пролетниот дел.

Целиот текст на Bitolanews

Continue Reading

Спорт

Воска Спорт и Вардар ремизираа без голови во Охрид

Published

on

Екипите на Воска Спорт и Вардар одиграа нерешено без голови (0-0) во рамките на 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот, кој се одигра на стадионот во Охрид, понуди одредени шанси за двете екипи, но недостатокот на реализација ги остави мрежите недопрени.

И покрај борбеноста и желбата на теренот, тимовите не успеаја да го пронајдат вистинскиот удар за триумф. Со овој резултат, Воска Спорт и Вардар го поделија пленот, но и останаа со чувство дека пропуштија можност да освојат драгоцени бодови во борбата за подобар пласман.

Следното коло ќе биде нова можност за двата тима да ја поправат својата форма и да се обидат да ги искористат шансите што им се нудат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк