Connect with us

Спорт

Сопругата на починатиот Давиде Астори во љубовна врска со Коларов

Сопругата на починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори фатена во љубовна врска со фудбалерот на Интер, српскиот интернационалец Александар Коларов.

Франческа Фјорети веројатно е во нова љубовна авантура повторно со фудбалер, три години по смртта на Астори. Фотографиите на кои се гледа како Коларов е во страствена прегратка со Франческа ги објави италијанското списание „Чи“.

Фото: Италијански Чи
Фото: Италијански Чи

Advertisement

Спорт

Битола во зелено-бела еуфорија: Салата „Боро Чурлевски“ распродадена за дербито со Вардар

Битола повторно потврди дека ракометот е дел од срцето на градот. За дербито меѓу РК Пелистер и РК Вардар, сите билети се распродадени, а салата „Боро Чурлевски“ ќе прелива од навивачи.

Во среда, зелено-белите поддржувачи ќе го претворат спортскиот дом во вистински вулкан на емоции, носејќи го градот низ магијата на ракометот. Традицијата, страста и победничкиот дух на Битола повторно ќе се чувствуваат во секој агол на арената.

Само Битола, само Пелистер, само зелено-белиот дух.

Continue Reading

Спорт

ВАР технологијата добива нови правила на Светското првенство во САД

Првиот човек на судиите во ФИФА, Пјерлуиџи Колина, потврди дека на претстојното Светско првенство во САД ќе бидат воведени значајни промени во ВАР технологијата, со цел да се зголеми прецизноста на судиските одлуки и да се зачува фер-плејот.

Една од најзначајните новини е што ВАР ќе може да интервенира при можен втор жолт картон. Досега системот не се вклучуваше во ситуации поврзани со жолти картони, но од сега натаму, доколку играч веќе има жолт картон и направи прекршок што може да биде основа за втор жолт, ВАР ќе предложи преглед на ситуацијата.

Втората промена се однесува на корнерите. ВАР ќе проверува дали корнерот е правилно досуден, бидејќи во изминатите години често се случуваа голови по погрешно досудени корнери. Проверката ќе се спроведува за 10–15 секунди, без дополнително одложување на играта.

Колина истакна дека главната цел е натпреварите да се решаваат исклучиво според играта на теренот, со минимални интервенции кои не го забавуваат натпреварот.

Овие промени ќе важат само за Светското првенство во САД, по што ФИФА ќе одлучи дали ќе ги воведе во стандардниот ВАР протокол.

Continue Reading

Спорт

Македонија, доколку се пласира на СП, ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Доколку Македонија обезбеди пласман на Светското првенство 2026 година, нашата репрезентација ќе биде дел од групата А, заедно со селекциите на Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Пред тоа, националниот тим се соочува со тежок предизвик – полуфинале од баражот против Данска. Во случај на победа, нашата репрезентација ќе игра со победникот од дуелот Република Ирска – Чешка во финалето на плеј-офот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг