Connect with us

Инфо +

Владата ќе дели субвенции за купување стан или куќа и до 20.000 евра

Published

on

Ниските каматни стапки, субвенциите коишто изнесуваат и до 20 илјади евра, дополнителната субвенција на месечната рата за секое новородено дете, како и моделите за млади се причините за големиот интерес на апликанти за субвенциониран станбен кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“, информираат од Министерството за финансии.

Оние граѓани коишто ќе го изберат моделот за субвенција на месечната рата, при отплата на кредитот во првите три години им се пресметува каматна стапка од 2,9 проценти, во следните две години 3,9 проценти, а во останатиот период од отплатата каматната стапка не е поголема од онаа на станбените кредити коишто ги нуди банката каде што аплицирале.

За купување нов стан, граѓаните што имаат до или наполнети 35 години, добиваат субвенција што изнесува 70 проценти од месечната рата во период од пет години, или за кредит од 50 илјади евра, добиваат вкупно околу 12 илјади евра субвенција од државата. Граѓаните со наполнети 36 години или повеќе, првите пет години добиваат субвенција во износ од 50 проценти од месечната рата или приближно 8.500 евра.

За изградба или за купување нова куќа од инвеститор, граѓаните до 36 години добиваат субвенција од приближно 20.800 евра, односно 60 проценти од месечната рата во првите три години, 50 проценти од ратата во следните пет години и 40 проценти во 9-та, 10-та и 11-та година од отплатата на кредитот. За доградба или надградба, граѓаните до 36 години, ќе добијат 50 проценти од месечната рата во првите три години, 40 отсто во следните пет години и 30 проценти во следните три години од отплатата на кредитот или вкупно околу 16.600 евра.

Оние граѓани со наполнети 36 години или повеќе, за купување или изградба на нова куќа добиваат субвенција од 80 проценти од месечната рата во период од пет години или вкупно 13.613 евра поддршка од државата, додека пак за доградба или надградба на куќа, државата дава поддршка во висина од 75 проценти од месечната рата во период од првите пет години од отплатата на кредитот или најмногу 12.762 евра.

Граѓаните што го избрале моделот за субвенција на учеството, за цело времетраење на исплата на кредитот им се пресметува каматна стапка од 4 проценти зголемена за шест месечен Eурибор. Субвенциите за овој модел изнесуваат и до 12.500 евра. Притоа граѓаните до и со наполнети 35 години за купување или изградба на нова куќа, но и за доградба и надградба добиваат 100 проценти субвенција на учеството или најмногу 12.500 евра, додека пак за стан добиваат 70 проценти од учеството или најмногу 8.750 евра.

Оние граѓани кои на денот на аплицирањето веќе имаат наполнето 36 години или повеќе, за купување или изградба на нова куќа добиваат 80 проценти од учеството или најмногу 10 илјади евра, за доградба или надградба на куќа до 75 проценти или најмногу 9.375 евра, додека пак оние што аплицираат за стан, добиваат 50 проценти од учеството или најмногу 6.250 евра.

Во однос на условите за аплицирање, согласно Законот, вкупниот месечен приход на лицето-поединец кое аплицира за субвенциониран станбен кредит треба да изнесува до 900 евра месечно, или доколку е во брачна заедница вкупните месечни приходи на брачните другари не треба да надминуваат 1.300 евра месечно. Продажната цена на станбениот објект со пресметан ДДВ треба да изнесува до 900 евра за метар квадратен, а кредитобарателот да нема во негова сопственост или заедничка сопственост со брачниот другар стан или куќа. Лицето или неговиот брачен другар не треба да има подигнато друг станбен кредит на денот на поднесување на барањето за субвенциониран станбен кредит. Воедно, станбената површина не смее да надминува 150 м2.

Граѓаните за овој проект аплицираат во една од овие осум банки: Тутунска банка, Стопанска банка, Шпаркасе банка, Охридска банка, Стопанска банка – Битола, ТТК банка, Прокредит банка и Силк Роуд банка.

Македонија

Кривични пријави за дивоградби во Кичево и Тетово

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2020/2021 година на катастарска парцела на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, пријавениот изградил деловен објект без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

С.Ј. (55) од Тетово доби кривична пријава од СВР Тетово поради сомневање за  сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, пријавената започнала да гради куќа без да поседува соодветни документи и одобрение за градба издадени од општина Тетово.

Continue Reading

Македонија

ИДНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НЕМА ДА ШЕТААТ ПО ИНСТИТУЦИИ Ќе се дигитализираат документите на фирмите што веќе не постојат

Published

on

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.

Директорите на Државниот архив на Република Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, д-р Наташа Котлар и Никола Мемов потпишаа Меморандум за соработка со цел проширување на меѓусебната соработка во областа на заштитата и размената на податоци за осигуреници коишто ќе остварат право на пензиско и инвалидско осигурување.

Директорката на Архивот, Котлар рече дека воспоставувањето на соработката ќе помогне да се намали обемот на документарниот материјал што се чува во институцијата и да обезбеди простор за нов.

Директорот на Фондот, Мемов потенцира дека со внесувањето на податоците во архивата на Фондот ќе се намалат проблемите во утврдувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување кај осигурениците.

Исто така, беше констатирано дека со овој чекор на соработка и дигитализација на податоците, крајна придобивка ќе биде тоа што граѓаните нема да мора да одат од една до друга институција за да си ги остварат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.

Continue Reading

Македонија

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Published

on

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти ќе бидат ослободени од административните работи што ги бара хартиеното работење. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, најави дека хартијата целосно ќе биде исфрлена од употреба и во ординациите, и во аптеките, и во Фондот за здравствено осигурување.

„Разбираме дека има сè помалку луѓе за работа и дека треба да ја намалиме здравствената администрација. Две работи веќе можеме да ги објавиме. Работиме на е-рецепти, кои до крајот на полугодието во 2025 година треба да бидат во полна употреба и во функција. Со нив комплетно ќе се елиминира од функција хартијата и кај матичните лекари, и кај аптеките, и во Фондот поврзани со рецепти. Ќе ги дигитализираме и сите анекси за 1.500 ПЗУ за тие да може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да се потпишуваат во хартиена форма. Понатаму, ќе разговараме како можеме да го намалуваме товарот за лекарите да имаат сè повеќе време за разговор со пациентите, а да не се занимаваат со непотребна администрација“, рече директорот Клековски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк