Connect with us

Инфо +

Тие што ќе работат во недела ќе добиваат и поголема дневница и слободен ден

Published

on

На законското решение, недела да биде ден за неделен одмор како Министерство за труд и социјална политика работиме изминатите три месеци. Преку бројни средби, дебати, состаноци, разговаравме со синдикатите како претставници на работниците, коморите, организацијата на работодавачи, всушност со сите засегнати чинители во општеството, сериозно дебатиравме за сите слабости и предности  на ова решение. Недела-слободен ден за работниците, да бидат заедно со своите семејства, да ги продолжат оние семејни традиции на кои што изминатиов период во трка со времето се запоставија, потенцираше министерката Шахпаска во утринската емисија на Сител ТВ, зборувајќи за измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува недела да биде ден за неделен одмор.

Таа посочи дека ова законско решение мора да има исклучоци со цел за непречено функционирање на државата и онаму каде што техничко – технолошкиот процес мора да продолжи, снабдувањето на граѓаните со електрична енергија, водоснабдувањето, собирањето  на комуналниот отпад, здравствената и социјална заштита, функционирањето на малите групни домови, медиумите, културните институции, угостителството. Ќе продолжат да функционираат сите оние дејности кои  што  претставуваат задоволување на елементарните потреби на секое семејство. Притоа, нагласи таа, сите што ќе работат во недела, ќе имаат надомест на плата согласно Закон и колективен договор, а дополнително овие работници ќе имаат и слободен ден за одмор.

Во однос на прашањето во врска со пакетите економска помош за ранливите категории на граѓани во време на пандемија министерката истакна дека од почеток два главните приоритети биле насочени кон зачувување на секое работно место и помошта и поддршката на ранливите категории на граѓани.

Во таа насока биле креирани мерки како субвенционирање на плати и бескаматни кредити со цел помош на компаниите, да не ги испуштаат работниците и да се зачува секое работно место. Истовремено, креирани биле и мерки за активните и пасивните баратели на работа, пензионерите со пониски пензии од 15.000 денари, примателите на државна социјална пензија, самохраните родители, примателите на социјална помош. Петтиот пакет економски мерки ги опфаќа сите оние граѓани кои имаат заостанати долгови кон јавните претпријатија, институции и општините, и предвидува бришење на каматите на долгот и можност за оддложено плаќање на 12 рати, што во време на Ковид 19, претставува уште едно олеснување и поддршка кон граѓаните со цел полесно премостување на кризниот период.

– Министерството за труд и социјална политика во декември донесе законски измени на Законот за социјална и Законот за детска заштита со кои го олеснивме пристапот на граѓаните до социјална помош, ги спуштивме критериумите за влез во системот на социјална заштита. Социјалната реформа донесена 2019 година беше ставена на тест токму во време на пандемија и се покажа како можне ефикасна во полесно пребродување на кризата. Таа беше за 300 проценти зголемена, олеснат беше пристапот до образовен додаток и се воведе  државната социјална пензија. Пандемијата не научи дека системот мора да функционира, истакна министерката Шахпаска.

Таа на тема пензии и нивна исплата, им порача на пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во годината, раст на пензиите со раст на БДП повеќе од 4 отсто и третата можност за раст е со раст на минималната плата од 15 отсто и просечната 5 отсто.

– Ниту Груевски кој побегна, ниту Заев како актуелен премиер кој се бори во најголемата криза, ниту министерката за труд и социјална политика им ги дава пензиите на пензионерите, тие тоа си го одработиле и заслужиле во нивниот работен век, рече Шахпаска. 

Македонија

Кривични пријави за дивоградби во Кичево и Тетово

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2020/2021 година на катастарска парцела на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, пријавениот изградил деловен објект без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

С.Ј. (55) од Тетово доби кривична пријава од СВР Тетово поради сомневање за  сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, пријавената започнала да гради куќа без да поседува соодветни документи и одобрение за градба издадени од општина Тетово.

Continue Reading

Македонија

ИДНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НЕМА ДА ШЕТААТ ПО ИНСТИТУЦИИ Ќе се дигитализираат документите на фирмите што веќе не постојат

Published

on

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.

Директорите на Државниот архив на Република Северна Македонија и на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, д-р Наташа Котлар и Никола Мемов потпишаа Меморандум за соработка со цел проширување на меѓусебната соработка во областа на заштитата и размената на податоци за осигуреници коишто ќе остварат право на пензиско и инвалидско осигурување.

Директорката на Архивот, Котлар рече дека воспоставувањето на соработката ќе помогне да се намали обемот на документарниот материјал што се чува во институцијата и да обезбеди простор за нов.

Директорот на Фондот, Мемов потенцира дека со внесувањето на податоците во архивата на Фондот ќе се намалат проблемите во утврдувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување кај осигурениците.

Исто така, беше констатирано дека со овој чекор на соработка и дигитализација на податоците, крајна придобивка ќе биде тоа што граѓаните нема да мора да одат од една до друга институција за да си ги остварат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Државниот архив и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување соработката ќе ја реализираат преку дигитализација на документарниот материјал од приватни иматели – правни лица кои престанале да постојат по пат на стечај или ликвидација со формирање работни групи за ажурирање и внесување на податоците содржани во документарниот материјал.

Continue Reading

Македонија

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Published

on

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти ќе бидат ослободени од административните работи што ги бара хартиеното работење. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, најави дека хартијата целосно ќе биде исфрлена од употреба и во ординациите, и во аптеките, и во Фондот за здравствено осигурување.

„Разбираме дека има сè помалку луѓе за работа и дека треба да ја намалиме здравствената администрација. Две работи веќе можеме да ги објавиме. Работиме на е-рецепти, кои до крајот на полугодието во 2025 година треба да бидат во полна употреба и во функција. Со нив комплетно ќе се елиминира од функција хартијата и кај матичните лекари, и кај аптеките, и во Фондот поврзани со рецепти. Ќе ги дигитализираме и сите анекси за 1.500 ПЗУ за тие да може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да се потпишуваат во хартиена форма. Понатаму, ќе разговараме како можеме да го намалуваме товарот за лекарите да имаат сè повеќе време за разговор со пациентите, а да не се занимаваат со непотребна администрација“, рече директорот Клековски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк