Connect with us

Инфо +

Братот на убиенот рибар кај Смилковско: На брат ми му ја немаше пола глава, а децата биле горени со цигари

Published

on

Во синоќешната емисија Во Центар беше емитувано интервјуто со Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост. Наводно убиениот брат се противел да се даде земјиштето за да се гради луксузен комплекс. Тоа не е точно вели тој.

Мојот татко и мајка никогаш не кажале дека имаме таму земјиште. Ние таму немаме ништо со Смилковско Езеро. Најблиску имот имаме дури 3 километри подалеку од Смилковско. Она што беше напишано на ФБ за нас како семејство и дека сме се спротивставуваме на продажба не е точно и не дај боже да дознаат моите родители. Сето тоа е за да се дефокусира јавноста. На брат ми не му се гледаше пола од главата. Беше застрелан од близина со три куршуми, вели тој. Кога бев во капела видов дека на телата од децата имаше изгоретини од цигари. На нивните тела некој се изживувал.
Брат му го препознале по тетоважата на раката. Секое судење за нив е нов шок да слушаат како брат му и децата биле убиени.

Врз мојот брат немаше изживување беше со прострелни рани. Тој беше легнат со клучевите од автомобилот во раката значи сакал да беге. Со првите куршуми бил оневозможен да бега а последниот во глава.

Нарачателот не го знаеме , но сакаме да се дознае и мотивот и нарачателот – така многу ќе ни олесни. Другиот брат одеше на разговори кај Зоран Заев, но тој ништо не кажа, почина и сите сознанија не ги кажа.
Во интервјуто се поставува дилемата дали смејството Стевковски има роднини кои имаат една различна буква во презимето односно се Стефковски – и дали доказите кои се најавуваат можеби се за друго семејство. Дали грешката е можеби поради презимето и името на друг Борче Стефковски , а не убиенот Борче Стевковски.

За Случајот Монструм за две недели ќе биде изречена втора пресуда.

Целото интервју можете да го погледате на следниот линк:

извор: vocentar.com

Македонија

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Published

on

Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, подршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  

Тој истакна дека од владината подршка од 100 милиони евра,  голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.

“Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.

Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти” истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Општина Теарце бара работник: Плата 27.154 денари

Published

on

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  275/2024

за вработување на 

 јавен службеник од група I, подгрупа II во Општинско основно училиште „Фаик Коница“ с.Доброште – Теарце за следните работни места

1. ОБН0102Г02008 Благајник II, Виш референт – Благајник, Одделение за финансии и сметководство, Административна служба(1) извршител(и)

Огласот може да го најдете тука

Continue Reading

Македонија

Кривични пријави за дивоградби во Кичево и Тетово

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2020/2021 година на катастарска парцела на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, пријавениот изградил деловен објект без одобрение за градба издадено од надлежен орган.

С.Ј. (55) од Тетово доби кривична пријава од СВР Тетово поради сомневање за  сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, пријавената започнала да гради куќа без да поседува соодветни документи и одобрение за градба издадени од општина Тетово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк