Category Archives: Спорт

Се за спорт

ВИДЕО: Мајката на Роналдо не можеше да ги запре солзите по неговите голови

Португалија вчера ја декласираше Швајцарија со 4:0, а Кристијано Роналдо беше стрелец во 35 и 39 минута.

Тој на натпреварот ги постигна својот 115 и 116 гол за Португалија, а натпреварот од трибините го следеше неговата мајка Марија Долорес дос Сантос Авеиро.

Таа е позната по своите емотивни реакции додека ги следи натпреварите од трибините, а вчеравечер повторно имаше свои моменти кога потполно ја загуби контролата. Нејзините реакции следуваа веднаш по постигнувањето на головите на Роналдо, кога таа започна да плаче од среќа.

За потсетување, Роналдо во една прилика призна дека во еден момент во својата кариера и забранил на мајката да ги гледа неговите важни натпревари на трибините бидејќи два пати се онесвестила. Очигледно сега се е во ред, но емоциите нејзини сепак ја совладуваат во такви моменти.

Нов медал: Бронза за Дејан Георгиевски во Рим!

Дејан Георгиевски освои бронза на „Гранд при Рим 2022“ Г6 серија, откако во полуфиналето беше поразен од порнешниот олимписки шампион Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска со 2-4.

Ова е најсилно рангиран турнир во олимписко таеквондо по Олимписките игри и Светско првенство, тоа значи дека е рангиран над Европско првенство.

Во прво коло поради високиот ранкинг на Дејан како носител беше слободен, а второто го победи Роберто Бота од Италија 2-1, додека во трето коло извојува победа над одличниот Маикон Сеиквира од Бразил 2-0.

Ова е прв медал на Гранд при турнирите за Македонија.

Бугарскиот селектор со провокација: Од Северна Македонија примивме смешен гол!

Селекторот на Бугарија Јасен Петров не го смета како позитивен нерешениот резултат 1:1 против Македонија.


Тој по натпреварот сподели дека целта била победа и истакна и дека овој тим може многу повеќе.


Полошата игра тој ја припиша на брзањето кај некои играчи, како и на недостатокот на минути во нивните клубови.

„Нашата желба беше да победиме. Се сретнавме со многу добар тим. Не можевме да се консолидираме на почетокот на вториот дел. Знам дека можеме повеќе. Нивниот гол падна од наша грешка, смешен гол. Правевме елементарни грешки една по друга. Мора да одиме напред. Имаме играчи кои не играат и не се во најдобра состојба.

Нерешено со Бугарија, задоволни со бод

Македонија ѝ одржа фудбалска лекција на Бугарија во „балканското дерби“ попладнево во Разград, ама не успеа да го победи преслабиот ривал и само со бод од ремито 1-1 ја отвори оваа сезона во Лигата на нации, како почеток на новиот циклус кон остварување на главната цел на крајот, пласман на Еуро 2024 во Германија.

На крајот завршивме со 15 шута (5 во рамки на голот) наспроти само трите на Бугарија, која од единствениот директен ни даде гол, со стотина повеќе додавања, со поголем посед на топката и со повеќе изведени корнери, зашто Бугарија изведе еден.

Штета. Можеме да жалиме што не победивме, но што е тука е. Во Скопје сигурно ги добиваме со ваква игра.

Следен меч на Македонија е гостувањето во недела кај Гибралтар, додека Бугарија ја пречекува Грузија, исто така во Разград, за три дена

(Видео) Ечи Македонската химна среде Разград

Фудбалската репрезентација на Македонија гостува кај Бугарија во Разград, во натпревар од првото коло на Лигата на нациите. Избраниците на Благоја Милевски ќе се обидат со позитивен резултат да го отворат новото издание на ова натпреварување, а се очекува да добијат и поддршка од фановите.

Од сојузот на Бугарија намерно го одбраа Разград како подалечна опција, бидејќи во Софија како поблиска дестинација имаше шанса за голем број фанови од Македонија. Надлежните дозволија присуство на македонска публика, па се очекува околу 400 до 500 навивачи да се најдат на трибините.

Сепак ова не ги спречи македонските навивачи да го окупираат и овој бугарски град. Ечи Македонската химна среде Разград, на помалку од два часа пред дуелот..

Видеото погледнете го ТУКА.

https://www.facebook.com/maksport10/videos/325871199702901/

Со тапани и знамиња пречекан Петар Спасеновски кој освои трето место Европското првенство во карате

 На Меѓународниот аеродром “Скопје”, пријателите, симпатизерите и членовите на карате клубот “Макпетрол” го пречекаа каратистот Петар Спасеновски кој овој викенд освои импресивно трето место на Европското првенство во карате што се одржа во Газиантеп, Турција.

„Наредниот медал ќе биде злато, сигурно“, вели освојувачот на единствениот медал за Македонија на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, Петар.

Репрезентативецот на Македонија, кој е член на КК Макпетрол, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми слaвеше против Оз Мурат од Турција со 2-0. Спасеновски борбата ја реши во последните 15 секунди кога поведе со 1-0, а на 10 секунди пред крајот и со 2-0. Борбата претходно се водеше од дистанца и немаше многу акција, но во критичните 15 секунди Петар беше повешт и славеше со 2-0 за бронза на сениорското Европско првенство.

Да се поклониме пред “кралот”: Реал Мадрид е шампион по 14-ти пат

Реал Мадрид е „кралот“ во Лигата на шампионите! Рекордерот по бројот на титули во најелитното натпреварување, над сите очекувања слави во финалето против Ливерпул со 0-1 (0-0). Херој на Реал на „Стад де Франс“ беше Винициус Жуниор кој го постигна единствениот погодок, меѓутоа вреди да се издвои и партијата на Тибо Куртоа кој блескаше меѓу стативите. „Црвените“ беа поконкретни и имаа повеќе шанси, ама „кралската“ мрежа остана недопрена. 

  • Извештај од натпреварот:

Анчелоти се реши за претпазлива варијанта, со четири играчи за врска, а само Винисиус и Бензема во нападот, додека Клоп спротивно на тоа од првата минута ги испрати Салах, Мане и Луис Диаз. Поради тоа, стартот на дуелот не беше изненадување. Ливерпул беше екипата која ја имаше топката, притискаше со висок пресинг и се обидуваше да пронајде простор низ одбраната на Реал. „Кралевите“ пак, трпеливо ја чекаа својата шанса преку транзиција или контра напади, но стартот беше мирен и без возбудувања. 

Првата посериозна можност дојде по 16 минути игра, откако Трент Александер Арнолд проби од десната страна, уфрли на петерецот, а од тешка позиција со пета се обиде Мохамед Салах кој изнуди одлична интервенција од Тибо Куртоа. Веќе во следните неколку акции, Ливерпул се закануваше со изненадни удари преку Тиаго Алкантара и Салах, но Белгиецот беше присебен. „Црвените“ се залетаа, па најголемата шанса во воведниот дел ја имаше Садио Мане. Сенегалецот биеше добро, ама Куртоа со парада ја одби топката во стативата.

„Кралевите“ се консолидираа по воведниот налет на Ливерпул, успеаја да ја задржат топката во своите нозе, ама и понатаму беа инфериорни. Во вториот дел на првото полувреме, вистинските шанси изостанаа и англиските фудбалери отстапија од целосната офанзива. Мрежата еднаш се тресеше во финишот на полувремето, откако по една мешаница погоди Карим Бензема. Сепак, ВАР собата утврди дека топката која се одби од Валверде преку Конате и Фабињо до Французинот е нерегуларна и голот не важеше.

Стартот на вториот дел беше одново мирен, Ливерпул пак се обиде да наметне темпо и ја имаше топката. Сепак, Реал Мадрид одигра според својот план и договор, дочека момент на невнимание и преку брза транзиција дојде до предност. Акцијата се одвиваше по десната страна, Феде Валверде ја префрли топката на втора статива, а таму Винициус Жуниор лесно погоди во мрежата на Алисон за 0-1 во 59. минута. 

Ливерпул фрли сè на карта напад, Клоп се обиде да освежи со Жота и Кеита, а неговите пулени притискаа. Сепак, како што одминуваше времето, растеше тензијата. Реал Мадрид по којзнае кој пат покажа искуство, присебност и смиреност во дефанзивата, ги затвори приодите кон својот гол и го бранеше стекнатото водство. Обрачот околу голот на Куртоа се стегаше, меѓутоа одличниот белгијски голман и неговите колегу од одбраната не дозволија израмнувачки погодок. Најблизу до гол за Ливерпул беше Салах, кој откосо не успеа да го матира Куртоа. 

Реал Мадрид 14. пат во својата историја го крена трофејот во Лигата на шампионите, а Ливерпул испушти шанса да се израмни на второто место со Милан и остана на шест титули.

Извор: Гол.мк

ЕЛИФ ЕЛМАС ги изненади дечињата од Тетовско

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас реши да ги изненади дечињата од тетовското село Јеловјане.

Дијамантот“ Елиф им стави насмевки на дечињата кои по заедничката фотографија се гледа дека се навистина среќни од неговата посета.

Фото: Спортмедиа

Повреден играч на ФК Шкупи во Тетово (Видео)

При пристигнувањето на стадионот во Тетово нападнати се клубот и играчите на ФК Шкупи.

Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку за ТВ21 вели дека има повреден фудбалер.

На снимката која ја обезбеди ТВ21, се гледа како играч лежи на земја.

Инаку, претходно на пунктот Скопје-Тетово полицијата ја врати навивачката група на ФК Скопје, Шверцери, пренесува ТВ21.

Видео:

https://fb.watch/cTF31Mp70U/

Мангупски потег на Стојанче Стоилов во Битола (ФОТО)

Борко Ристовски по победа над Е.Пелистер во Битола од 23-26, изјави дека за дерби мечевите во домашниот шампионат се клучни македонските играчи. Искусниот чувар на мрежата потенцира дека токму тие знаат како да се носат со притисокот и атмосферата кога се играат истите.

Ристовски не е далеку од вистината. Вардарци до важните бодови дојдоа на крила на македонските играчи. Стојанче Стоилов и Борко беа клучни во одлучувачките моменти, а капитенот на Вардар 1961 пред и за време на ваквите мечеви секогаш знае како да се справи.

Столе доби едно пакување колбаси.