Category Archives: Спорт

Се за спорт

Самсоненко доби рок до 31-ви март да го расчисти долгот во РК Вардар, во спротивно новата управа ќе враќа

Ракометниот клуб Вардар 1961 преку ваучер на располагање доби 310.000 евра. До последен момент беше неизвесно дали двократниот европски ракометен шампион и оваа година ќе се најде на листата на ваучери на АМС.

Главниот проблем беше фактот што сегашното раководство не ги презел долговите од претходниот сопственик, што е спротивно од правилникот на АМС, па затоа ваучерот „висеше“ до последен момент.

Новата управа на Вардар во предвидениот рок за аплицирање ги достави сите потребни документи до АМС, меѓу кои и тоа дека ќе ги преземе долговите на претходниот сопственик.

Поточно, поранешниот газда, Сергеј Самсоненко има рок до 31 март да ги затвори сите долгови кои ги остави зад себе кога го напушти клубот, во спротивно сите нерасчистени сметки ќе мора да ги преземе новата управа, на чело со претседателот Михајло Михајовски.

Точната сума на долгот на поранешното раководство не е позната

Ивановски е државен првак во атлетика, иако картата до Кенија му чини 90.000 денари, од државата доби скромни 38.000 денари

Дарио Ивановски  државниот  првак во две дисциплини, еден од најдобрите македонски атлетичари и олимписки кандидат. Тој по објавениот список на Агенцијата за млади и спорт доби скоро 10 пати помала помош од првиот на листата.

На социјалните мрежи Дарио се пожали дека само картата до Кенија го чини 90.000 денари и каде би одел да се подготви за 38.000 денари кои скромно му ги даде Агенцијата за спорт.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1425577361123310&id=100010131782412

Прв третинг на „Вардарци“ со поддршка од Комити

Играјте од срце за Вардар !Прв тренинг на фудбалерите, на 4 дена до натпреварот.Да беше некое друго име, до сега ќе беше избришано од сеќавањата, но се работи за Вардар, и само поради тоа ќе кажеме дека веруваме…

Напишаа на Фејсбук со поддршка кон фудбалскиот тим на Вардар, навивачката група Комити.

Спорт манија: Двоен милионер во Петровец!

Прогнозер од скопски Петровец на два тикети покажа како во Sport Life се освојува не еден, туку ДВА МИЛИОНИ денари – пренесува Спорт манија.

На првиот тикет уплатата е 750 денари и требаше да ги погоди сите десет мечеви, а другиот тикет е уплатен веднаш после тоа и уплатата е 4.000 денари, со тоа што тука е систем 8/10. И со две утки, добивката ќе беше многу голема, но вака со сите десет погодоци, добивката е седмоцифрена, сензационална и вреди да се знае за неа.

Ибрахимовиќ со „бетмобилот“ и народна песна до 501 гол (Фото+Видео)

Златан Ибрахимовиќ вчера постигна два гола за Милан во победата над Кротоне.

Ибрахимовиќ стигна до вкупно 501 постигнат гол во кариерата што е големо достигнување.

После мечот Ибра на Инстаграм објави видео како слави со големиот хит на Нада Топчагиќ.

Видеотокако славеше „народњачки“ Ибрахимовиќ можете да го погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/196751373673505/videos/448812906300851

Златан после видеото со народната песна со која прослави за 501 постигнат гол, тотално во негов стил објави на Инстаграм фотографија на која е вo Ферари Монца ГТ, автомобил вреден 2 милиони евра со пораката: „На патот до целта“.

https://www.instagram.com/p/CK_9t4pnd6m/

Сопругата на починатиот Давиде Астори во љубовна врска со Коларов

Сопругата на починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори фатена во љубовна врска со фудбалерот на Интер, српскиот интернационалец Александар Коларов.

Франческа Фјорети веројатно е во нова љубовна авантура повторно со фудбалер, три години по смртта на Астори. Фотографиите на кои се гледа како Коларов е во страствена прегратка со Франческа ги објави италијанското списание „Чи“.

Фото: Италијански Чи
Фото: Италијански Чи

Меси е прогласен за играч на деценијата!

Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS) го прогласи Лионел Меси за играч на деценијата од Јужна Америка.

Во рангирањето беа вклучени најдобрите фудбалери од земјите КОНМЕБОЛ за периодот  2011 – 2020 година.

Напаѓач на Барселона и аргентинската репрезентација Лионел Меси освои најмногу гласови.

Второто место го зазеде напаѓачот на Пари Сен-Жермен и бразилската репрезентација Нејмар.

Трет е поранешниот дефанзивецот на Барселона и бразилската репрезентација Дани Алвеш, кој сега игра за Сао Паоло.

Роден е со една рака, а игра за Брегалница, Никола е вистинска спортска инспирација

Никола Марковски од Делчево е момче за кое треба да дознае македонската спортска јавност.

Младиот Никола Марковски е доказ дека кога нешто се сака, може да се постигне.

Никола кој сега има 18 години од раѓање е без една рака, но тоа не го спречува активно да игра фудбал и да дава голови, објави на Фејбук Спортски удар.

Марковски e член на na ФК Брегалница од Делчевo, тим кој е лидер во Третата лига Исток.

Во есенскиот дел од сезоната Марковски даде два гола во мрежата на противниците.

Капа до под мајсторе!

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=250133626686133&id=103734994659331

Алиоски: Горд сум што ја претставувам Македонија во Премиер лигата

„Физички сме силен тим и можеме со секого да се натрчуваме. Многу важно беше што бевме агресивни во дуел играта и не им дозволивме лесни контри. Добро е Македонија да има играчи во Премиер-лигата. Сега сум само јас, но сигурен дека наскоро ќе ми се придружат многу други фудбалери од Македонија бидејќи има многу талентирани играчи. Премиер-лигата е најдобрата лига во светот и горд сум што ја претставувам Македонија во неа“ – рече Алиоски.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски, неговиот тим Лидс вчера го совлада силниот Лестер со 1:3. Aлиоски играше во уште еден одличен натпревар, по кој на македонски јазик даде своја изјава:

https://www.youtube.com/watch?v=xn-lNojV9U8

ЕЛМАС…ГОЛЧИШТЕ НА ДИЈАМАНТОТ

Каков гол на Елиф Елмас, на нашиот дијамант на мечот Наполи – Парма кој е во тек. Македонецот во 32.минута откако си поигра со петмина противнички играчи прекрасно ја пласираше топката во мрежата на “млекарите“.

Нема што, ВЕЛЕМАЈСТОРСКИ гол за Елиф Елмас кој му носи водство на Наполи од 1:0.

Браво за Македонецот.