Category Archives: Спорт

Се за спорт

Продаден најcкапиот поcтер во иcторијата на НБА за 208.000 долари

Плакатот на ЛеБрон Џејмс од 2019 година се продаде за рекордни 208.000 долари, како најдобриот шут во НБА.

Луда тројка од пола терен, Македонија сеуште има шанса за Европско (Видео)

Првиот стрелец на мечот Ненад Димитријевиќ од македонската кошаркарска репрезентација, одушеви со едни од поените, откако даде луда тројка од половина терен. Тоа беше пред крајот на третиот квартал, кога Македонија за првпат поведе на натпреварот.

Со овој триумф над Италија, Македонија ги задржа шансите за пласман на Евробаскетот.

Ѓоковиќ останува крал на Австралија опен(Видео)

Ѓоковиќ по деветти пат во кариерата и трет пат го осојува победничкиот пехар на Отвореното првенство на Австралија.

Ѓоковиќ во големото финале претпладнево на центрачниот терен во Мелбурн го максимални 3-0 по сетови 7-5 , 6-2 и 6-2 го декласираше Руссинот Данаил Медведев.

По само 114 минути врвен тенис Новак Ѓоковиќ го освои 18 пехар од Грен слем турнирите.

Златното момче Дарио Ивановски: Нов Балкански шампион на 3.000 метри

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои првото место на Балканскиот шампионат во Турција на 3.000 метри во сала.

Ивановски го освои првото место и златниот медал со резултат 8:03:95, беше доминантен во својата трка, оставајки го вториот натпреварувач скоро 7 секунди зад него.

Следен голем настан на кој ќе се појави е Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Полска од 4 до 7 март.

Комити успеаја да го спасат Вардар, осветлен градски стадион (Видео)

Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот, соопшти АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје.

На овој начин симболично беше означен успехот на акцијата „Спас за Вардар” преку која беа продадени 32 000 билети. Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот.

https://www.facebook.com/KomitiZapad87/videos/431663964946124/

Ганде Пандев беше избран за спортист на годината!

Македонскиот капитен Горан Пандев беше избран за најдобар спортист за 2020 година во Македонија на вечерашната церемонија организирана од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Пандев имаше одлична година со македонската фудбалска репрезентација бидејќи постигна гол во најважниот меч во историјата за селекцијата против Грузија и така ѝ обезбеди пласман на Македонија на Европското првенство, кое ќе се одржи ова лето.

„Жалам затоа што не сум во Македонија во моментов, па морам преку видео врска да се заблагодарам за наградата. Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, но за оваа награда се заслужни сите во македонската репрезентација, од селекторот, па преку соиграчите, физиотерапевтите и економите зашто создадовме семејство. Ова за мене е поттик да продолжам понатаму“, кажа Пандев.

Спорт1 ги овековечи 14-те величествени на албумот за ЕП 2021 (ФОТО)

Македонија едвај дочека да се пласира на едно фудбалско големо натпреварување, фудбалерите изгинаа на терен за да ни донесат огромно задововолство на сите нас во летото кое следува, но сето тоа паѓа во втор план зашто фотелјашите од ФФМ се појавија за да ни ја расипат забавата -пишува Спорт1.мк.

Оттаму денеска ни текна да направиме наша верзија на албумот за самолепливи сликички на „Панини“. И така фотелјашите се наградија како тие да се најзаслужни, па еве тие нека бидат на албумот наместо Пандев, Елмас, Барди и компанија… 

Можете и вие самите да си направите своја омилена формација од овој состав – се вели во текстот од редакцијата на Спорт1.

Фото: Спорт1.мк

Членовите на УО на ФФМ си поделиле по 20.000 евра за пласманот на ЕП!

Председателот Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини заедно со членовите на Управниот одбор (УО) убаво си се почестиле со по 20.000 евра премија за пласманот на македонската фудбалска репрезентација на Евро 2021, пишува Спорт1.мк.

Вкупно 300.000 евра ќе чини луксузната награда за Сејдини и компанија (УО брои 15 члена), кои сами си се почестиле за историскиот пласман на ЕП, па секој член ќе добие по 20.000 евра што е за нијанса помалку од тоа што на пример дел од фудбалерите, кои беа само резерви и не играа на еден од двата баражи за пласман, го добија како дел од колачот од премијата вредна 3,2 милиони евра.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, пред два дена откако ѝ објави војна на ФФМ, посочи дека луѓето во федерацијата работат само за лични интереси.

„Доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот уште ви е во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата, што гиневме за македонскиот дрес“, објави меѓудругото Пандев во обраќањето.

Пандев: Докажавте дека ве интересираат само премиите, не македонскиот фудбал

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч во Италијанската фудбалска лига на Инстарам го изрази денеска своето незадоволство за „оние кои само се кријат позади грбот на Репрезентацијата“ и „ве интересираат само вашите премии и лични интереси“, заради одлуката на Фудбалската федерација на Македонија да ги одложи денешните натпревари заради снегот и временските неприлики.

На фотографиите може да се забележи нечисти терени полни со снег и фудбалери кои се лизгаат на истите, Пандев праша: „Што направивте вие за нашата (аматерска лига), колку им помогнавте на клубовите?“

Нашиот Кире Лазаров стана селектор: Македонија ќе игра модерен ракомет

Актуелниот капитен на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од денеска ја презема и селекторската функција во националниот тим.

Одлуката е донесена на вчерашната седница на Управниот одбор на Ракометната федерација, а соопштена на денешната прес конференција.

“Денеска ја имам посебната чест и привилегија, сакам да кажам една вест што е многу важна за натамошниот развој на македонскиот ракомет. На вчерашниот состанок на УО на РФМ донесовме одлука за нов селектор – тренер на машката репрезентација да го избереме апсолутно најголемиот спортист во историјата на Македонија – Кире Лазаров. Се договоривме тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет”, изјави првиот човек на федерацијата, Живко Мукаетов.

„Македонија под мое водство ќе игра модерен и брз ракомет, но тоа не може да се промени веднаш. Во претсојните квалификациски натпревари нема да промениме многу во однос на играта затоа што немаме време. Но понатаму верувајте дека ќе гледате една Македонија која ќе игра модерно“.

„Данска за мене е како судбина. Тренерската кариераќ е ја започнам со нив. Со Нант ќе завршам на 3. март и од следниот ден ќе бида на располагање. Со РФМ ќе направиме план за да ги искористиме што е можно повеќе деновите. Секој ден ни е важен за да воведеме нов систем. Наскоро ќе го објавам списокот од 35 играчи и мојот стручен штаб“, изјави Лазаров.

„Пред се сакам да се заблагодарам на претседателот и УО за поддршката. Предизвикот го придатив веднаш, Македонија никогаш не сум ја одбил па така беше и сега. Пред нас е голема одговорност, се надевам на долгорочна и успешна соработка“ – вели тој.