Category Archives: Спорт

Се за спорт

Адили: Најголема желба ми е да видам како испаѓа Вардар од прва лига, а Шкендија шампион

„Шкендија ќе имаше голем проблем во борбата за титула во екипата на Шкупи ако тимот останеше голгетерот Дембо. Таков расен стрелец одамна нема играно во македонското првенство и штета што си замина од Чаир. Затоа сум сигурен дека тетовци ќе бидат прваци, а сакам Шкупи и Ренова да се пласираат во европските купот. Но, најголема желба ми е да го видам Вардар како испаѓа од елитата“, изјавил Адили за телевизијата Шења.

Албанецот роден во Скопје, кој некогаш го носеше македонскиот репрезентативен дрес, сега е член на екипата на Влазнија од Скадар, Мевлан Адили кој во минатото играше за Шкупи во три наврати и двапати за Шкендија.

Адили посакува Шкендија да биде шампион, Шкупи и Ренова да играат во Европа, додека најголема желба му е Вардар да испаднат од Првата лига – пренесува спортскиот портал Спорт1.мк.

Шведска прв финалист на СП во ракомет

Шведска е првиот финалист на Светското првенство за ракометари што се одржува во Египет, откако славеше вечерва во полуфиналето над Франција со 32:26 (16:13).

Швеѓаните одиграа беспрекорно во нападот во првото полувреме во кое француските голмани немаа ниту една одбрана.

Откако на средина на полувремето го презедоа водството со 8-7 не го испуштија до самиот крај на натпреварот.

Швеѓаните заминаа на полувреме со три голови предност (16:13) и не им дозволија во продолжение на Французите да се вратат резултатски во натпреварот.

Најефикасен во шведската репрезентација беше крилото Хампус Ване со 11 голови.

За Шведска ова ќе биде осмо учество во самата завршница на ракометните мундијали, а прво во последните 20 години.

Противникот во финалниот натпревар ќе го добијат подоцна вечерва по мечот меѓу европскиот првак Шпанија и бранителот на светската титула Данска. 

Ќе биде ли Кире Лазаров, нов селектор на Македонија?!

Кире Лазаров е голем фаворит во трката за нов селектор на Македонија, откако Ракометната Федерација на Македонија во текот на вчерашниот ден спогодбено ја прекина соработката со Данило Брестовац. Приоритет на раководството на РФМ моментно е одржување на Собранието на „куќата на ракометот“ закажано за недела, кога Живко Мукаетов ќе добие нов четиригодишен мандат, по што погледите ќе се насочат кон изборот на нов селектор.

А во тој избор апсолутен фаворит е долгогодишниот капитен на македонската репрезентација, Кире Лазаров. Ракометната легенда најави дека на крајот од сезонава ќе ја заврши својата фантастична кариера, Лазаров не крие дека планира да остане во ракометот, а преземањето на националниот тим ќе биде огромен прв предизвик во тренерската кариера на сегашниот ас на Нант.
Разговори на оваа тема се веќе водени, кај двете страни постои расположение за Лазаров да седне на клупата, но проблем претставува фактот што десниот бек активно ќе игра до јуни, а дотогаш Македонија ја очекуваат четири средби од квалификациите за ЕП 2022, двомеч со Данска, а потоа и реванш-дуелите со Финска и со Швајцарија.

Во една таква ситуација, планот е за овој период да биде ангажирано привремено решение од домашната стручна фела, кое би ја извршувало селекторската функција во овој краток период.

Македонија има четири бода по првите две кола, со огромни шанси за пласман на ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Брестовац го напушти кормилото на ракометната репрезентација на Македонија

Данило Брестовац повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Македонија.

Ова денеска го потврди РФМ од каде соопштија дека е постигнат взаемен договор помеѓу двете страни и со тоа Брестовац го напушта кормилото.

Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.

Ванеса Брајант една година по смртта на Коби и Џиана: Никогаш нема да разберам!

Ванеса Брајант сопругата и мајка на една година од смртта на нејзиниот сопруг Коби и нејзината ќерка Џијана напиша: Никогаш нема да разберам зошто и како можеше да се случи ваква трагедија на толку љубезни суштества.

Точно пред една година денес кога легендата на НБА Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица загинаа кога нивниот хеликоптер се спушти во стрмниот рид во густата утринска магла во Јужна Калифорнија; поранешната sвездата на Лејкерс имаше 41 година.

Nike објави едноставно, трогателно видео во чест на Коби Брајант и многу други подржувачи, како и колеги во НБА на Коби објавија во чест на кошаркарот неговата ќерќа кои трагично загинаа лани.

На годишнината, вдовицата на Коби и мајката на Џијана, Ванеса Брајант, објавија писмо на Инстаграм испратено до неа од една од пријателките на Ванеса.

Денес го добив ова слатко писмо од еден од најдобрите пријатели на Џиана, Обри. Те сакам Аубз (како што би те нарекол мојата Џиџи). Ви благодарам многу што убаво споделивте некои од вашите спомени за мојата Џиџи и ми дозволивте да ги споделам тука на мојата ИГ. Мојата Џиџи е НЕВЕРОЈАТНА и навистина го ценам твоето внимателно писмо. Таа те сака толку многу. Исто така, многу ми недостасува девојчето и Коб-Коб. „Никогаш нема да разберам зошто / како можеше да се случи оваа трагедија на толку убави, љубезни и неверојатни човечки суштества. Сè уште не изгледа реално. Коб, го сторивме како што треба. Иџи, сепак ја правиш мама горда. Те сакам! – напиша таа на Инстаграм.

Кралот на стрелците, рекордер со 500 голови -„Lazarov the Great“ (Видео)

Тој е вистински Крал на стрелците, како што го нарекуваат, блескава кариера повеќе од 20 тина години еден од најдобрите стрелци,многу успеси и рекорди, Лазаров е вистински врвен спортист кој со години го носеше најголемиот товар и одговорност на целиот репрезентативен тим, храбра душа и со срце на терен ги одигруваше натпреварите, нашиот горд Македонец, големиот Лазаров.

По настапот на македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство (СП) кое е во тек во Египет, а од Интернационлната ракометна федерација (ИХФ) излезе целосна статистика за сите наши ракометари.

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров (40) и покрај годините е пример за сите, последниот Мундијал го заврши со 28 гола и 24 асистенции, прв во таборот на македонската репрезентација.

Тоа му носи нов рекорд од вкупно 500 голови постигнати на Светските и Европски првенства, нешто не остварливо до сега за ниту еден друг ракометар во историјата. Лазаров зад себе има настапи на 12 големи натпреварувања и тоа СП во 1999, 2009, 2013, 2015, 2017, 2019 и ЕП во 2012, 2014, 2016, 2018 и 2020.

ИХФ го искористи негово присуство во Египет за да му посвети видео со интервју и мала ретроспектива од Мундијалите. Го објавија како „Lazarov the Great“

https://www.facebook.com/watch/?v=427037441903337

Мукаетов останува претседател на РФМ уште четири години

„Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои ми дадоа поддршка мене и на мојот тим. Кога пред четири години застанав на оваа говорница ветив дека ќе се обидам македонскиот ракомет да функционира на поинаков начин од претходно. Во текот на овие 48 месеци вложивме многу напори и ресурси за работа со младите категории, кои треба да бидат база за работа за идните репрезентации. Ова раководство во изминатиот период се соочи со бројни предизвици, заеднички се радувавме на успесите, воедно и се јадосувавме при поразите. Убеден сум дека за пет до десет години до сега резултатите ќе бидат нешто на што сите ние ќе бидеме горди“, изјави Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Живко Мукаетов останува Претседател на Ракометната Федерација на Македонија откако на синоќешното Изборно Собрание, акламативно ја доби поддршката од членовите на Собранието. Од можни 40 делегати, вкупно 37 беа присутни на Собранието, при што едногласно му доделија нов четиригодишен мандат на Мукаетов.

Презентирајќи ги главните точки кои ги одбележаа активностите и работата на Федерацијата во минатите четири години, Мукаетов најави продолжување на растечкиот тренд и во наредниот период, заблагодарувајќи се на сите соработници и пријатели кои и досега го помагаа развојот на македонскиот ракомет.

„Сакам да се заблагодарам на генерациите кои помагале за развојот на македонскиот спорт, сите ракометари, претседатели, генерални секретари и сите оние кои овозможија ракометот да се развива во ова темпо“, рече тој.

ВИДЕО: Ова е нокаутот кој се прераскажува, Мекгрегор на подот во октагонот

Спектаклот во УФЦ 257 донесе победа на Дастин Порие над Конор Мекгрегор, Ирецот по една година се врати во ктагонот и борбата ја заврши со прв нокаут во кариерата.

Резултатот за некои аналитичари е изнеандувачки, за некои реалност, Мекгрегор го призна поразот, му честиташе на Порие, ова е нокаутот кој се прераскажува во УФЦ 257.

<

Еден исполнет аманет заврши со потписот на Дарко Панчев врз дресот на Дуке

Во сторија на Канал 5 денеска, конечно исполнет аманетот во фамилијата на Симеон Дуковски – Дуке, за дресот кој никгаш не беше потпишан од Дарко Панчев, сега се исполни.

Некогашниот спортски судија на зелените терени Симеон Дуковски – Дуке пред да замине во пензија во 1991 година го добил дресот од фудбалската легенда Дарко Панчев. Дуке изумил да му побара на Панчев да се потпише на дресот, годините минувале и Дуке почина во 2012 година – но неговото семејство не се откажало да ја исполно неговата силна желба и денеска конечно успеле во намерите дресот да го потпише Панчев како аманет оставен.

„Тој се опрости од фудбалот. После десетина години јас станав негов зет и случајно разбрав од него дека од прошталниот натпревар има таков дрес, но никогаш го немав видено. Дури ми спомна: Да, дресот ќе ти го дадам кога ќе имаш син. Јас син немам, имам само една ќерка. Дуке почина 2012 година, пред девет години. После 30 години почнавме да растураме нешто, да чистиме, и во еден заостанат шифоњер го најдовме дресот. Си реков, ова е шанса да го најдеме Дарко и да го исполниме аманетот од Симе да се потпише тој дрес и да остане кај нас во нашата фамилија како фамилијарно наследство.“вели Васил Стамболиски, зет на Симеон Дуковски – Дуке.

Неговото семејство со радост го пречека овој чин од страна на легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев и со почитување ги чуваат сите експонати од Дуке во свој дом, како неговото свирче кое ја делеше правдата на фудбалските терени.

Имено последниот свиреж Дуковски го означил на 9 ноември 1991 година на ревијалниот натпревар помеѓу репрезентацијата на Југославија и репрезентацијата која ја составиле спортски новинари од Македонија.

Повеќе во прилогот на Канал 5 телевизија

На Светско без Манасков, Борко, Џомба: Кире и Столе ќе ја водат Македонија

Светската ракометна федерација потврди дека е направена замена меѓу учесниците на Светското првенство во Египет. 
„Македонија како прва замена доаѓа на местото на репрезентацијата на Чешка која поради Ковид причини беше принудена да го откаже учеството на мундијалот“ објави ИХФ на својата официјална страна.

Македонија на СП ќе биде во група со домаќинот Египет, со репрезентацијата на Чешка и со екипата со која во Скопје двапати одиграме пријателски натпревари – Чиле. 
Од оваа група три репрезентации продолжуваат во главната рунда, една ќе оди во Президент Куп. Распоредот на натпреварите на Македонија е следниов:

Нашите најдобри ракометари својот прв дуел ќе го играат во четврток од 19 часот против Шведска, подоцна на 16 јануари ќе се сретнеме со домаќинот Египет а групната фаза ја затвораме со Чиле на 18 јануари.

Токму против Чиле остваривме две победи во Скопје, одиграни како генерална проба на Јужно-американците пред Светското. Во втора фаза одат по три селекции од секоја група, а нашата подоцна вкрстува со Х каде се Словенија, Белорусија, Русија и Јужна Кореја.

За „црвено-жолтите“ ова ќе биде седмо учевство на најголема сцена. Првиот настап го имавме во 1999 година токму во Египет, а потоа следеа СП 2009 во Хрватска, СП 2013 во Шпанија, СП 2015 во Катар, СП 2017 во Франција и СП 2019 во Данска и Германија.

Најдобриот резултат на Македонија на еден Мундијал е деветтото место во 2015 година. За оваа генерација, СП 2021 во Египет ќе биде седми голем светски настан во низа.

Распоред на натпревари:

14 јануари – Шведска – Македонија во 21:30 часот
16 јануари – Египет – Македонија во 19 часот
18 јануари – Македонија – Чиле во  16:30 часот