Category Archives: Спорт

Се за спорт

Македонија со триумф над БиХ ги почна квалификациите за ЕП

Одбојкарската селекција на Македонија ја оствари првата зацртана цел и квалификациите за следното Европско првенство ги започна со посакувана победа на репрезентацијата на Босна и Херцеговина (3-1). „Спартанците“ експресно ги заборавија лошите настапи и поразите од Бугарија и вечерва во Скопје покажаа игра како што се очекуваше од нив.

Босна можеби не разочара со својата игра и беше достоен противник во поголемиот дел од натпреварот, но искуството и квалитетот на нашите момци дојде до израз во прав момент и заслужено ги грабнавме првите бодови во овие квалификации. 

Македонската одбојкарска репрезентација со победа над БиХ од 3-1 (по сетови 27-25, 25-21, 23-25 и 25-19) го почна квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство годинава.

Покрај Македонија и БиХ, на двата турнира што ќе траат до сабота, ќе настапи и селекцијата на Турција.

Македонските одбојкари утре имаат слободен ден, а задутре ќе се сретнат против Турција. Потоа в четврток следува уште еден дуел со БиХ, а во последниот меч од групата Македонија ќе се соочи пак со Турција, в сабота.

Првопласираните репрезентации од оваа и од другите групи, вкупно седум, ќе се пласираат на континенталното првенство, како и петте второпласирани со најдобар ефект.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е фудбалер на годината во Хрватска

Капитенот на Динамо Загреб , македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, ја доби наградата за најдобар фудбалер во 2020 година според анкетата која ја спроведе „Т-Портал“, а гласовите се од сите 20 капитени на екипите кои настапуваат во првото хрватско првенство.

Во анкетата на „Т-Портал“, секој капитен на екипите од ХНЛ бираше по пет играчи за кои смета дека најмногу покажале во 2020 година. Адеми од можни 100 во анкетата освои 66 бода.

Во анкета во која се гласаше предводникот на хрватските „модри“ победи во анкетата со вкупно 66 бода, дваесет повеќе од второпласираниот Мијо Цакташ од редовите на Хајдук. Третото место му припадна на Франко Андријашевиќ од Ријека.

„Овој трофеј има посебно место помеѓу сите мои признанија“, изјави Аријан Адеми.

На Адеми му посакуваме одлична кариера со големи успеси во фудбалот.

Дресот на Марадона „Раката на Господ“ на продажба за 2 милиони долари

Дресот што го носи името „Раката на Господ“ на Диего Марадона може да биде ваш за 2 милиони долари.
Познатиот дрес „Раката на Господ“ на Диего Марадона е во сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој откри дека успеал да размени дресови со легендата на Аргентина по нивниот четвртфинален состанок на СП 1986 година.
Еден американски експерт за спортски спомени изјави дека иконскиот дрес на Аргентина „Рака на Господ“ што го носеше Диего Марадона за време на контроверзната победа на неговиот тим над Англија во четвртфиналето на Светскиот куп во 1986 година, може да биде достапен на продажба од два милиони долари. Дали сакате да го додадете во вашата колекција?

Дресот е моментално изложен во Националниот музеј на фудбал во Англија во Манчестер. Дресот Марадона му го подари поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, по четвртфиналниот натпревар во Мексико.
Стив Хоџ изјави дека успеал да разменидресови со Диего Марадона додека тие шетале во тунелот по иконскиот судир во четврт-финалето.

Дејвид Амерман од аукцијата „Голдин“ во Newу erseyерси верува дека кошулата може да достигне цена од дури 2 милиони долари и дека сопственикот бил подготвен за приватна продажба.

„Многу е тешко да се измери (вредноста) со дресот на„ Hand Of God “, но знам дека сопственикот бараше приватна продажба од два милиони долари“, беше цитиран Амерман за Ројтерс.

„Секако дека може да биде можност, вредностите скокнаа доста во фудбалот“.

„Тоа е реална можност“
Амерман ја расветли зголемената побарувачка за спортски спомени, посочувајќи како дебитантската фудбалска картичка на Марадона пред неколку години продадена за 10.000 УСД може да достигне цена од 20.000 УСД денес.
„Многу е тешко да се види како би се достигнала цената од два милиони долари, но не гледам зошто индивидуа која имала пари не би сакала такво нешто – навистина не можете да ставите број на тоа. Ако ја наоѓате вистинската личност на вистинското место, тоа е реална можност “, рече Амерман.
“Дебитантската фудбалска картичка на Марадона, неодамна продадовме копија за 10 000 американски долари. Ова е картичка што вредеше можеби неколку стотици долари пред само неколку години, а тоа беше пред неговата смрт. Видов една вчера на Интернет за која бараа 20 000 американски долари за “

Босански твитерџија: Ги пукнавме бугарите 40 разлика! Извини Заев

Премиерот Зоран Заев почнаа да го поврзуваат со источниот македонски сосед, па „Босански Буквалиста“ дури и му се извини што Босна и Херцеговина ја декласира Бугарија со 88:49 во квалификациите за Европското првенство 2022 во кошарка?!

Фудбласкиот свет тагува, почина Диего Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал во својот дом, во Тигре.

Марадона се опоравуваше од операцијата на мозокот.

Светот е во шок откако аргентинските медиуми пред само неколку моменти објавија информација дека починал еден од најдобрите фудбалери кои ги памети човештвото, легендарниот Диего Армандо Марадона.

Како што пренесуваат Аргентинците, Марадона доживеал денеска срцев удар кој, за жал, не успеал да го преживее.

Оваа вест ја шокираше светската фудбалска јавност, и покрај добро познатата ситуација дека постојано боледуваше изминативе години. Поголемиот дел од аргентинските фанови се уште не веруваат во веста која за само неколку секунди го обиколи светот.

Пандев: Уште не сме свесни што направивме

Круна на неверојатната кариера на Горан Пандев е пласманот на Европското првенство кој синоќа го обезбедија тој и неговите соиграчи од репрезентацијата.

„Сонот ни се оствари сите заедно да се радуваме и да настапуваме на Европското првенство. Поминавме долг пат да стигнеме до ова Европско првенство, дечките го заслужија ова. Уште не сме свесни што направивме, во следните денови ќе знаеме дека сме на Европско првенство“, вели Пандев.

МАКЕДОНИЈА ОДИ НА ЕВРОПСКО!!

После долго чекање, македонската фудбалска репрезентација е во позиција да игра за историја, да игра во Европско првенство.

Последната препрека кон оваа цел за која сонуваат Пандев и екипата е Грузија, но тој сон се оствари, во Тбилиси Македонија ја порази Грузија. Факт е дека беше тешко без Енис Барди, „моторот“ на екипата кој се повреди на последниот тренинг, како и големиот борец Аријан Адеми, кој е исто така неизвесен поради повреда, но сите момци се свесни дека мораа да го надополнат нивното отсуство на терен – оваа генерација предводена од селекторот Игор Ангеловски е зрела за ЕП!

Еве каде може да го гледате натпреварот Македонија – Грузија

Вечерва, сите заедно да ја поддржиме Фудбалска репрезентација на Македонија во мечот против Грузија. #НапредМакедонија #EURO2020


Натпреварот ќе може да го гледате на МРТ1 но eве и неколку корисни линкови:

https://www.gol.mk/fudbal/rezultat/1002828238/gruzija-makedonija#zivo

https://webtv.a1.mk

http://play.mrt.com.mk/live/42

https://sportmedia.mk/2020/11/12/грузија-македонија-во-живо/

Барди: Ајде момциии, сите сме со вас браќа!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди денеска нема да биде во составот на Игор Ангеловски за историскиот дуел што Македонија го игра во Тбилиси, Грузија за пласман на Европско првенство. Тој има повреда на грбот, па не отпатува со колегите од селекцијата на најважното гостување на нашата репрезентација, од осамостојувањето на државата.

Хабиб ја освои титулата и заработи милионска сума

Хабиб Нурмагомедов го задржа максималниот ефект во ММА борбите (29 победи во исто толку борби) победувајќи Џастин Гејчи во дуелот на шампионите. Русинот потегот за победа го направи во втората рунда, кога со нозете направи зафат на вратот од Гејчи, кој немаше друг избор освен да се предаде.

Нурмагомедов победата и титулата му ги посвети на неговиот татко, кој ја загуби битката со коронавирусот и почина пред неколку месеци. Тој најави дека за него борбата со Гејчи беше последна во ММА борбите.

-Разговарав со мајка ми и ѝ дадов збор дека борбата со Гејчи ќе ми биде последна, без разлика на исходот. Не можам да се замислам без татко ми и затоа се повлекувам. Се надевам дека уживавте со мене во ММА. – изјави Нурмагомедов.

Освен правата, УФЦ заработи и од продавање на мечот на приватни лица, преку „Пеј пер вју“ системот кој беше вистински погодок. Според информациите, Хабиб од својата последна претстава во октагонот заработил 3,1 милион долари, додека Гејчи „само“ 630.000 долари.