Category Archives: Uncategorized

Фотографија од Хрватска: Верното куче го чека својот сопственик кој нема да се врати

Земјотресот кој вчера ја погоди Хрватска беше страшен не само за луѓето туку и за животните. Многу кучиња се исплашија и побегнаа од своите домови, талкаат по улиците, додека други се вратија во урнатините, барајќи ги своите сопственици.



Помеѓу ваквите е куче кое стои пред демолираната куќа на сопственикот Миле Јурковиќ во Мајске Полјане кој повеќе нема да се врати.. Останува само урнатините од куќата, а тажната глетка на мало куче што седи пред куќата и го чека својот сопственик, ја направи фоторепортерот на Пиксел денес.

Засолништето за запуштени животни на градот Загреб објави упатства до граѓаните што да прават откако ќе пронајдат куче во подрачјето погодено од земјотресот.

Падна милионот: Еве кој е добитникот на 1 000 000 денари од наградната игра “МОЈ ДДВ”

Вечерва се извлечени последните 15 добитници на 20 000 денари од 10. коло на наградната игра „МојДДВ #Мојанаграда“.

Зоран Фурнаџиски е добитник на милионот од Мој ДДВ

Малиот Јане со моќна порака – „Никогаш не се откажувајте од своите соништа“

Најголемиот фан на фудбалската репрезентација на Македонија, Јане Велковски во интервју за Сител телевизија, испрати силна порака до сите луѓе на светот велејќи дека никој никогаш не треба да се откаже и треба да се бори за тоа што е негов сон.

Шилегов за украсувањето: Потрошивме 200.000 евра, но толку и заштедивме

Поради здравствената криза која го погоди светот и нашата земја дел од граѓаните како и пратениците излегоа со барање оваа година градот Скопје да не се украсува и средствата за истите да се пренаменат за заболените граѓани како и купување на амбулантни возила. Сепак, градоначалникот на Скопје остро се спротивстави на ова.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека Скопје залужи да биде украсено за Новата Година и покрај различните мислења околутоа, но вели дека е тоа сторено со 50 отсто скусени средства.

“Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 отсто намалени давачки”

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил соопшти дека возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки.

– Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50 проценти од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави Бектеши на својот Фејсбук. 

Денеска е Св. Архангел Михаил – празник на војводата на сите ангели

Cветиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 – 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да н ? помилува Бог и да н ? спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

Тропар
Архистратизи на небесните воинства, ние недостојните постојано ве молиме: со вашите молитви заштитете н?, под кровот на крилјата на вашата слава невештествена, пазејќи н? нас кои прилежно пред вас се поклонуваме, и кои повикуваме: Од неволји избавете н?, како началници на вишните сили.

Кондак
Архистратизи Божји, служители на божествената слава, на ангелите началници, и на луѓето наставници, просете го за нас она што е полезно, и милост голема, како бесплотни архистратизи.

Свети Ангел Лерински

Шилегов за новогодишното украсување на Скопје: А дома ќе красите ли елка?

Во цвечерашново гостување во „Само интервју“ на Канал 5, градоначалникот потврди дека нема да се откаже од идејата за новогодишно украсување на Скопје за што ќе бидат одвоени 200.000 вра.

На прашањето на новинарот Гоце Михајловски околу тоа, Шилегов со контрапрашање: „ А дома имате ли елка, Ќе ја красите?

Шилегов во продолжение објасни дека поради пандемијата со коронавирусот потребна е малку радост со оглед на тоа што, особено на децата им е ускратено детството, училиштата…

Жан Митрев: Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и мојот тим се ставаме на располагање да помогнеме

Академик д-р Жан Митрев вели дека синоќа од медиумите разбрал за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучи и приватните здравствени институции во справувањето со епидемијата предизвикана од Ковид-19.

– Јас од своја страна ја поддржувам секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање. Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата. Во меѓувреме, ситуацијата со бројот на ковид-пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти. Нема слободен кревет и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува, вели академик Митрев.

Тој потенцира дека работат со полн капацитет и оти персоналот им е веќе преморен, а дел и во изолација.

– Моментално 80 кревети се пополнети и имаме над 30 пациенти, кои чекаат да добијат слободен кревет. Како се отпуштаат оздравените на дневно ниво, така се пополнуваат сите кревети. Бидејќи ситуацијата е навистина сериозна, јас и целиот свој тим се ставаме на располагање да помогнеме со нашето знаење и искуство, кое го имаме од третирање на најтешките форми на инфекциите од Ковид-19, вели академик д-р Митрев.

Ковачев: Да им се одземат бугарските пасоши на Македонците што шират омраза кон Бугарија и бугарскиот јазик

„Ние сакаме да има транспарентност по тоа прашање. Можеби знаете дека според процедурата за добивање на бугарско државјанство по потекло, вклучува и Декларација во која што кандидатот декларира дека има бугарска самосвест, бугарски идентитет, а според таа Декларација се носи и казнена одговорност според членот 313 од Казнениот кодекс на Република Бугарија.

Тука се разбира е и декларацијата дека неговите родители, предци биле Бугари. Биле дел од бугарската заедница во бугарски села и градови, во Егејска и Вардарска Македонија. Секој кандидат што добил бугарско државјанство го докажал своето бугарско потекло по мајка, по татко или по двете линии. И самиот тој декларирал во посебна Декларација дека самиот тој се чувствува како Бугарин. Овде зборуваме за повеќе од 120.000 македонски државјани, кои имаат двојно државјанство од кое бугарското го добиле по потекло. За нас е многу непријатно кога такви луѓе што декларирале дека се Бугари и докажале пред бугарската држава дека се Бугари, потоа работат против Бугарија и не работат за добрососедството“, вели бугарскиот европратеник и заменик претседател на Европската народна парија (EPP) – Андреј Ковачев, во интервју за „Трибуна.мк“, прашан дали Бугарија размислува за одземање на бугарските државјанства на лица кои „активно се служат со говорот на омраза кон Бугарија заради некој нивен личен интерес“.

„Секој што сака и се смета за Бугарин може да добие бугарско државјанство, за тоа нема никаков проблем, но не треба да го злоупотребува тоа против Бугарија кога самиот се декларирал како Бугарин. Сум истакнувал и порано дека треба да има транспарентност, посебно за тие што злоупотребуваат, бидејќи тие декларирале дека имаат бугарско потекло и бугарски идентитет. Ако направиле тешки прекршоци, се разбира и дека треба да има одземање на бугарското државјанство.

Денеска го славиме Свети Аверкиј РамноапостоленСвети Аверкиј Рамноапостолен

Свети Аверкиј Рамноапостолен

Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабожци, а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и идолопоклоници усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно прочуено идолско празнување, Аверкиј се распали со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабожци сакаа да го убијат, во тој миг припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со урлање, а Божјиот човек со молитва ги изгони од нив демоните и момчињата станаа здрави и мирни. Кога го видоа тоа, незнабожците го свртеа својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец и веднаш петстотини од нив примија Крштение. Малку по малку целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти. Антипатот на таа област, Публиј, имаше слепа мајка на којашто Аверкиј со молитва ? го врати видот, та поверуваа во Бога Публиј и неговата мајка и мнозина други луѓе. На старост беше повикан во Рим, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Неколкупати на овој Свој верен следбеник му се јавуваше Господ Исус Христос. Од далеку и од околината кај него доаѓаа луѓе заради неговата чудотворна помош при нивните неволји. Демоните не само што се плашеа од него туку кога им заповедаше и му служеа. На заповед на Самиот Господ го проповедаше Евангелието и во Сирија и во Месопотамија. Пред својот љубен Христос се престави во длабока старост, во градот Јерапол, на крајот од 2 век.

Тропар
Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака, заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова, адот пред тебе глава наведна, и по твоите молитви мноштво души Спасителот при себе удоми, пастиру Божји, како на земјата така сега и на небесата спомни си за нашите имиња.

Преподобен Лот

Голем мисирски подвижник. Современик на Светите авви Арсениј Велики и Агатон. Се подвизуваше во својот манастир близу едно езеро крај градот Арсиној и на патот кон спасението раководеше со мноштво браќа. Негов близок другар и советник беше авва Јосиф. Еднаш Лот му рече на Јосиф: „Авво, постам колку што можам, ги држам молитвата и безмолвието и богомислието, и според својата сила се чувам од скверните помисли. Што уште, значи, да правам?“ Тогаш Старецот стана, ги крена рацете кон небото и неговите десет прсти заблескаа како десет пламени јазици. Па му одогвори: „Ако сакаш, сиот биди оган!“ Откако Му угоди на Бога и многумина ги поучи на патот кон спасението, Св. Лот се упокои мирно во 5 век.

Спомен на чудотворното избавување на Москва од Литванците со помош на Пресвета Богородица

Во времето на кнезот Василиј Јованович Литванците ја беа зазеле Москва и Русите паднаа во големо очајание. Тогаш Св. Сергеј Радоњежски му се јави на некој заробен епископ Арсениј и му вети дека Москва ќе биде очистена од Литванците со силата и молитвата на Пресвета Богородица. И навистина, утредента Литванците побегнаа од градот, а руската војска влезе во Москва. И сиот народ со радосни солзи ги прослави Бога и Пресвета Богородица.