Category Archives: Uncategorized

Амбасадата на Русија ја брани историската лага дека Бугарија ја нападнала Македонија

Речиси истовремено со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, и неговиот колега Ангел Џамбаски со реакција за објавата на Твитер од Амбасадата на Русија во Скопје.

„Уште еден доказ за тоа кој ги поттикнува антибугарските ставови во Северна Македонија. Како што гледате, Амбасадата на Руската Федерација ја брани историската лага дека Бугарија ја нападнала Македонија. Работата по оската Москва – Белград – Скопје очигледно се одвива со полна пареа“, реагира на Твитер членот на Европскиот парламент од ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов.

Лазаровото воскресение, песните на „Лазарките“ и народните верувања

Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина…

Од повеќе причини празниците Лазарево воскресение, односно Лазарева сабота и Влегувањето на Исус во Ерусалим односно Цветници се празнуваат заедно односно тесно се поврзани меѓу себе и тешко е да се толкуваат одделно. Тие претставуваат посебни Господови празници но и во народното празнување и во црковното толкување се третираат заедно.

Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица и се празнува во спомен на Лазаревото воскресение.

Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуваат напредок на семејството, здравје и среќен живот на поединецот. Особено со многу лирски чувства се исполнети песните за малите деца како што е и оваа песна од зборникот на браќата Миладиновци:
Малечкоо убоо, о Лазаре! На диван ми седеше,
со јаболко играше; мајка ле му викаше:
-Малечкоо убоо! Доста седе на диван,
доста играш с јаболко, дан’те царот догледат,
дан’ти царство поклонит! Уште речта не рече,
ми го царот догледа и му царство поклони.
Во зборникот на браќата Миладиновци покрај повеќето лазарски песни среќаваме податок и за изведувањето на овој обичај во Струга, во половината на минатиот век. „Рано децата ходат по куќи со шарени стапчиња. Тој ден, а повике в недељата, в Цветници се собираат девојките по махали и направјет една од них невеста. Кого ке сретат на п’т обколисват и пејет секому по возраста му т.е. ако је неженет друга песна, ако је женат друга; ако је жена или девојка друга. Тој дават пари на невестата која му целива р’ка. Со тие пари накупвет нужните јела и се гоштевает и попраштает Лазара со ора и песни“.
Кузман Шапкарев, пак, запишал дека на овој ден „младите моми на возраст од 12-13 години, се собираат во дружина од по 5-6 девојчиња и по едно момче, одат од куќа во куќа и заедно пеат лазарски песни соодветни со состојбите и условите во секоја куќа. Штотуку влезат во собата лазарките се наредуваат исправени во полукруг или на отворен лак, обрнати со лицето кон огништето или кон домаќините и под раководство и иницијатива на танчерката испеваат една или две песни соодветни на условите во куќата. Кога ги пеат се полулуваат напред и назад со телата. По испевањето бакнуваат рака на домаќините и домаќинките кои ги даруваат со по неколку пари или јајца. Парите ги собира танчарката, а јајцата раководителот на лазарките т.е. момчето со кошничката, кое нарочно го носи со себе. Ова последново и не пее“.

Во Гевгелиско лазарките пееле во групи по четири девојки, тие што на Тодорица во црквата се заколнале дека заедно ќе учат лазарски песни и „ќе пеат Лазар“. Се собирале во една куќа и на тргнување ја запевале песната:
Еј Лазаре, Лазаре,
море младо војниче!
Чиј са вија дворуве,
с бел босиљук митени,
с црвен стратор ринани?

Низ цела Македонија одејќи по куќите лазарките пееле песни за сите членови од семејството започнувајќи од најстариот. Нему му се пеело за синовите, снаите, внуците, за богатство и убави абери. На машките деца им се пеело за учење во манастир: „он го пратил за три години/ од се научил за три месеци“, на девојчињата им се пеело да се омажат за царевиот син, на ергените за грабење девојка, за женидба и убав живот. На девојка за мажење и се нагласувала нејзината работливост, се пеело за нејзините дарови, за свекорот и свекрвата, за деверите, золвите и јатрвите. Особено топли чувства се испеани во песните за невестите без деца. На мајките со мали деца, пак, им се пее за децата и тие се споредуваат со Сонцето:
Угреале две сонца, е Лазаре,
у мајкини пазу’и, е Лазаре, у таткои скутои, е Лазаре. Не ми беа две сонца, е Лазаре, тук ми беа два сина, е Лазаре, мајка им и галеше, е Лазаре.

Лазарките секаде биле пречекувани со задоволство. Не пееле само во куќите во коишто имало скоро умрен. Во таа смисла Миленко С. Филиповиќ забележал дека во Скопско „не се дозволува да играт лазарки, ни мајмун, ни мечка пред куќата во која некој умрел.“

Евтим Спространов забележал дека во Охрид Лазара се празнувало Цветници, а во Струга во саботата. На Цветници пак, како и на Благовец раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафино, кои се чувале пред иконата како свети нешата.

Во петроградското списание „Живаја старина“ во 1889 година објавени се повеќе обичаи и песни од Галичник запишани од Панајот Ѓиноски меѓу кои и такви што се изведувале на Цветници. „Цветници ја наречуваме Цветоносна недела, т.е. неделата што е пред Велигден. Утрината рано помладите невести ќе се променат во нова промена до тога необлечена, ќе си клает нов сокај и преврзок на глава или на чело и дарпна врзана и заедно со сфекрвите си, ќа си поет в цркоф на причесна. Напред требит да се причестит дете 3-5 годишно, пак по него невестата. Ако немат свое дете куќно ќе земет од некоја роднина, а без дете не се причестуват невестата, така гледает. В црков раздавает цвеќа (над кое пејана молитва) на сите, зато се таја недеља наречуват цветна.“
И во Скопско на Цветници се одело во црква од каде секој земал китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден. Во селата на Скопска Црна Гора тој ден се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично.

Во гостиварското село Вруток на празникот Цветници се одело на цвеќе. „Напред по цвеќе одевме на Цветници во местото што се викат Бука. Таму беревме каќунки, петопрс, здравец и други цветќа. После се враќавме назад и се допиравме ке чешмата на Ласко-Равен. Туе ќе си ручавме посно јадење: риба, маслинки и друго. Нестите и дејките ќе го китеа зравецот и другото цвеќе. После ќе пеевме, оро ќе тргаа нестите и ќе си пеа, а мие машките-ергените и младоженците гледавме како играат. И мие машките игравме само ко имаше т’пан.“

Во Струга Лазара се славело три дена и тоа: петокот, кога се навестувал празникот, саботата – „Дај ми пара Лазаре“ и неделата – Цветници или „Вијур, вијур Гајдано.“ Празникот се најавувал на тој начин што во петокот малите деца до седум-осум години, носејќи шарени стапчиња (со три бои) оделе кај роднините. Во саботата на Лазарева сабота, девојките во групи од три до пет во групата, облечени во народна носија како невести и со венчиња на главата излегувале на улица на минувачите им го попречувале патот и им пееле соодветни песни. Неделата пред Велигден освен Цветници се вика и „Вијур, вијур Гајдано“. Тогаш машки деца на возраст од околу десетина години облечени во стара облека, маскирани, со кожи префрлени преку нив, со ѕвонци и други реквизити одат во посета на куќите. Притоа групата поред секоја куќа пеела:
Вијур, вијур Гајтано, кој те тебе развива,
на вечерина на вода. Гајтанот ти ѕунеше,
како на маска опашка. Леле леле Лазаре,
кога дојде помина, со устата пеевме,
со чевлите тропавме, со раце се држевме,
Да е жив стопанот, да е жива стопанката.

Потоа се благословувало со овие благослови: За (име на машко) една невеста. За (име на девојка) еден зет. Амин. За многу години, здрави и живи, порадосни и повесели. Момчињата од групата носеле, торби, дисаѓи или кошници во кои ги собирале даровите. Потоа си ги делеле. Ова се сметало за специфичен струшки маскенбал.

Интересен обичај што се изведувал на овој ден е обичајот Кошкање на децата. Во минатото на овој обичај му се посветувало големо внимание. Ги кошкале сите деца што биле родени меѓу двете Лазареви саботи, што значи деца до една година. Ги кошкале дури и децата што имале по неколку дена. За овој обичај секоја мајка месела погача наутлија. Откако ќе ги испееле сите лазарски песни лазарките застанувале во збиен круг, мајката им го давала бебето, тие го прифаќале и со кревање горе-долу неколку пати си го подавале една на друга, го кошкале така до три пати и за тоа време пееле:
Имаш мајка, имаш татко, гајтане мој, гајтане мој,
од капата една пара, гајтане мој, гајтане мој.
Ем с’с мајка, ем с’с татко гајтане мој, гајтане мој.

Откако ќе ја испееле песната три пати, едно од девојчињата „со мајка и со татко“ (што значи да не е сираче) застанувало насреде во кругот, а една постара жена обично свекрвата ја земала погачата, ја раскршувала над главата на детето и едната половина им ја давала на лазарките, а другата половина ја земала мајката и ја раздавала на роднини и пријатели за здравје на детето.
Колку и да се врзани со настаните со Христово влегување во Ерусалим обичаите и песните поврзани со празниците Лазарева сабота и Цветници се поврзани и со пролетта, со појавата на цвеќето, а посебно лазарските песни содржат пред сè семејни мотиви желби за напредок на поединецот и семејството.

Тропар
Лaзарева Сабота 
(Свети Лазар)
Христе Боже, за да не увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!
Шијат, шијат терзии, е Лазаре,
на високи дивани, е Лазаре,
игли им се кршеа, е Лазаре,
во море и фрлаа, е Лазаре,
мостои се праеја, е Лазаре,
да минат лазарките, е Лазаре,
шчо сет морни, уморни, е Лазаре,
везден дена шетале, е Лазаре,
везден оро играле, е Лазаре,
играло се Лазаре, пејало се,
дур до века Лазаре до амина. 

Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Денеска, во Салата Борис Трајковски, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина која што во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.

„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.

Собранието е во втората фаза за вакцинација односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.

Никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паѓаш, колку и да грешиш

Ти си го одбрал животниот пат кој во наше време е необично тежок, и – ако издржиш до крај – за сите свои неволји ќе добиеш (малку се зборовите) милион пати поголем надоместок, па дури (да не речам – ќе заборавиш) да жалиш што тие биле – премногу мали… Можеби ќе ти изгледа чудно, но така е. Јас сум длабоко уверен, дека големите христијански маченици уште од секогаш жалеле затоа што премалку страдале и што не можеле да возвратат на љубовта со која биле должни да Го засакаат Бога. А љубовта се докажува на  дело за да му се угоди на саканиот, колку и да се бараат жртви од нас. Колку е посилна љубовта, толку е поголем стремежот таа да се докаже… а небесната љубов може да се докаже само со жртва. И како што вистинската љубов нема граници, така нема граници и жедта за саможртвување како доказ за љубовта. Кој Го љуби Бога, тој сака и да страда за Бога, и – во рамките на неговата љубов – расте и неговата желба да претрпи сè, само Господ да не се оддалечи од него и за да му стане поблизок. А човек не може, а да не Го љуби Господа, кога му се приближува, поточно кога Господ нему му се приближува.

Може да се претпостави дека оној црв што не спие и неизгасливиот оган во идниот живот се – бесконечна жалост на срцето поради тоа што имало време кога било возможно да се докаже љубовта кон Господа, да се претрпат разни страдања поради Него, но и со вера во Него меѓу сите сомнежи, среде сите стравувања, духовна осаменост, свест за сопствената немоќ, слабост и др., затоа што имало време, а ние ништо од тоа не сме сториле… Види, овде, на земјата, можно е и потребно е да се докаже својата љубов кон Господа со внатрешна одлука:„Ќе верувам во Тебе, и ќе ги исполнувам со сите сили Твоите заповеди, ќе страдам со вера во Тебе, ќе се одречам од сите и од сè, од личниот живот и од ближните свои, само Ти Господи, не се одрекувај од мене, не дозволувај да изгубам вера и храброст, и не дозволувај да Ти негодувам, ако ме снајдат премногу тешки жалости и страдања или на моите ближни, дарувај ми да Те засакам со сето срце!“

Ако си во такво расположение, ќе ти биде лесно да поминеш низ својот животен пат. Ако, пак, се двоумиш, и дозволиш сомнеж во срцето, ако се затемниш свесно нарушувајќи ги заповедите Божји и ја ослабиш својата духовна сила, ако не Го повикуваш постојано Господ на помош, а особено, ако се погордееш и се надеваш на своите сили – тогаш ќе паднеш и прекумерно ќе си го отежниш животот. Но и тогаш не губи надеж, и уште повеќе смирувај се и целата надеж остави ја во Господа, и на Неговото милосрдие и на Неговата помош.

Тоа е вистинско настроение, но, без опит, без паѓање и кревање, не можеш да се удостоиш со него[1].

Тоа се одликува со длабока свест за својата слабост и немоќ да се живее онака како наложуваат заповедите Божји, да се сака Бог онака како што Тој нè засака. А од оваа состојба се раѓа чувството на понизност, на плач и осознавање за неиспатливиот долг кон Господа – срце смирено и понизно, кое Бог нема да го уништи, и од кое ќе се роди онаа љубов кон Бога за која говорев на почетокот. Со сопствена волја и желба сè уште не може да здобиеме љубов, туку со живот воден по заповедите, со покајание, со плач поради своето паѓање, со длабока понизност поради тоа што наместо да Го љубиме и да Му угодиме на Бога, секогаш ја нарушуваме Неговата света волја.

Од плачот и понизноста се раѓа стравот Божји, поточно страв да не Го навредиме Бога, а потоа се јавува чувство за Божјото присуство, како што кажал преподобен Давид со зборовите: „Го презрев Господа со мојот грев…“, следи решеноста подобро да се умре отколку да се навреди Господ и да се лиши човекот од Неговата блискост, за потоа да добива сила во непријатностите, не само спокојно да ги поднесува, туку и да благодари за нив – а срцето ќе почувствува радост поради очистување по патот на непријатностите и задоволство што може да трпи поради Бог и преку тоа да Го возљуби. „Со што да Ти возвратам, Господи, за сè што си ми дал?!?“

Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!

Прости ми поради многуте зборови и поради доцнењето на писмово, но твојата несреќа ме натера да ти пишам. Се надевам ќе ти биде од корист и ќе ти послужи за утеха.

Пријателе мој, едно те молам: никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паднеш и колку да згрешиш и да Го навредиш Господ (Господ нека те чува), но како блудниот син, моли Го за прошка и секогаш труди се повторно да живееш по заповедите. „Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!…“ Кој оди кон Господа исполнувајќи ги заповедите, ако на патот падне, а потоа стане и оди напред, се наоѓа меѓу војниците Христови и од Христа ќе биде возвеличен, дури и да се здобил со многу рани поради духовната борба со своите страсти, со својата падната природа и бесовите.

Господ нека те вразуми, нека ја зачува твојата вера и твојата добра волја, нека те сочува од секое зло.

Господ нека те благослови.


[1] Падот со помислите е неопходен за познавање на себеси, својата немоќ, неподготвеноста за Божјото Царство; а преку нив се доаѓа до смирение, покажувајќи дека сам човек, со својата моќ не може духовно да расте, туку е должен постојано да повикува кон Бога за помош, да се повикува на Светите Тајни и на сè она што ни го дава Светата Црква. За духовно созревање помага читањето на Светото Писмо (Новиот Завет и светите отци). А уште подобро е ако имаме духовен раководител, но тие денес се ретки и приморен си да бидеш сам, раководејќи се со читање и молење, барајќи помош од Господа и светите угодници.

Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, стр. 24-26

Огромно албанско знаме и скандирања „УЧК“ за „Монструм”

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“, организиран од роднините и пријателите на осудените за убиствата кај Смилковскот езеро можеше да се слушнеше скандирање „УЧК, УЧК“.

Групата која протестира, од Чаир се упати кон зградата на Владата, а кај трговскиот центат „Мавровка“ беше развеано големо албанско знаме.

Фирерот дозна за победата на Пандев и другарите во Дуизбург (ВИДЕО ПАРОДИЈА)

Духовита видео пародија на тема победа на македонската фудбалска репрезентација врз Германија на база на филмот Бункер во кој што во оргиналот Хитлер дознава дека неговата нацистичка власт е пред пораз.

Во оваа верзија Хитлер дознава за поразот на Германија во Дуизбург од Пандев и другарите.

Супер интересното видео на овој линк>

(Видeo) Уpиниpaaт вpз дpжaвното знame и објавyвaaт нa Tик-Toк

Непочитувањето на државните симболи како кривично дело не е пречка граѓани на социјалната мрежа да поставуваат видеа кои се навредливи за огромен број други граѓани.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа момче од Македонија како уринира на државното знаме.

Пропратено со песна: „Ќе ни фатите сите Македонци“….

Во сериозна држава министерот за полиција и полицијата би го утврдила идентитетот на прекршителот и би покренала процес за сквернавење на државните симболи.

На 40-годишнината од формирањето на единицата „Тигар” доби нов амблем и ново име

Во касарната „Илинден” во Скопје денеска се одржи свеченост по повод одбележувањето на 40 години од формирањето на Специјалната единица „Тигар”.

По повод овој ден, во касарната Илинден се одржува свечена церемонија.

Пред неколку минути беше промовирано новиот амблем и лого на оваа елитна специјална единица.

Покрај логото, ЕСЗ Тигар добива и ново име. Од денес наместо Единица за специјални задачи Тигар, се преименува во Специјална антитерористичка единица Тигар.

Доцниш 1.399 дена: Маж со солзи ја дочека партнерката по 4 години разделеност

На меѓународниот аеродром во Скопје се случи неверојатно емотивна сцена која покажа дека вистинската љубов е посилна и од времето и од границите и од разделеноста.

Маж ја пречека својата сакана по четири години разделеност, по што кога ја виде и ја прегрна не можеше да ги задржи солзите.

Притоа, мажот ја дочека својата партнерка со порака: „Доцниш 1.399 дена“, со солзи во очите, со букет прекрасни рози и со тон емоции.

Од „Moments Production“ објавија Фотографии од оваа трогателна љубовна прикзна.