Category Archives: Религија

Светиот маченик Јустин Философ!

Роден од родители грци во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја бараше мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосле кај платоничарите.

Иако ни Платоновата философија не го задоволуваше, сепак најдолго се задржа на неа, бидејќи не наоѓаше нешто што повеќе би го привлекувало. По Божја Промисла, му се јави еден чесен старец, кој ја поколеба во него сета Платонова философија и му напомена дека луѓето не можат да ја знаат вистината за Бога додека Бог не им го открие тоа, а Бог ја откри вистината за Себеси во книгите на Светото Писмо.

Јустин почна да го чита Светото Писмо и сиот стана убеден христијанин. Сепак не сакаше да се крсти ниту да се нарекува христијанин сè додека лично не се увери во лажноста на сите обвиненија коишто незнабошците ги истакнуваа против христијаните. Со оглед дека во Рим дојде во философска долама, тој набрзо стекна таму голем углед и многубројни приврзаници. Присуствуваше на маченичкото кончание на светите маченици Птоломеј и Лукиј. Кога го виде мачењето на невините христијани, напиша апологија на христијаните и на христијанското учење и му ја предаде на царот Антонин и на сенатот.

Царот со внимание ја прочита апологијата и нареди да престане гонењето на христијаните. Јустин зеде препис од царската наредба и со неа отиде во Азија, каде што со помош на наредбата спаси многумина гонети хтристијани. Потоа се врати повторно во Рим. Кога настана гонењето од царот Марко Аврелиј, тој напиша друга апологија и му ја упати на царот. Некој нечесен философ Крискент, циник, го обвини како христијанин, од завист затоа што Јустин го надвладуваше во сите препирки и така Јустин падна во затвор.

Посакувајќи му смрт, а плашејќи се сепак да не се оправда на судот, Крискент најде прилика и некако го отру Јустин во затворот. Така го заврши својот земен живот овој голем заштитник на христијанската вера и се пресели во блажената вечност во 166 година.

Денеска е Преподобна МАКРИНА – Прекрасна во умот и во благочестието

Баба на Свети Василиј Велики. Беше прекрасна во умот и во благочестието.

Ученичка на светиот Григориј Неокесариски чудотворец. Во времето на Диоклецијан го напушти својот дом и со мажот ѝ, Василиј, се криеја по шумите и пустините.

Нивниот имот беше конфискуван, но тие не жалеа за тоа.

Лишени од сè освен од љубовта кон Бога, се населија во една прастара шума, во која поминаа седум години. По Божја Промисла, кози се спуштаа од планините и им се подаваа, па тие се хранеа така.

Обајцата се упокоија мирно во 4 век, после многу страдања за верата Христова.

Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски

Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архијерејскиот престол во Халкидон. Како архијереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и сиромашните.

Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го значењето на иконите. За ова претрпе многу понижувања, злоставувања и затварања.

Најпосле беше протеран во прогонство заради исповедањето на вистинската вера и сред трудови и страдања се престави кај Господ за да прими венец на слава во Царството Божјо.

Обичаи за Духовден, овие работи жените не смејат да ги прават

Црковниот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена по Велигден е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува.

На овој ден, на некои места се организираат поворки во кои учествуваат најубавите девојки од селото. Тие претставуваат русалки, вили настанати од душите на починатите девојки и потпоените жени, закопани без погребни обреди. Верувањата велат дека русалките настојуваат да нанесуваат зло, особено на жените и сакаат да намамат жртва до вода и да ја удават.about:blank

Оттаму постојат многу забрани и ограничувања, па приказната вели дека не е во ред да се спие преку ден, бидејќи русалките демнат на крошните од дрвата, па можат да наштетат во сон. Жените не треба да перат облека, да предат волна и да ткаат, ниту да завршуваат некакви домашни обврски.

Оној кој ќе дојде во контакт со русалките или ќе се разболи или ќе полуди. Затоа народот верува дека секогаш со себе треба да се има лук или пелин.

Денеска е Духовден, празник на Светиот Дух и на основањето на Христијанската црква

Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, денеска одбележуваат православните христијански верници во Македонија. Овој празник уште се вика и Света Тројца зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните претци. Духовден се вика и Педесетница, не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот што му дава печат на овој ден се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Овие два празника Пасха и Педесетница, заедно со Преполовение се единствените што имаат основа во Стариот завет. Евреите го празнувале Пасха како ден на излегувањето на еврејскиот народ од египетското ропство, а празникот Педесетница го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги подарил законите на Мојсие во Синајската Гора. Во Новиот завет Пасхата станала празник на излегувањето на човекот од ропството на гревот и на смртта и на влегувањето во вечниот живот, а Педесетницата во спомен на дарувањето на Светиот Дух на апостолите.

Тој ден апостолите биле на едно место во Ерусалим, биле дванаесет на број зашто испразнетото место на Јуда Искариотски, кој по предавството на Исус се обесил, го пополниле со Матеј, кого го избрале со коцка од учениците Христови, за нивниот број пак да биде дванаесет. Околу 9 часот наутро одеднаш се слушнал силен шум од небото како дување на силен ветар, се покажал Светиот дух, ја исполнил просторијата, а потоа во форма на пламени јазици слегол врз апостолите. Овој момент е претставен и на иконите во нашите цркви каде што се насликани на едно место сите апостоли, заедно со Богородица, а над нивните глави се гледаат пламени јазици што всушност го претставуваат Светиот Дух.

По овој настан апостолите започнале да зборуваат на разни јазици, а многубројниот народ што се собрал по силниот шум помислил дека тие луѓе зборуваат неразбирливо затоа што се пијани. Тогаш се појавил светиот апостол Петар кој на собраните луѓе им објаснил дека тие луѓе не се пијани туку се исполнети со Светиот Дух што им го испратил Господ. Потоа ги поканил да се крстат, а многумина што чувствувале товар на совеста поради настаните што му се случиле на Исус Христос, веднаш прифатиле да ја примат верата Христова. Само во тој момент се крстиле околу 3.000 луѓе.

Со ова се исполниле зборовите на Св. Јован Крстител кој подготвувајќи го народот за доаѓањето на Исус Христос, повикувајќи ги луѓето на покајание и крштевајќи им ги зборувал: „Јас ве крштевам со вода, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.“ (Матеј 3/11).

Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква, се изведуваат некои обичаи, а во некои места попладнето се оди на оро. Во народното верување овој празник најповеќе се поврзува со душите на умрените. Се верува дека од Велигден до Духовден душите на умрените се слободни. А бидејќи душите на мртвите се слободни во овој период и бидејќи им е мило да се покрај своите, луѓето им приредуваат гозби. Особено тоа го прават на Задушница, саботата пред Духовден.

На Духовден се раздава „за душа“. Тоа се прави и за да се задоволат мртвите зашто пред да бидат затворени треба да бидат убаво нахранети. Поради тоа човек не смее ништо да јаде додека не раздаде нешто за „задуша“. Народот верува дека на овој ден душите на мртвите се причестувале поради што луѓето раздавале за „бог да прости“ за да имаат тие со што да се причестат. Кај нас до денес е задржан обичајот на овој ден  на гробовите да се носат дулиња (бардачиња). Во некои краишта тие се оставаат на гробовите и во текот на годината кога се оди на гробот се дополнуваат со вода, а во други места се раздаваат најчесто на поблиски роднини и пријатели, се носат дома и од нив се пие вода за душа од умрените и за споменување на нивните имиња.

Денеска се празнуваат Светите цар Константин и Елена

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин.

Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики. За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот Милански едикт, со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол.

Денеска и утре е Задушница: Чест и молитва за душите на починатите

Православните христијани во денес и утре ја празнуваат Задушница, а во недела Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

50 ДЕНА ПО ВЕЛИГДЕН Е ДУХОВДЕН – во недела е голем празник, различно од Задушница, овие работи никако не смеете да ги направите!

Црковниот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена по Велигден е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува.

На овој ден, на некои места се организираат поворки во кои учествуваат најубавите девојки од селото. Тие претставуваат русалки, вили настанати од душите на починатите девојки и потпоените жени, закопани без погребни обреди. Верувањата велат дека русалките настојуваат да нанесуваат зло, особено на жените и сакаат да намамат жртва до вода и да ја удават.

Оттаму постојат многу забрани и ограничувања, па приказната вели дека не е во ред да се спие преку ден, бидејќи русалките демнат на крошните од дрвата, па можат да наштетат во сон. Жените не треба да перат облека, да предат волна и да ткаат, ниту да завршуваат некакви домашни обврски.Loading…

Оној кој ќе дојде во контакт со русалките или ќе се разболи или ќе полуди. Затоа народот верува дека секогаш со себе треба да се има лук или пелин.

ВО ПЕТОК И САБОТА Е ЗАДУШНИЦА – оваа грешка никако не смеете да ја направите на гробовите на вашите блиски!

Православните христијани во петок и сабота ја празнуваат Задушница, а во недела Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.Loading…

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат.

Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Денеска се слави Светиот апостол Андроник

Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија.

Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. Обајцата имаа благодатна сила на чудотворство, со којашто ги изгонуваа демоните од луѓето и исцелуваа секаква немоќ и болест.

Обајцата пострадаа за Христа и така примија двоен венец: и на апостолство и на мачеништво. Нивните свети мошти се најдени во Евгениските предели (забележано под 22 февруари).