Tag Archives: Бог

Луѓето што веруваат во Бог се посреќни

Многу истражувања на различни центри покажале дека луѓето кои веруваат во Бог се посреќни од оние кои не веруваат. Во продолжение и неколку причини за нивната среќа.

-Луѓето што веруваат во Бог помалку се грижат за сите нешта кои им се случуваат бидејќи знаат дека не се сами и дека Бог се грижи за нив.

-Молитвата е еден од главните клучеви за среќа. Луѓето кои се молат остваруваат духовна врска со Бог која им дава сила, мира, надеж. Молитвата ги насочува да бараат помош од Бог, ги ослободува од стресот и им дава небесен мир.

-Луѓето кои веруваат во Бог се посреќни бидејќи љубовнта Божја делува на нив.

-Помагањето на други луѓе и правањето на добри дела ги исполнува и прави посреќни. Несебичноста е еден од условите поради кои се многу посреќни. Тие знаат дека Бог ги води и чува во текот на нивниот живот.

-Ослободени од чувството на вина и теретот на гревот кои ја заробтуваат душата. Бог е извор на нивната среќа.

Заштита и поддршка може да најдеме само во Бога

Како што очите ги гледаат сетилните предмети, така верата преку духовните очи гледа во невидливото. (Преподобен Исак Сирин).

Човекот е роден со чувство за доверба. Детето е мирно во рацете на мајката, која за него во првите денови и недели го опфаќа целиот свет, целата Вселена. Таа девет месеци го носи под нејзиното срце, и тоа е неразделно од неа. Неговата мајка е извор на живот, храна и топлина за него.

Светот за детето, постепено се шири. Неговата нежна и чиста душа болно ги согледува несовршенствата на светот, кои му го даваат животното искуство. Човекот почнува да разбира дека не можете секому да се доверува, но чувството на доверба никогаш не исчезнува. Тоа е поставено од Создателот и останува до крајот на животот. Ние им веруваме на наставниците кои нè учат, на екипажот во авионот, во кој седиме, за да стигнеме некаде, на хирургот кој нè оперира.

Во повеќето случаи, ние не ги познаваме, но веруваме во нивната професионалност и искреност. Во нашите животи, ние секојдневно пројавуваме вера и доверба.

Во различни животни околности, човекот се стреми да најде заштита и поддршка не само за да ги избегне реалните опаcности, туку и да се ослободи од cтравот и вознемиреноста, да ја стекне смислата на животот, и смирено и самоуверено да се стреми кон достигнување на повисоки цели.

Во светот во кој има многу непријатности, невозможно е да се најде такво прибежиште. Заштита и поддршка може да најдеме само во Бога. Верувањето во Бога е цврста и сигурна основа за човечкиот живот. Словенски збор надежда, надеж, доаѓа од придавката „надежен“. Верата е силно сидро, кое ни помага да застанеме во брановите на секојдневните бури и да не се срушиме врз камењата. Не е случајно што сидрото е првиот христијански симбол на верата и надежта.

Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот, соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на телото. Душата е дел од невидливиот свет, кој има свои закони. Затоа, таа мора да води духовен живот, следејќи ги тие закони.

За да бидеме здрави, да имаме плодови и да го наследиме вечниот живот, душата треба да се стреми да го спознае Бога и да се соедини со Него како со Извор на животот. „Телото не може да живее без дишење, а душата невозможно е да постои, ако не го запознае Создателот“ (Свети Василиј Велики).

Што е неопходно, за да живееме правилен духовен живот, кој ќе принесува плодови? Пред сè, потребна е – вера. Без неа, ние не можеме да се надеваме на Бога, да се молиме на Бога и да го љубиме Него. Бог се обраќа кон секое човечко срце. Одговор на тој Божји повик е верата. Глувоста, нечувствителноста кон Божјото обраќање или несакањето да го следиме тој повик, е неверието и тешката болеcт на душата. Верата му се дава на човекот од Бога, но човекот за да ја добие, треба да го поправи својот гревовен живот. Првиот чекор кон тоа, треба да биде покајанието. Тогаш во душата ќе се појави првиот никулец на верата, кои со текот на времето ќе донесе спасителен плод.

Верата започнува со мал и едвај забележлив никулец: Верувам Господи! Помогни му на моето неверие. Овој молитвен плач со солзи, се излеа од таткото на тешко болниот син, како одговор на зборовите од Спасителот: „Ако можеш да поверуваш? Сè е можно за оној што верува!” (Марко 9, 23). Кога ние ќе сфатиме со сето свое битие, дека само Бог може да ни помогне, и никој освен Него не може да нѐ излечи од гревот и да нè спаси од вечна смpт, тогаш нашата вера почива врз добра почва и донесува плодови. Затоа, чувствувајќи ја желбата за да веруваме на Бога, потребно е да го молиме Бога, Он да ја подигне и да ја зголеми таа вера во нас. Ни една молитва Бог не ислопнува толку брзо и лесно, како оваа!

Секој што го бара Бога, ја повикува Светата Црква да му помогне. Во неа, преку Светите Тајни пребива самиот Господ, Кој ни дава можност да се соединиме со Него. Ако ние, не само со нашиот ум, туку со нашето срце, ја прифатиме оваа вистина, тогаш Евангелието ќе се отвори за нас, како радосна вест за нашето спасение и нам ќе и бидат достапни тајните на Царството Небесно. Најголема од нив е – љубовта. Како што Господ ги поучува Своите ученици: „Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15, 12). За нашата вера да не биде нестабилна, потребен е труд.

Тој започнува со молитва кон Бога. И Господ ќе одговори на молбата. Но, за да не се загуши никулецот на нашата вера во трњето, ние мораме да се очистуваме од нив (од самољубие, грешни навики, страсти, духовна раслабеност и мрзеливост). Птиците нема да го исколваат семето на нашата вера, и плевелот нема да ја загуши, ако почесто се оддалечиме од светската суета и го засакаме храмот. Таму, под закрилата на Севишниот (Псал. 90, 1), нашата вера ќе биде заштитена од сè што е штетно, растејќи и носејќи добри плодови. Конечно, почвата на душата мора да омекне и да се загрее. Ништо не ја прави нејзе толку камена и ладна како самољубието и сконцентрираноста кон себеси. Овие з ла се надминуваат со добри дела и активна љубов кон луѓето, сеќавајќи се, дека „верата без дела е мpтва“ (Јаков 2, 20).

Денеска го празнуваме Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски – Имал од Бога голем дар на чудотворство!

Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архијереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек и го крсти овој човек со името Анастас. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид.

Заради ова беше обвинет кај царот Максимијан, којшто во тоа време престојуваше во Илирија. Царот го изведе пред бакарната статуа на Зевс и му нареди да принесе жртва и да му се поклони на идолот. Свети Еразмо направи, преку благодатта, па од статуата излезе страшен змеј и го исплаши сиот народ.

И пак направи светителот со благодатта и змејот пцовиса. Тогаш светителот Го проповедаше Христа и крсти дваесет илјади души. Огорчен, царот нареди и ги заклаа сите овие дваесет илјади христијани, а Еразмо го стави на тешки маки, па потоа го фрли во затвор. Таму му се јави ангел Божји, како некогаш на светиот Апостол Петар и го изведе Еразмо од затворот.

По ова овој Божји слуга отиде во Кампанија, каде што им го проповедаше Евангелието на луѓето, па повторно се врати во градот Хермелија, каде што се повлече во една пештера, во која се подвизуваше до смртта. Пред смртта, трипати се поклони кон исток и со воздигнати раце Му се молеше на Бога, Бог да им ги прости гревовите и да им подари вечен живот на оние коишто со вера ќе го повикуваат неговото име.

На крајот од молитвата се слушна глас од небото: „Нека биде како што се молеше, исцелителу мој Еразмо!“ Сиот радосен светителот погледна уште еднаш на небото и го виде венецот на славата кога се спушташе на него и виде хорови Ангели, пророци, апостоли и маченици, кои приоѓаа да ја примат неговата душа.

Најпосле самиот возвикна: „Господи, прими го духот мој!“ и издивна, во 303 година. Пештерата со црквичката на свети Еразмо и денес стои недалеку од Охрид и од неа и до денес се пројавува големата сила на овој Божји угодник, свештеномченик Еразмо.

Бог е поголем од твоите проблеми

  1. Престани да се грижиш. Животот ти зададе удар, а ти седиш и се грижиш. Дали заборави дека Јас сум тука за да го носам цел терет за тебе? Или уживаш во мрчењето кон секоја ситница која ќе ти дојде во животот?

2. Направи список. Нешто треба да се направи или да се погрижиш за нешто. Стави го тоа на списокот. Не, не на твојот список. Стави го тоа на Мојата листа. Дозволи ми Јас да се погрижам за проблемот. Не можам да ти помогнам, се додека тоа не ми го предадеш Мене. Иако Мојата листа е долга, Јас сум на крај на краиштата Бог..

Можам да се погрижам ако било што ставиш во Мои раце. Всушност, за волја на вистината, јас се грижам за многу работи за кои ти воопшто не размислуваш.

3. Верувај ми. Кога еднаш Мене ќе ми го предадеш теретот, престани да се обидуваш повторно да го земаш назад. Верувај ми. Имај верба дека ќе се грижам за сите твои потреби, проблеми и искушенија. Проблем со децата? Стави ги на мојот список. Финансиски проблеми? Емоционален проблем? За Мене, стави ги на Мојата листа…

4. Остави настрана. Немој да се разбудиш едно утро и да кажеш: ‘ Ха, сега се чувствувам посилно, мислам дека можам да излезам на крај со тоа’..Зошто мислиш дека се чувствуваш појак? Едноставно. Ми го предаде својот терет и сега Јас се грижам за тоа. Јас исто така, ја обновувам твојата сила и ти давам мир.

Но, знаеш ли, ако ти ги вратам проблемите назад, ти повторно ќе бидеш на почеток? Остави ги своите проблеми со Мене и заборави на нив. Пушти ме мене да ја работам својата работа.

5. Разговарај со мене. Сакам да заборавиш на многу работи. Заборави она што те излудуваше. Заборави на грижи и искушенија бидејќи знаеш дека јас имам се’ под контрола.

Но, една работа те молам никогаш не заборавај- да разговараш со Мене- Често! Те сакам! Сакам да го слушнам твојот глас. Сакам да бидам вклучен во се’ што се случува во твојот живот. Сакам да слушам за твоите пријатели и семејство. Молитва е едноставен разговор со мене…

6. Имај верба. Од горе, гледам многу работи кои ти не можеш да ги видиш. Имај верба во Мене дека знам што работам. Ќе продолжам да се грижам за тебе, да внимавам на тебе и да ги задоволам твоите потреби. Само треба да Ми веруваш. Иако имам поголема задача од тебе, се чини дека имаш многу проблеми во извршувањето, само на својот едноставен дел. Колку тешко може да биде да Ми веруваш?

7. Дели. Кога имаше 2 год, научи да делиш. Како тоа го заборави? Тоа правило и сега вреди. Дели со оние кои се помалку среќни од тебе. Дели радост со оние, на кои им треба охрабрување. Дели смеа со оние, кои долго не се насмеале. Дели ги своите солзи со оние кои заборавиле како да плачат. Дели верба со оние кои ја немаат.

8. Биди трпелив. Во само еден живот, создадов можност да искусиш различни искуства. Растеш од дете до возрасен човек, имаш деца, многу пати ги менуваш работите, учиш многу работи, патуваш на многу места, сретнуваш многу луѓе и толку многу ќе искусиш. Како тогаш можеш да бидеш толку нетрпелив кога Мене, ако ми е потребно малку повеќе време од она што ти го очекуваш, да го решам твојот ‘проблем’?

Верувај во мојата точност, бидејќи Моето темпирање е совршено. Само затоа што Свемирот го создадов за 6 дена, сите мислат дека Јас секогаш брзам, брзам, брзам….

9. Биди добар. Биди добар кон другите, бидејќи и нив ги сакам подеднакво како што те сакам тебе. Можеби не се како тебе и не го живеат животот на твој начин, но сепак јас сите ве сакам. Те молам, обидете се да се сложувате поради Мене. Секој од вас го создадов различен во нешто. Би било досадно ако сите сте идентични. Те молам, знај дека ја сакам секоја твоја разлика.

10. Сакај се себеси. Така многу те сакам тебе; како можеш тогаш да не се сакаш себе? Те создадов само од една причина – за да бидеш сакан и да знаеш да сакаш. Јас сум Бог на Љубов. Сакај ме. Сакај го ближниот и сакај се себеси. Се растажувам кога ќе те видам тебе како се лутиш на себе, кога работите не одат како што ти очекуваше. Многу си ми драгоцен.. И никогаш тоа немој да го заборавиш..

Верата во човекот. Верата во себеси. Верата во Бог.

Кога зборуваме за верата ние секогаш мислиме за верата во Бога. Всушност, постои и вера во човекот и таа вера го определува нашиот живот, во најмала мера исто толку постојано и длабоко како и верата во Бог. Освен тоа, во Бога веруваат не сите, а да се живее со луѓето – не се може без вера во човекот. Имено, на верата во човекот се засновани сите обиди на промена – општествени, политички, семејни, зашто што и да ни се проповеда – било да е тоа религија или ново животно уредување, доколку човекот не почне се труди, не го остварува тоа што е замислено, тоа никогаш и во никој случај нема да се оствари.

Затоа, секој реформатор, секој човек којшто ги повикува луѓето кон нешто ново, го засновува својот повик на верата во човекот; а во малите работи, во секојдневниот живот се е засновано на верата дека во човекот има нешто добро и убаво што може да одговори на потребата, на тагата, на радоста, што може да послужи како основа за градење на животот. И, еве, за оваа вера би сакал нешто да кажам.

Таквата вера не е лековерие, не е наивен однос кон човекот, кој допушта дека наводно сѐ е возможно, дека треба само да му се обратиш на човека и тој ќе се одѕвие. Меѓутоа, тоа е воедно и уверение во тоа дека нема таков човек во кој не би постоела вистинска човечка длабочина, дека нема таков човек во кој не би можело да се познае она што е добро и достојното во него. Кон таквото уверение ние приоѓаме во сите области на животот. На пример, сега во сите (развиени) земји од светот се одвива една голема трансформација на затворскиот систем. Порано престапникот го затворале во затвор за да го оддалечат од човечкото општество; тој бил отсечен дел. Сега под затвор сѐ повеќе се подразбира место каде што на престапникот може да му се помогне да стане човек. Значи, таквиот однос преставува вера во човекот. Оваа вера не се заснова на очигледност; често човек преку очевидноста мора да погледне некаде во длабочините и да открие нешто што како на изглед да не постои. Во Евангелието има два раскази, кои многу јасно го покажуваат односот на Христос кон човекот, Неговата вера во човекот.

Првиот случај го наоѓаме во Евангелието по Јован, во осмата глава. Тој е расказ за тоа како при Спасителот довеле жена фатена во прељуба. Очигледноста била против неа, таа била фатена во прељуба, подлежела на осуда и строга казна. Христос не ја осудил. Он ја осудил нејзината постапка; не ја прифатил како прељубница, туку се загледал во длабочината на нејзината душа и во неа видел можност за нов живот; Он во оваа прељубница проѕрел чистота што во неа не умрела. Кога оваа жена застанала пред судот, кога открила дека нејзиниот грев значи смрт, таа, конечно, се освестила. Во тој момент, сѐ што и зборувале: дека гревот убива, дека гревот уништува – станало реалност: таа згрешила и неа сега, според тогашниот закон, требало да ја каменуваат. Таа сфатила дека, доколку одново ѝ биде даден живот, повеќе никогаш нема да посегне кон тоа што само по себе носи смрт. И Христос го проѕрел тоа. Тој се обратил кон луѓето наколу и рекол: „Кој е без грев, нека го фрли првиот камен!..“ И сите заминале. А кога Христос останал Сам со таа жена, Он ѝ рекол: „Каде се тие коишто те осудуваа?“ – „Си заминаа“ – одговорила таа. – „Ни Јас не те осудувам; оди и не греши повеќе“.

Господ Исус Христос и жената фатена во прељуба

Со тој пример гледаме како Христос умеел да се вгледа во човекот и да ги согледа сите негови можности, кои како да биле сокриени со постапките на тој човек.

Другиот расказ е, исто така, впечатлив: средбата на Христос со апостолот Петар, откако овој поради страв три пати се одрекол од Него, плашејќи се. Христос не го прашува: „Не ти е ли жал за тоа што го стори?“ Он му вели: „Ме љубиш ли?“ И Петар од душа одговара: „Да, Господи, Те сакам!“ Но Господ три пати го поставува тоа прашање. И одеднаш, осознавајќи го значењето на тие три прашања, сфаќајќи дека сета очигледност е против него, Петар вели: „Ти сѐ знаеш, Господи! Ти знаеш дека Те сакам!“ И Христос го прима повторно помеѓу Своите ученици.

Умееме ли ние вака да постапуваме? Зарем можеме да поверуваме дека човекот кој постапил спрема нас лошо, има право да каже: „Да, јас тебе те сакам! Во мене нема храброст, нема длабочина, нема доволно умствени сили, но јас тебе сепак те сакам“ – и сѐ е возможно.

Кога би можеле и ние така да се однесуваме едни кон други! Кога би можеле еден на друг да си веруваме, да не би биле заслепени ниту од грешките на луѓето, ниту од нивните постапки; да не би нѐ заглушувале нивните зборови, туку молчаливо да се загледаме во човечката душа и да ја наѕреме во неа можната човечност, можното човечко величие и, соодветно, да му понудиме на човекот нов живот, да му го предложиме нашето доверие – и да го повикаме да живее во полната мера на своето човечко достоинство! Кога би можеле ние така да се однесуваме еден кон друг, сѐ би било возможно меѓу луѓето, би се преобразиле и нов живот би настанал за човештвото.

После претходната беседа ми беше поставено прашањето: „Што ако човек рече: кај мене твојата доверба и вера во мене ги надминуваат моите сили? И јас би сакал да одговорам на ова прашање, бидејќи е многу важно.

Вообичаено ние страдаме поради тоа што во нас не веруваат. Ние чувствуваме дека во нас има некакви можности, но за да ги оствариле нам ни е потребна поддршка од срце коешто верува во нас, човечка љубов, човек кој би рекол: „Да! Не плаши се! Ти можеш себеси да се оствариш!“ Но, понекогаш, кога ни е дадена таква доверба, кога таа ни е подарена, нам одеднаш ни изгледа страшно: „А што ако ја изневерам оваа доверба? Што ако ништо не ми успее, што ако вртлогот на моите мечти во мене се расее како магла кога изгрева сонцето? Што ќе биде тогаш? Зарем потполно да ја изгубам довербата, почитта, можеби, дури и љубовта на тие коишто толку се надеваа во мене?

И ова на човекот често му пречи. Но нас, можеби, уште повеќе ни смета тоа што многу често, кога друг човек ни ја подарува својата доверба, тој како да верува во невозможното, како да не го зема предвид тоа што јас сум просто обичен, нормален човек. Нам ни се чини дека тој на се сѐ надева: дека ние небаре можеме да направиме сѐ, сѐ без ограничување, безусловно сѐ. И тогаш сфаќаме, од една страна, дека тоа е невозможно; и се плашиме да се врземе за тоа; а од друга страна, кога се грижиме тоа да го оствариме, се открива дека ние не можеме да се покажеме на висината на таа „безумна“, „непромислена“, „безусловна“ доверба што ни била дадена. И еве тука две страни.

Од едната страна, оној којшто му дава доверба на друг, кој како подарок, како вдахновение, му ја принесува својата вера, тоа треба да го прави промислено, разумно, мудро; а од друга страна, човекот кому таа вера му се дава, должен е да биде трезвен, свесен и да ги вложи сите усилби за творечки да го оствари своето призвание, и уште да знае дека во него има некакви ограничувања. Овие ограничувања не секогаш можеме да ги откриеме пред да започнеме да се трудиме. Само кога ќе пристапиме кон изучување на некоја наука, кон читање на некоја книга, кон какво и да било дело, ќе видиме колку ние можеме да оствариме и каде завршуваат нашите можности. Но мораме  да почнеме. И не смееме да се плашиме во моментот кога ќе дојдеме до границата на своите можности, затоа што – и ова е многу важно – довербата што ни е дадена, верата што во нас се вложува, се однесува не кон тоа ние да оствариме сѐ што на човекот му е возможно воопшто, туку кон тоа ние да се оствариме себеси колку што е можно подобро.

Во оваа смисла е приказната на Христос за талантите. Зборот „талант“ (талент) низ вековите стекнал специфично значење. Сите ние знаеме што е талант кога станува збор за музиката, ликовната уметност, книжевноста; меѓутоа Христос не говорел за тоа. Во Негово време талантот бил паричната мера.

Значи, на некој човек му дале влог и му предложиле да ја реализира оваа парична мерка, да постигне сѐ за што е способен. Овој човек може да ги вложи сите усилби и ако е исклучително надарен, тој може да го удвои или утрои тој дар што му е даден. Ако е помалку надарен, тој ќе постигне барем нешто. Но тој никако нема право да го направи тоа што го направил најненадарениот од трите личности за кои говори приказната. Тој се уплашил: „Што ако јас тоа што е вложено во мене, тоа што ми е дадено, го изарчам, го изгубам, и што ако за тоа треба да одговарам?“ – и го погребал; т.е. просто го одложил настрана, го закопал, го завиткал во марамче. А кога дошло времето на судот, кога дошло времето на давање сметка, кога сите застанале пред господарот, се покажало дека сите по нешто добиле – само тој не добил ништо. И не бил осуден за тоа што не донесол добивка, профит за својот господар; бил осуден затоа што се исплашил и не се решил да направи нешто, не се одлучил за ништо.

Пренесувајќи ја оваа слика во нашиот обичен живот, ние можеме, се разбира, талантот за кого говори приказната да го разгледуваме како дар во областа на уметноста, книжевноста и поезијата, но тоа е ограничено поимање. Во основа, всадениот во нас талант е сето она за што сме способни, целото богатство, сета разновидност, целата убавина на нашата сопствена личност. Можеме ли да ја оствариме или не? Можеме; сите можат, секој може да оствари сѐ за што му фаќа духот, храброста, вдахновението. И во тоа е центарот на тежината, во тоа се состои целото прашање. Должни сме така да веруваме во човекот, да му подариме таква доверба, така да го надахнеме, што тој да пронајде во себе храброст, јунаштво, радост и творечка радост за да се оствари себеси. Иако тој не е гениј, а е човек; иако со ништо не се истакнува – но нека биде самиот себе, толку целосно и прекрасно, колку што му е достапно. И тогаш ние нема да возложуваме врз него тешко бреме, нема да ставаме на него тежина што тој никако не ќе може да ја понесе, затоа што нема да побараме од него да стане она што никогаш, дури ни во сон не може да биде, туку ќе му велиме: „Гледај, во тебе има такво богатство! Оствари го!“ Но тој ќе рече: „Па, каде е тоа богатство, какво е тоа?“ – „Ти немој да мериш. Просто постани творечки самиот себе, тоа што си. Каде што не фаќа умот – исполнувај со срцето; каде што не фаќа силата, исполнувај со пријателство. И ќе увидиш: тоа што не можеш да го направиш сам, во соработка со другите, заедно со други луѓе, можеш да го оствариш и можеш да дадеш допринес во заедничката ризница на луѓето“.

И ете, ако ние така со вера припаѓаме кон човекот, можеме да го вдахновиме и нема да ја уништи својата вера и човекот ќе израсне во своја мерка на креативност и радост.

Во еден од расказите на германскиот писател Бертолд Брехт има приближно ваков дијалог. Го прашуваат еден човек: „Што правите вие кога сакате некого?“

– Јас, – одговара тој – составувам проект за него.

– Проект? А што понатака?

– Понатака се трудам тие да се совпаднат.

– А кажете: кој или што треба да се совпадне со она другото: човекот со проектот, или проектот со човекот?

– Се разбира – одговара господинот Кернер – човекот треба да се совпадне со проектот.

Луѓето често мислат дека ваквиот пристап е вера во човекот; дека е можно да се проучи човекот, дека може да се размисли за него, дека во него може да се видат сите негови способности, дека може да се состави проект и потоа да се принуди човекот да одговара на тој проект. Тоа е грешка и злочин што го прават и одделни луѓе во семејствата, и човечките општества, и идеолошките групации, како на луѓето коишто веруваат, така и на тие што не веруваат. Во семејствата ова понекогаш достигнува до трагични димензии. Родителите однапред знаат во што е среќата на нивните деца и ги присилуваат да бидат среќни онака како што ним им се чини дека треба да бидат среќни. Ова, исто така, се однесува и на мажот и на жената; ова се однесува и на пријателите: „Не, јас знам што е за тебе пополезно, знам што е за тебе подобро, ќе видиш како сѐ ќе биде добро“. И несреќната жртва на таа убиствена, задушлива, распарчена душа и живот на љубовта, понекогаш е готова да моли : „А да престанеш ти да ме сакаш, туку да ми дадеш слобода?!“

Во човечкото општество тоа често добива потрагична форма, кога или мнозинството, или каква-годе доминантна група му наметнува на секој човек поодделно, или на цела друга група, свој печат, бара сите да одговараат за дадениот проект. Луѓето кои тоа го прават, секогаш мислат дека тие веруваат во човекот, дека увиделе како тој може да стане голем, значаен; мислат дека тој не верува во себе, а доколку би поверувал во себе вистински, тој би разбрал и би ги следел нивните диктати. Всушност, ваквиот пристап е одрекување на секаква вера во човекот. Овој пристап се заснова на тоа што после умствената, клиничка, ладна анализа на човекот или состојбата, од сите собрани податоци се прави слика било за човекот, било за општеството, или човештвото во целина. И затоа, тоа несреќно општество, или човештво, или човек, се грижат да возат по планот. Но притоа се заборава дека верата во човекот се карактеризира имено со тоа – што ние сме уверени дека надвор од она што ние веќе сме го узнале за човекот, надвор од она што ни е видено, што ни е возможно да го разбереме, во човекот суштествуваат такви длабочини кои ни се недостижни: толку длабок, многу длабок хаос, за кој некогаш пишувал германскиот философ Ниче: кој во себе не го носи хаосот, тој никогаш нема да создаде ѕвезди.

Ете таков е пристапот на господинот Кернер, за кого зборува Брехт – ја одрекува, имено, можноста на творечкиот хаос; не хаос во смисла на безнадежен поредок, туку хаос во смисла на уште неоформено битие, во смисла на виорни длабочини, од кои постепено може да израсне строј и убавина, осмисленост. Оваа вера во човекот го зема предвид тоа што човекот останува тајна за набљудувачот, особено за умствениот набљудувач, затоа што вистинското видение на човекот доаѓа не од умот, ами од срцето. Само срцето во суштина е спознателно и му разоткрива на умот такви длабочини што тој не може да ги постигне; вистинската вера во човекот ја зема предвид можноста за тие длабочини, притаените можности во нив и очекува дека неочекуваното, невозможното може да се случи.

Едно нешто се случува речиси секогаш. Ние на човекот му даваме слобода и истовремено му ја подаруваме нашата доверба, го збогатуваме со нашата вера, го вдахнувавме со таа вера. И често се случува во тој процес на останување сам со себе, човек да се одврати од неговиот вдахновител и неговата поддршка; и не само да се одврати – периодично нему му е неопходно да се откаже од него, тој е должен да ја изгради својата личност, својата самостојност, одделувајќи се од дотогашните односи. И човекот којшто оди на тоа да би вдахнал некого – било да е тоа дете или возрасен, општество или црковност – на творечка вера, должен е да биде подготвен на тоа што од него ќе се одречат. Тој е должен да ја испитува својата вера во човекот токму во тој момент, не сомневајќи се, не колебајќи се, не одвраќајќи се, а примајќи го како радосно откритие фактот што почнува да расте самостојно битие и што човекот, кој дотогаш зависел од него, макар од неговата доверба и вера во него, сега ја брка таа зависност. И ако човекот, кој на почетокот вдахнувал друг, обдарувајќи го со својата вера, ќе возмогне да остане во верата тогаш кога ќе стане излишен за некое време во тој процес на реализирање; ако возмогне да се откаже од насилието на власта, убедливоста, или дури од мекото – а понекогаш толку жестоко! – насилие на љубовта, тогаш тој самиот станува човек во полна смисла на зборот, или во секој случај, во попотполна смисла на зборот.

И така, излегува дека за да се верува во друг човек, потребно е да се верува смело, творечки во самиот себе, и дека ако ние не веруваме во самите себе, ако не веруваме во тие длабочини, од кои може да израсне нешто незамисливо големо, тогаш ние не можеме на друг да му даруваме слобода, којашто би му овозможила да стане самиот тој, неочекуваниот и непостижен човек, кој ќе даде нов придонес – не препишан, туку личен, сопствен и творечки – во животот на општеството и во судбината на човештвото.

Како што веќе кажав, не можеме да веруваме во друг човек доколку не веруваме во самите себе. И еве, се поставува прашањето: што е верата во себе? Професионално, повеќето луѓе од секојдневниот живот ќе одговараат: да веруваш во себе – тоа е да бидеш уверен дека ако ја присилиш својата волја, ги собереш сите сили на умот, можно е да се добие нешто добро – внатре, во границите на возможното. Таквата вера во себе, којашто некаде се граничи со самодовербата, лесно преоѓа во неа, и на крајот, тоа не е вера во себе, туку увереност дека опкружението ќе се повини на нашето усилие; во некои аспекти тоа е увереност дека во мене има доволно сили да ги пробијам и изменам луѓето коишто ме опкружуваат, или околностите со кои се среќавам.

Вистинската вера во себеси – тоа е увереност дека во мене има нешто што јас не го знам, што е тоа за мене самиот недостижно, што може да се открива и да дојде до некаква мера на полнота и совршенство. Самоувереноста се заснова на познанието на самиот себе, може да биде на некакво преувеличено самооценување; а верата нема потреба од никаква самооценка, затоа што нејзин предмет е токму тајната на човекот. Кога велам тајната на човекот, сакам да го кажам тоа не дека во секој човек има нешто притаено, туку тоа дека секој човек е постојана динамика, постојан живот, постојано движење и творење и што во ниеден момент, ниту самиот човек, ни некој друг не може да го замрзне, да ја запре таа динамика за да се загледа во неа; динамиката не може да замрзне: човекот е динамичен секогаш и секаде.

И еве, верата во човекот, во самиот себе – тоа е вера дека во мене, во секој човек суштествува непобедлива динамика на животот и дека единствено што може да попречува оваа динамика да се оствари и оприсутни во реалноста, е мојот кукавичлук, мојата нерешителност, а во никој случај не се околностите што ме опкружуваат. Околностите, какви-годе и да биле, добри или лоши, колку и сурови да би биле, колку и да би биле направени да го скршат човекот, претставуваат само повод за таа внатрешна, творечка динамика да се себеизрази  на нов начин, поинаку, неочекувано – но, во секој случај, да се изрази себеси и ништо друго. Верата во себе е увереност во оваа внатрешна, таинствена, творечка и, најпосле, победничка динамика. Верата во себе поради тоа ја содржи увереноста дека во секој човек, и во мене покрај другите, има област којашто е за мене самиот недофатлива; и дека, бидејќи од ден во ден ќе бидам самиот јас, што е можно посовршено, што е можно поискрено и повистинито, почесно, посмело и попожртвувано, на крајот на краиштата, ќе откривам и придвижувам нови и нови сили, коишто со ништо не ќе можат да бидат запрени.

Но тоа не е слеп процес, во него мора да има поглед; човекот во својот постанок треба, исто така да се набљудува себеси – не кукавички, не со неспокојство, не треба да си го поставува на себе прашењето: „Дали сум јас оној којшто на крајот треба да станам или сакам да бидам?.. – туку со жив интерес, како набљудувач којшто набљудува процес и го зема предвид, се обидува да го употреби, приложи, примени сѐ што влегува сега во неговото видно поле. Ова значи дека човекот мора да се научи да се преслушува себеси, пред сѐ, гласот на својата совест, онаа вистина што ја има во него, зашто ако гласот на совеста, гласот на вистината е заглушен, тој никако и никогаш не ќе може да биде заменет ни со законитост, ни со условност, ниту со човечки правила. Понатака, човекот треба да го преслушува гласот на животот, она на што животот го учи: животот на поединиот човек кој е покрај него, животот на општеството, животот на народот, животот на човештвото, биолошкиот живот. И најпосле, верникот несомнено треба да го наслушува гласот на Самиот Бог, изразен во Светото Писмо, кој звучи погласно, поправедно, повистинито отколку неговата сопствена совест.

Сето ова му дава можност, заслушувајќи и вгледувајќи се во себе, да ги открие во себе тие длабини и да ги примени во животот. Во овој процес човекот е должен, како што кажав претходно, да собере многу смелост, навистина многу храброст, затоа што тој процес е борба на животот против зачмаеноста, борба на творештвото против сѐ што го убива творечкото, борба на совеста против она што несовесно се обидува да го гради животот.

Тоа бара храброст – да; но заедно со неа и огромно смирение и послушание; не во смисла дека треба да се потчинуваме, туку во смисла дека треба смирено и послушно да се препуштаме на законот на животот и да бидеме подготвени да живееме дури и по цена на нашата смрт. Ова може да се чини како чуден и бесмислен израз, но во устата на верникот не е ни чудно ни бесмислено, затоа што животот за својот идеал може да го положи само оној којшто верува во животот и не верува во победата на смртта; оној кој верува дека победува животот и дека смртта никогаш нема да победи; оној кој може да љуби со сета душа, со сето срце, со сиот ум, со сета волја, со сето свое тело. Само оној човек во кого животот ја победил смртта може да го даде свој живот, примајќи привидна победеност, скрушеност и смрт, но знаејќи дека внатрешно, суштински победил тој. Еднаш бил пронајден натпис во Шлиселбуршкиот затвор: „Со Христос и во затвор сме слободни, без Него – и на слобода сме во затвор“.  Еве, овој контраст на победоносниот живот и привидната смрт се јавува како карактерна црта, вистинска вера на човекот во себе – не самоувереност, туку вера во непобедливата динамика на животот, чиешто конечно име е – Бог.


Митрополит Антониј Сурожски (Блум)

Извор: azbyka.ru

  • 02 март/15 март 2018 лето Господово bugorski.mk

СКАНДАЛОЗНО – Англичаните ќе го МЕНУВААТ ПОЛОТ НА ГОСПОД

„Оче наш“ може да го заборавите, Англиканската црква размислува да воведе родово неутрална заменка за Бог, нема да биде ословуван ни како машко (Оче, тој) ни како женско (Мајко, таа), туку според нешто трето.

Англиканската црква размислува да воведе родово неутрална заменка за Бог наместо традиционалниот машки род. Црквата најави дека напролет ќе формира комитет кој ќе биде задолжен да донесе одлука дали треба да се воведе споменатата промена. Секоја промена што ќе укаже на отстапување од вековната традиција ќе треба да биде одобрена од црковниот синод.

Отец Мајкл Апгрејв, бискуп од Личфилд и заменик на литургискиот комитет за ова прашање, рече дека Црквата ова „го разгледува веќе неколку години“. Неговиот коментар беше одговор на прашање од Џоан Стобарт, помошник свештеник за Илминстер и Вајтлакингтон во Сомерсет, за тоа како напредува работата на „поинклузивен јазик“ во богослужбата.

Бог е љубов – Затоа и Светиот Дух Кој живее во светителите е љубов!

Славата што Господ им ја дарува на светителите е голема. Кога луѓето би го виделе светителот каков што е, од длабока побожност и страв би паднале на земјата, бидејќи телесниот човек не може да ја поднесе големината на небесното јавување.

Да не се чудиме на ова. Господ толку го возљубил Своето создание што на човекот му го дарувал Светиот Дух. Со Него човекот станува подобен на Бога.

Зошто Господ толку го љуби човекот? Затоа што Бог е Љубов и таа љубов се познава преку Светиот Дух.

Преку Светиот Дух човекот Го познава Господа, Создателот свој и Светиот Дух со благодатта Своја го исполнува целиот човек: душата, умот и телото.

Господ на светителите им ја дарувал благодатта Своја. Тие Го возљубле потполно бидејќи сладоста на љубовта Божја не дава да се врзуваме за светот и за неговата убавина.

Колку светителите на небото со љубов се соединети со Бога, кога е така уште тука на земјата? Таа љубов е неискажливо слатка. Таа исходи од Светиот Дух и со неа се хранат сите сили небесни.

Бог е љубов. Затоа и Светиот Дух Кој живее во светителите е љубов.

Господ се познава преку Светиот Дух. Со Него се прославува Господ на небото. Со Светиот Дух светителите Го слават Бога и преку даровите од Светиот Дух Господ ги прославува светителите со слава на која нема да има крај.

На многумина им се чини дека светителите се далеку од нас. Но, тие се далеку само од оние што самите се оддалечиле од нив, додека се сосема блиску до оние кои ги исполнуваат заповедите Христови и имаат благодат од Светиот Дух.

На небото се живее и се движи со Духот Свети. Но, истиот Тој Дух Свет е и на земјата. Тој живее во нашата Црква. Тој живее во Светите Тајни. Тој е во Светото Писмо, како и во душите на оние што веруваат. Светиот Дух сите нè соединува и затоа и светителите ни се блиски. Тие преку Светиот Дух нè слушаат кога им се молиме и душата чувствува дека и тие се молат за нас.

Колку е голема среќата на православните Христијани што Господ ни дарувал живот во Светиот Дух Кој ја весели душата. Светиот Дух треба мудро да се чува, бидејќи Тој и за една нечиста мисла ја напушта душата. Тогаш љубовта Божја се оддалечува од нас, смелоста во молитвата се губи и исчезнува цврстата надеж дека ќе го примиме она за што се молиме.

Светителите живеат во друг свет и таму преку Светиот Дух ја гледаат славата Божја и убавината на лицето Негово. Во истиот Тој Свет Дух тие го гледаат и нашиот животи нашите дела. Тие знаат за нашите страдања и ги слушаат нашите ревносни молитви. Живеејќи на земјата, се научиле на љубовта Божја од Светиот Дух. Кој се здобил со таква љубов тука на земјата со неа преминува и во вечниот живот, во Царството Небесно каде што љубовта се умножува и станува совршена. Љубовта на земјата не може да заборави ниту еден единствен брат.

Дотолку повеќе што светителите не ги забораваат луѓето, туку се молат за нас.

Господ на светителите им го дарувал Светиот Дух и тие нè возљубиле во Светиот Дух. Душите на светиите Го знаат Господа и добрината Негова кон човекот, и затоа нивниот дух гори со љубов кон луѓето. Тие ниту на земјата не можеле без тага да слушаат за грешен човек, туку со молитва пролевале солзи за него.

Светиот Дух ги избрал да се молат за целиот свет, давајќи им изобилство на солзи. Светиот Дух на Своите избраници им дарува толку многу љубов што нивните души се обземени со огнена желба сите луѓе да се спасат и да ја видат славата Господова.

Светите угодници го наследиле Царството небесно каде што ја гледаат славата на Господа нашиот Исус Христос. Но, преку Светиот Дух тие ги гледаат и страдањата на луѓето на земјата. Господ им дал толку голема благодат што тие со љубов го прегрнуваат целиот свет. Тие гледаат и знаат колку ние изнемоштуваме во неволјите, како пресушила нашата внатрешност, како унинието се прилепило за душите наши и не престануваат да нè застапуваат пред Бога.

Светиите се радуваат на нашето покајание, а тагуваат кога луѓето Го напуштаат Бога и стануваат слични на бесловесните животни. Ним им е жал што луѓето не знаат дека земјата би се ослободила од гревот кога тие би се возљубиле едни со други. Каде што нема грев владее радост и веселие од Светиот Дух. Тогаш на душата сè и е мило и драго и таа се чуди како сè и е добро и Го славослови Бога.

Призивајте ги со вера Мајката Божја и светителите и молете им се. Тие ги слушаат нашите молитви и ги знаат и нашите мисли.

Не чудете се на ова. Целото небо на светии живее во Светиот Дух, а од Светиот Дух ништо во целиот свет не е сокриено. Порано и јас не можев да разберам како светот на небожителите може да го гледа нашиот живот, но кога Мајката Божја ме укори за моите гревови, сфатив дека преку Светиот Дух тие нè гледаат и го знаат целиот наш живот.

Светителите ги слушаат нашите молитви и имаат сила да ни испросат помош од Бога. Ова го знаат сите Христијани.

Отец Роман, синот на отец Доситеј, ми раскажуваше, дека за време на детството во светот, требало на санка да премине преку замрзната река. Одеднаш коњот му пропаднал во една дупка во мразот и ги повлекол со себе санките. Отец Роман, тогаш младо момче, повикал: „Отче свети Николај, помогни ми да го извлечам коњот“. Ги повлекол уздите и успеал среќно да ги извлече коњот и санките.

Отец Матеј беше од истото село како и јас. Додека бил дете тој исто како и пророк Давид ги пасел овците на својот татко. Со растот не бил повисок од своите овци. Неговиот постар брат работел на другиот крај од ливадата. Одеднаш видел како неколку волци се спуштиле кон малиот Мишо (така во светот се викаше отец Матеј). Мишо само повикал: „Отче свети Никола, помогни“. Само што го изговорил ова, волците се разбегале назад и никакво зло не им направиле ниту нему, ниту на стадото. Заради ова во нашето село се смееја и велеа: „Мишо страшно се уплаши од волците, но свети Никола му помогна и го спаси“.

Знам уште многу случаи во кои светителите притекнувале на помош веднаш штом ќе бидат призвани. Од ова е очигледно дека целото небо ги слуша нашите молитви.

Светителите се слични на Господа
Светителите се слични на Господа, но и сите луѓе кои ги исполнуваат заповедите Христови исто така се слични на Господа. Оние, пак, што живеат според своите страсти и не се каат, слични се на ѓаволот. Мислам дека луѓето би престанале да му служат на ѓаволот кога би им се открила оваа тајна, па сите би копнееле да Го спознаат Бога и да станат слични на Него.

Светителите биле луѓе како и сите ние. Многумина од нив биле и големи грешници, но со покајание дошле до Царството Небесно. И сите кои таму доаѓаат, доаѓаат преку покајание кое ни го дарува милостивиот Господ со Своето страдање.

Сите светители живеат во Царството Небесно, каде што се Господ и Неговата Пречиста Мајка. Таму се светите праотци и патријарси, кои храбро ја сочувале својата вера. Таму се пророците кои Го примиле Светиот Дух и со своите зборови ги приведувале луѓето кон Бога. Таму се и светите апостоли кои умирале заради проповедањето на Евангелието. Таму се и светите маченици кои од љубов кон Христа радосно ги положувале своите животи. Таму се и епископите кои се угледале на Господа и го носеле бремето на своите духовни овци. Таму се и преподобните испосници и јуродивите заради Христа, кои со подвиг го победиле светот. Таму се и сите праведници кои ги исполниле заповедите Божји и ги победиле страстите.

Таму, во тоа чудесно собрание, кое го собрал Светиот Дух, таму копнее душата. Но, за жал, мојот слаб дух се гасне како свеќа, затоа што немам доволно смирение и Господ не ми дарува сили да ги издржам подвизите. Меѓутоа, духот на светителите, горел со силен пламен и не само ветрот на искушенијата што не го гаснел, туку и уште повеќе го разгорувал. Светителите оделе по земјата и работеле со своите раце, но нивниот дух секогаш бил при Бога и не сакале со умот да се одвојат од сеќавањето на Бога. Заради љубов кон Бога ги претрпувале сите неволји на земјата, не плашејќи се од никакви страдања. Така Го прославувале Господа. Заради сето ова Господ ги возљубил, ги прославил и им дарувал да бидат со Него во вечното Царство.

Никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паѓаш, колку и да грешиш

Ти си го одбрал животниот пат кој во наше време е необично тежок, и – ако издржиш до крај – за сите свои неволји ќе добиеш (малку се зборовите) милион пати поголем надоместок, па дури (да не речам – ќе заборавиш) да жалиш што тие биле – премногу мали… Можеби ќе ти изгледа чудно, но така е. Јас сум длабоко уверен, дека големите христијански маченици уште од секогаш жалеле затоа што премалку страдале и што не можеле да возвратат на љубовта со која биле должни да Го засакаат Бога. А љубовта се докажува на  дело за да му се угоди на саканиот, колку и да се бараат жртви од нас. Колку е посилна љубовта, толку е поголем стремежот таа да се докаже… а небесната љубов може да се докаже само со жртва. И како што вистинската љубов нема граници, така нема граници и жедта за саможртвување како доказ за љубовта. Кој Го љуби Бога, тој сака и да страда за Бога, и – во рамките на неговата љубов – расте и неговата желба да претрпи сè, само Господ да не се оддалечи од него и за да му стане поблизок. А човек не може, а да не Го љуби Господа, кога му се приближува, поточно кога Господ нему му се приближува.

Може да се претпостави дека оној црв што не спие и неизгасливиот оган во идниот живот се – бесконечна жалост на срцето поради тоа што имало време кога било возможно да се докаже љубовта кон Господа, да се претрпат разни страдања поради Него, но и со вера во Него меѓу сите сомнежи, среде сите стравувања, духовна осаменост, свест за сопствената немоќ, слабост и др., затоа што имало време, а ние ништо од тоа не сме сториле… Види, овде, на земјата, можно е и потребно е да се докаже својата љубов кон Господа со внатрешна одлука:„Ќе верувам во Тебе, и ќе ги исполнувам со сите сили Твоите заповеди, ќе страдам со вера во Тебе, ќе се одречам од сите и од сè, од личниот живот и од ближните свои, само Ти Господи, не се одрекувај од мене, не дозволувај да изгубам вера и храброст, и не дозволувај да Ти негодувам, ако ме снајдат премногу тешки жалости и страдања или на моите ближни, дарувај ми да Те засакам со сето срце!“

Ако си во такво расположение, ќе ти биде лесно да поминеш низ својот животен пат. Ако, пак, се двоумиш, и дозволиш сомнеж во срцето, ако се затемниш свесно нарушувајќи ги заповедите Божји и ја ослабиш својата духовна сила, ако не Го повикуваш постојано Господ на помош, а особено, ако се погордееш и се надеваш на своите сили – тогаш ќе паднеш и прекумерно ќе си го отежниш животот. Но и тогаш не губи надеж, и уште повеќе смирувај се и целата надеж остави ја во Господа, и на Неговото милосрдие и на Неговата помош.

Тоа е вистинско настроение, но, без опит, без паѓање и кревање, не можеш да се удостоиш со него[1].

Тоа се одликува со длабока свест за својата слабост и немоќ да се живее онака како наложуваат заповедите Божји, да се сака Бог онака како што Тој нè засака. А од оваа состојба се раѓа чувството на понизност, на плач и осознавање за неиспатливиот долг кон Господа – срце смирено и понизно, кое Бог нема да го уништи, и од кое ќе се роди онаа љубов кон Бога за која говорев на почетокот. Со сопствена волја и желба сè уште не може да здобиеме љубов, туку со живот воден по заповедите, со покајание, со плач поради своето паѓање, со длабока понизност поради тоа што наместо да Го љубиме и да Му угодиме на Бога, секогаш ја нарушуваме Неговата света волја.

Од плачот и понизноста се раѓа стравот Божји, поточно страв да не Го навредиме Бога, а потоа се јавува чувство за Божјото присуство, како што кажал преподобен Давид со зборовите: „Го презрев Господа со мојот грев…“, следи решеноста подобро да се умре отколку да се навреди Господ и да се лиши човекот од Неговата блискост, за потоа да добива сила во непријатностите, не само спокојно да ги поднесува, туку и да благодари за нив – а срцето ќе почувствува радост поради очистување по патот на непријатностите и задоволство што може да трпи поради Бог и преку тоа да Го возљуби. „Со што да Ти возвратам, Господи, за сè што си ми дал?!?“

Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!

Прости ми поради многуте зборови и поради доцнењето на писмово, но твојата несреќа ме натера да ти пишам. Се надевам ќе ти биде од корист и ќе ти послужи за утеха.

Пријателе мој, едно те молам: никогаш не отстапувај од Бога, колку и да паднеш и колку да згрешиш и да Го навредиш Господ (Господ нека те чува), но како блудниот син, моли Го за прошка и секогаш труди се повторно да живееш по заповедите. „Оној кој доаѓа кон Мене, нема да го отфрлам!…“ Кој оди кон Господа исполнувајќи ги заповедите, ако на патот падне, а потоа стане и оди напред, се наоѓа меѓу војниците Христови и од Христа ќе биде возвеличен, дури и да се здобил со многу рани поради духовната борба со своите страсти, со својата падната природа и бесовите.

Господ нека те вразуми, нека ја зачува твојата вера и твојата добра волја, нека те сочува од секое зло.

Господ нека те благослови.


[1] Падот со помислите е неопходен за познавање на себеси, својата немоќ, неподготвеноста за Божјото Царство; а преку нив се доаѓа до смирение, покажувајќи дека сам човек, со својата моќ не може духовно да расте, туку е должен постојано да повикува кон Бога за помош, да се повикува на Светите Тајни и на сè она што ни го дава Светата Црква. За духовно созревање помага читањето на Светото Писмо (Новиот Завет и светите отци). А уште подобро е ако имаме духовен раководител, но тие денес се ретки и приморен си да бидеш сам, раководејќи се со читање и молење, барајќи помош од Господа и светите угодници.

Извадок од книгата: Игумен Никон Воробјов, Со трпение спасувајте ги своите души, Скопје 2001, стр. 24-26

Ти благодарам Боже што ми даде уште еден нов ден !

90 фрази Благодарност кон Бога:

„Фала му на Бога фрази“, за да можете да ги рефлектирате, посветите или испратите до вашите најблиски, посакувајќи ви подобар ден или најдобри желби.

-Господе, ви благодарам што ми дадовте нов ден исполнет со здравје, среќа и среќа.

-Благодарам Боже што ме благослови со многу повеќе отколку што заслужувам.

-Благодарам Боже за едноставните работи во животот.

-Благодарам Боже за моето семејство, моите пријатели, моите миленици, моите придружници и за секое друго живо суштество што сум го сретнал во текот на мојот живот.

-Почитувано минато, благодарен сум на твоите лекции. Драга иднина, подготвен сум за тебе. Драг Боже, ти благодарам што ми даде уште една шанса.

-Можеби не сум таму каде што сакам да бидам, но му благодарам на Бога што не сум таму каде што бев порано.-oyојс Мејер.

-Благодарам Боже што ми даде желба да одам напред и да ја надминам секоја препрека. Ви благодарам што ми го покажавте доброто меѓу целото зло.

-Почитуван Боже, од дното на моето срце сакам да ти се заблагодарам што секогаш си тука за мене, што никогаш не ме остави и дека секогаш ме сакаш.

-Благодарам Боже што ме инспирираше да бидам подобра личност.

-Почитуван Господи, не знам што би правел без тебе. Ти благодарам многу!

-Благодарам Боже што ме остави да живеам уште еден ден. Грижете се за моето семејство и моите пријатели. Благословувајте ги на начин каков што никогаш порано не знаеле.

-Почитуван Боже, никогаш не можам да ти заблагодарам доволно што секогаш си тука за мене.

-Богу, ти благодарам за среќата што ја чувствувам кога славам дека си во мојот живот. Ти си ми се.

-Благодарам Боже што ми даде сила да продолжам.

-Благодарам Боже што секогаш бевте во моето срце и што ме тешевте во осамени ноќи.

-Благодарам Боже за љубовта што ми ја покажа преку моите пријатели и моето семејство.

-Благодарам Боже што ми шепотевте живот на мојата душа кога за малку ќе бев мртва внатре.

-Благодарам Боже за сите сигнали што ми ги испративте преку твоите гласници маскирани во луѓе, книги или претчувства.

-Благодарам на Бога за толку прекрасен ден, за зеленилото на дрвјата, за навистина сонливо сино небо и за сè што е природно и бесконечно. -Е. Е. Камингс.

-Благодарам на Бога за мојот живот и сè што е во него. Ви благодарам за деновите, часовите и минути.-Маја Ангелоу.

-Благодарам Боже што ми даде уште еден ден од животот, друга можност да станам подобра личност и уште една можност да дадам и доживеам loveубов.

-Благодарам Боже за сите ваши благослови кон мене и моето семејство, за силата што ми ја давате мене и на оние околу мене, секој ден, за животот да има поголемо значење.

-Благодарам Боже што ми даде слободна волја да сакам, да ме сакаат, да донесувам свои одлуки, да учам од моите грешки, да се смеам кога сум среќен и да плачам кога сум тажен.

-Богу, ти благодарам за секоја секунда на оваа земја што нема да можам да ја вратам. Ве молам, научете ме како да се справам со овој живот што ми го дадовте.

-Благодарам Боже што ми донесе живот и среќа, што ме водеше по вистинскиот пат на мирот и спасението.

-Кога ќе се будам секое утро, му благодарам на Бога за секој нов ден .- Ф. Сионил Хозе

-Благодарам на Бога што бев производ на моите родители. Благодарен сум што ме заразивте со вашата интелигенција и енергија за живот, со вашата жед за знаење и со вашата убов. Благодарен сум што знам од каде потекнувам.-Шакира.

-Благодарам Боже за сè во мојот живот, доброто и лошото. Некои беа благослови, а други лекции.

-Благодарам Боже што не ме мразиш кога сум бил неблагодарен, кога сум бил груб кон тебе или кога ми се разнишала верата.

-Благодарам Боже за сите благослови што ми ги даваш мене и на моето семејство. Ви благодарам за силата што ми ја давате секој ден и за луѓето околу мене кои му даваат поголемо значење на мојот живот.

-Како да не те сакам и да ти благодарам Боже? Ти беше тој што ми даде шанса повторно да ја пронајдам среќата. Нека е благословен вашиот свет дух.

-Господар, ви благодарам што ми дадовте уште еден ден од животот и за сите благослови што сте ги подготвиле. Правите прекрасни работи. Ви благодариме за целата ваша убов.

-Боже, ти се поклонувам да ти се заблагодарам. Татко, имам за што да бидам благодарен, за работи што можам и не можам да видам дека сте работеле во мојот живот.

-Богу, ти благодарам што ми даде можност да го работам она што го сакам, а тоа е моето семејство и да работам во бизнис каде што се обидувам и го правам најдоброто што можам да го дадам од себе.-Роб Кардашијан.

-Благодарам на Бога секој ден затоа што успеав да го земам своето лудило и да направам да работи за мене. -Фриц Шолдер.

-Благодарам Боже што ми даде уште една година да живеам. Уште една година полна со соништа, желби и секогаш со ваша верност. Што ќе донесе оваа нова година? Не знам, но ќе продолжам да се чувствувам благодарен.

-Татко, ви благодарам што секогаш се насмевнувате и ги имате рацете отворени за да го вратите грешникот во вашите раце. Ви благодарам за радоста што ми ја носи тоа што сум покрај вас.

-Благодарам Господи за уште еден ден. Фала му на Бога што изгради излез за мене таму каде што немаше. Вие сте великодушни и достојни за пофалба. Биди слава на Господа.

-Благословен сум и му благодарам на Бога секој ден за сè што ми се случува.

-Мојот живот не би бил доволен за да ви се заблагодарам за сите среќни моменти што ги поминав со моето семејство. Фала му на Бога што ми даде многу за живеење и колку е прекрасен мојот живот.

-Благодарам Боже што ме заштити од она што мислев дека го сакам и што ме благослови со она што не знаев дека ми треба.

-Благодарам Боже што ми даде мудрост и среќа, знам дека без тебе не можев да сторам ништо. Ви благодарам за целото добро што ми се случи во животот.

-Почитуван Господи, ти благодарам за благодатта што си жив утрово. Ви благодарам за целото добро што го имам во мојот живот и за можноста да имам нов почеток.

-Благодарам на Бога за моите ограничувања. Преку нив успеав да се најдам себеси, мојата работа и мојот Бог. -Хелен Келер.

-Благодарам Боже што секогаш ме водеше во вистинската насока и што знаев што е најдобро за мене, дури и повеќе од мене.

-Благодарам Боже за животот и за сите подеми и падови што го прават животот вреден за живеење.-Тревис Баркер.

-Богу, ти благодарам што ми беше мир во свет на невреме.

-Богу, никогаш нема да престанам да ти се заблагодарувам што ме направи подобра личност. Ветувам дека ќе ти бидам лојален во секој поглед. Благодарам драг Бог за целата среќа што сега ја имам во мојот живот и за сите луѓе што се со мене.

-Благодарам Боже за сите лекции, особено за најтешките.

-Благодарам што сте трпеливи со мене кога и јас не можам да бидам трпелив на себе.

-Благодарам за илјадниците можности што ми ги даде Бог.

-Во моите лоши денови ве барам, во моите добри денови ви благодарам, и во моите одлични денови ве фалам, но секој ден ми требате. Фала му на Бога што секогаш си тука со мене.

-Благодарам Боже што му дадовте нов живот на грешник како мене и уверување дека еден ден ќе бидам со вас во рајот, не по моја сопствена заслуга, туку преку совршената жртва што Исус Христос ја направи за нас на крстот.

-Благодарам Боже што ми испрати луѓе да се грижат за мене.

-Господине, зборовите не се доволни за да ја изразам мојата благодарност за она што вие, семоќниот работи на мене, ме трансформирате и постојано го обновувате мојот ум. Тебе, о Боже, ти благодарам вечно.

-Благодарам Боже за најголемите подароци што можеше да ми ги дадеш. Ги нарекувам мама и тато.

-Благодарам Боже што ми даде здравје, за храната што ми ја даваш и за свеста што си ја создал во мене.

-Благодарам на Господ за сè. Без тебе јас сум ништо. Јас сум нецелосен без тебе Туширај ме со твоите благослови. Амин.

-Благодарам Боже за овој прекрасен живот и прости ми ако не го сакам доволно.

-Благодарам Боже што ми испративте луѓе да сакаат.

-Благодарам Боже што одговори на сите мои молитви.

-Благодарам Боже што ми даде сила да ги надминам неволјите, да го направам она што е исправно во потрага по поголемо добро и да ја оставам негативноста настрана.

-Благодарам Боже за сите можности што ми ги дадовте да бидам среќен со убава жена, ви благодарам што ми дозволивте да се родам овде на Земјата и што ми помогнавте да постигнам успех.

-Благодарам Господи за уште еден убав ден. За отворање на моите очи и уши за да ги видам и слушнам целото добро што ни го оставивте на овој свет. Те молам, покажи ми повеќе.

-Никогаш нема да завршам да ти се заблагодарувам, Боже, што ме направи толку сигурна и посветена личност. Само на тебе ќе бидам верен засекогаш. Ти благодарам за сè, Боже, особено за мојата среќа и за оние околу мене.

-Ако не му заблагодарите на Бога за секоја насмевка, тогаш немате право да го обвинувате за секоја солза.

-Благодарам Боже што ме лекуваше кога бев скршен.

-Благодарен сум, Господи, за сè што ми дозволи да дојде на мојот пат. Благодарен сум за одлуките што ми дозволивте да ги донесувам и за лекциите што произлегоа од тие одлуки.

-Благодарам Боже што ми даде живот и ми дозволи да споделам со моето семејство и моите пријатели добри моменти кои ќе останат во моето сеќавање засекогаш. Секогаш водеј го мојот пат со твојата светлина.

-Почитуван Боже, ти благодарам за денес, вчера и утре. Ви благодарам за моето семејство, моите радости и моите таги. Ви благодарам за сè што ме направи посилна.

-Благодарам Боже за благословите што ни ги пружаш. Ви благодариме за целата среќа, здравје и богатство. Ви благодарам и за овој ден.

-Благодарам што ми дадовте сила, преку молитва, да се извлечам од самосожалување и jeубомора. Ви благодарам што ми помогнавте да продолжам да ви служам.

-Благодарам за времето што можам да го поминам со моите пријатели и да им служам на нив, ве молам, научете ме да ве сакам вас и другите, исто како што претходно направивте со мене.

-Благодарам Боже за сите благослови што ми ги даваш и што ги земам здраво за готово секој ден.

-Ви благодарам што ми даде сила што ми требаше да ја издржам оваа болка и да бидам пријатна со мојата осаменост.

-Почитуван Боже, знам дека не сум совршен, знам дека заборавив да разговарам со тебе и дека ја доведов во прашање мојата вера. Знам дека понекогаш губам ум, но ти благодарам што ме сакаше безусловно и што ми даде уште еден ден да започнам од нула.

-Едноставно му благодарам на Бога за сите негови благослови.-Jamesејмс Браун.

-Благодарам Боже што ми даде пријатели кои се подготвени да се откажат од целиот свој ден само за да се осигурат дека мојот е во ред.

-Почитуван Господи, сакам да ти се заблагодарам за сите убави луѓе со кои ме благослови. Амин.

-Благодарам Боже што си толку моќен.

-За мојот живот, за среќата што ми ја даваат моите деца, и за сè што знам, ти благодарам Боже.

-Секој ден е подарок, затоа благодарете му на Бога наутро што ви дадов уште еден ден, и благодарете му на Бога ноќе што ви помогна да го преживеете денот.

-Благодарам Боже што ми даде надеж дека на овој свет ќе престанат страдањата, болките и војните. За почеток на свет полн со светлина и вечна убов.

-Благодарам на Бога секое утро кога ќе се разбудам што имам што да направам тој ден и дека морам да го сторам тоа, сакал или не.-Jamesејмс Расел Лоуел.

-Благодарам што ми дадовте живот Бог, што ми дозволивте да станам уште еднаш и да ги видам моите најблиски. Ви благодарам што ме натера да видам дека никогаш не е доцна да се сменам, и сè додека ве имам покрај себе, работите ќе се менуваат на подобро.

-Благодарам Боже за сите времиња што ми простуваше кога излетав од патеката.

-Благодарам Боже што ми ја даде енергијата што ја храни мојата душа, Сонцето што ги грее нашите тела и воздухот што ги исполнува нашите бели дробови.

Таму kаде cе гледа Бoг (втор дел)

Некои луѓе си поставуваат прашање, дали е неопходно да одам во храм, на Света Литургија, да учествувам во Таинствата, за да влезам во личносен однос со Бога, да ја стекнам таа љубовна врска за која говорам. Тие мислат дека е доволно да се помолат дома или да отидат во некој храм надвор од градот и таму да влезат во комуникација со Божјата љубов, наместо да станат рано наутро и да отидат на Литургија.

Вистина е, човек може да го одржува својот организам јадејќи само зеленчук, но ако до него има нешто покалорично и тој го изеде тоа, ќе внесе во себе повеќе полезни животни состојки. Несомнено, ќелијата и параклисот се нешто многу вредно, но искуството на Црквата кажува дека пред тоа треба да се стекне опит во комуникација со луѓето. Комуникацијата со луѓето има два аспекта. Едниот е општењето на љубовта, а другиот – општењето на верата.

Општењето на љубовта значи да чувствуваме дека другиот е мој брат, дека е Божјо дете, дека е дел од мене, дека заедно со него можам да ја споделам својата радост и својата тага.

А општењето на верата е да можеш да ја споделиш со другите верата во Бога. Одам на богослужби затоа што чувствувам потреба да бидеме сите заедно. Тоа заедничарење, чувството за еднодушност, за заедничка молитва, за заедничко трагање, нѐ чува од заблуди. Зашто јас можам да се вообразам дека имам врска со Бога, а да сум на погрешен пат, додека, пак, во Црквата одам по нејзиниот сигурен пат. И второ, заедничкото богослужение ја зголемува силата на комуникацијата со Бога.

Едно е да стојам пред Бога сам со тоа што го имам, а друго е вие да сте близу до мене и да се радувате на Божјата благодат врз вас и на вашата вера, од која јас, исто, имам потреба. И така, сите сме заедно – може да е бучно, но кога покажуваме љубов заради ближниот, кој, на пример, кашла, тоа е комуникација со него којашто помага и во општењето со Бога. Така нѐ учи искуството на Црквата. Следствено, живеењето на богослужението како заедничко стоење пред Бога со ближниот е сигурната храна од која имаме потреба.

Митрополит Николај Месогејски – Бигорски Манастир