Tag Archives: мерки

Ксенија ја зapaзила другарка вakцинирана со две дози – Костова жecтоко peагира на мерките

Ксенија Николова македонска инфлуенсерка и писателка која зад себе има две книги и голем број следбеници, во моментов се наоѓа во изолација бидејќи се заразила со коронавирус.

Според нејзините тврдења таа се заразила на кафе кај другарка дома која била вакцинирана со две дози против коронавирус, а нејзината објава ја коментира познатата инфлуенсерка Миа Костова која исто така го има прележано вирусот.

Таа потенцира дека другарката на Николова со Ковид пропусница бидејќи е вакцинирана може слободно да се шета по кафичи и да го шири вирусот, а таа која го прележала нема да смее да оди на кафе.

Погледнете го целиот статус кој собра речиси илјада лајкови.

-Вчера го гледав лајвот на Ksenija Nikolova која во моментов е во изолација невакцинирана и позитивна на ковид. Накусо, цитирам: ‘се заразив од другарка со која пиевме кафе во домашни услови, затоа и немавме маски а дополнително се чувствував безбедна зошто другарка ми е вакцинирана со две дози.’ И сега, другарка и со сертификатот влегува секаде пред да знае дека сее ковид со две дози вакцина а Ксенија тазе прележана кога ќе излезе од карантин нема да може да влезе никаде.

Пази ти, доктор на науки изјави дека ‘природниот имунитет не важи, важи само оној од вакцина’

Па јас колку што знам дете вакцинирано од ммр може да фати сипаници и да ги прележи со полесни симптоми. Дете кое природно лежело морбили НИКОГАШ повторно не може да се зарази. Ама не е исто нели? Ова друго е.

И уште еднаш за сите портали и твитови! Антиваксер не сум колку што сакам да видам зошто се вакцинирам?

Најбитниот став на оние кои предлагаат вакцинација а тоа е ‘да се спречи понатамошна зараза’ падна во вода. Ем се заразуваат ем 100 посто пренесуваат. Ама мал процент биле тие со тешки клинички слики. Е па ако е мајка ми таа со две вакцини и ако заврши на машина вас ќе ви е статистика мене ми е 100 посто.

Наместо да воведете мерки на време и да не биде друга држава Тетово кај што на пример и даље ќе се иде по кафани и ќе има свадби и не смеете да им припарите, Скопските локали нема да работат со минималниот процент вакцинирани (млади, зошто поголем процент се возрасни кои и онака не одат по локали) или ќе стават клуч на врата за 2 месеци ако ова вака продолжи. Би требало и угостителите да размислат на темата, а не да почитуваат небулозни мерки.

Крајно после првите информации околу тоа колку вакцините вршат своја работа ме радува фактот што сѐ повеќе читам статуси на вакцинирани кои не се баш најсреќни што се ‘заштитени’ затоа што факт- не се.

За тоа кои ќе бидат последиците од сѐ ова ќе видиме за две три години како со Гардасилот кој беше обавезен за да биде повлечен откако остави сакати млади девојчиња во првите две год од примање на истата ( една од жртвите е и мојата родена сестра која за среќа заврши само со она од што е вакцинирана).

И да уште нешто, кога се избори рековме, пишува на Фејсбук инстаграм инфлуенсерката Миа Костова.

Советник на Заев ги нарече ПРОCТИ граѓаните кои не сакаат да се ваkцинираат, биле убиjци

Советникот на Зоран Заев, Леон Бакрачески ги нарече ПРОСТИ граѓаните кои мислат различно од Владата за вакцината.

-Има граница на пристојноста. Мојата во моментов е помината. Ти се обраќам тебе. Ти, со изгледани 3 видеа на ЈуТјуб, со 70% препишани тестови во средно и 3 научени лекции на факултет. Ти, експерту за мерки што не знаеш што значи алгоритам и никогаш не понел одговорност нит за себе нит за тие околу себе. Ти што од ќерамиди уринираш врз луѓе кои животот го посветиле на наука и експертиза. Ти кој се ужаснува на директност кога не му одговара. ТИ кој бараш права а не ти е грижа за ПРАВОТО НА ЖИВОТ на луѓето околу тебе и не поседуваш грам емпатија. ТИ! Ти немаш право со твојот простотилук да шириш вирус и да убиваш луѓе! Да ги вадиш изјавите од контекст, да поставуваш небулозни прашања и теории на заговор. Твоето неинформирано мислење и нахален простотилак НЕ Е НАД ЧОВЕКОВИОТ ЖИВОТ, напиша тој на својот Фејсбук профил.

(Видео) Дpaма во Лондон: Дeмонстpaнтите пpoтив Ковид мерките го напaднaa седиштето на Би-Би-Си

Жестоки судири избија пред седиштето на Би-Би-Си, откако демонстрантите против ковид пропусниците се обидоа да упаднат во зградата.

Видеото покажува како полицајците се борат на толпата демонстранти кои се одмаздуваат за вакцинирањето на децата.

Додека демонстрантите пробуваа да влезат во зграата, неколку полицајци беа турнати назад, а еден беше турнат на земја.

Се покажува дека многумина во толпата ги снимаат шокантните сцени.

Влогерот Пол Браун, кој ја постави снимката на Твитер, рече: „Демонстрантите на „Глас„ се обидуваат да упаднат во студијата на Би-Би-Си во Вајт сити (Лондон) , но им се спротивстави силното присуство на полицијата- тие протестираат против вакциналните пасоши и вакцината за деца“.

Владата одлучи: Нема да може да влезете на место со над 30 лица ако НЕМАТЕ ВАКЦИНА

Од 15 август на сила ќе бидат задолжителни потврди за вакцинација со најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани)…

Ова е една од кличните одлуки што Владата ја донесе на вечерашната седница со цел спречување на ширењето на новиот бран на Ковид-19.

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза вакцина се однесува на лица над 18-годишна возраст.

Од 15 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворен простор во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Од Владата информираат дека до 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на Ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на Ковид-19.

Државата во кapaнтин, а илјадници излегoa на улиците на пpoтecт: Австралjaнците гневни на влacтите (Видео)

Во срцето на Сиднеј владее хаос, бидејќи демонстрантите против локдаунот, шетаат без маски, а излегоа на улиците во знак на протест против ограничувањата на КОВИД-19, предизвикувајќи судири со полицијата и 57 апсења.

Илјадници прошетаа низ Сиднеј, и покрај тоа што градот беше во локдаун. Некои од демонстрантите носеа плакати со пораки против вакцинација. Се чинеше дека многумина не носат маски.

Полицијата потврди дека 57 лица се уапсени и обвинети на протестот во Сиднеј, co кој се прекршени наредбите за јавно здравје. Издадени се повеќе од 90 казни.

„Целосно сме згрозени од илегалните демонстранти во градот денес чии себични постапки ја загрозија безбедноста на сите нас“, велат властите.

„Демонстрантите покажаа целосен презир кон своите сограѓани“

„Сакам да им се заблагодарам на храбрите полициски службеници кои ја загрозија сопствената безбедност за да обезбедат прекин на протестите,“, вели премиерката на Нов Јужен Велс.

Истите слики можеа да се видат и во Мелбурн

https://twitter.com/tiffgenders/status/1418776078236016641?s=19

Уапсени сопственици на кафеана во Тетово поради свадба со 200 ГОСТИ

Ноќеска полицијата уапсила тројца сопственици на кафеана во Тетово, бидејќи организирале свадба со околу 200 гости.

-На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости, информираат од МВР.

Оттаму исто така додаваат дека биле приведени и двајца од гостите, кои биле агресивни кон полицајците.

-Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Комисијата за заразни болести утре ќе разговара за состојбата во Тетово, каде свадбениот кластер е познат

Здравствените власти уверуваат дека состојбата со корона вирусот засега останува мирна иако има „благо“ покачување на бројот на новозаразени со ковид. Во Скопје и во Тетово се евидентирани најголем број нови случаи, а кластерите во Тетово се познати. По свадба и по семејна веселба во овој град нагло порасна бројот на новите инфекции.

Министерот за здравство Венко Филипче, во текот на изминатава недела, за в понеделник, односно уза тре најави дека Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој ќе бидат изнесени нивните ставови и мислења врз основа на анализите кои ги прават.

Вакцинацијата се одвива непречено, но министерот Филипче, како што соопшти е незадоволен од одѕивот, заради што, како што веќе најави, се размислува од септември да се воведат извесни мерки за невакцинираните, односно на одредени масовни настани без разлика дали се на отворено или затворено, да се дозволи присуство само со доказ за вакцинација.

Инаку, засега здравствените власти посочуваат дека состојбата не налага воведување какви било рестриктивни мерки.

Ни ПЦP, ни вakцинација, ни стpaв од Дeлтa cojoт: Во Македонија може да влезе кој сака од каде сака (Видео)

Во време кога ширум светот се шири опасниот Делта сој на корона вирусот, поради што се повеќе земји воведуваат нови ограничувања, особено за влез на луѓе пд странство, македонските власти седат со скрстени раце.

Корисници на социјалните мрежи реагираат дека на скопскиот аеродорм „короната е прогласена за умерно“. За влез во Македонија нема никакви мерки и секој може да влезе во државава без контрола дали е вакциниран, дали прежал или во монтов е позитивен на корона вирусот.

Дополнителено, на аеродоромот се создаваат огромни турканици каде што десетици луѓе се збиени еден до друг во затворен простор. Притоа ретко кој од нив има маска, а и оние кои ја имаат ја носат или под нос или под брада…

Денеска во Скопскиот аеродром. Дојдов спремен со пцр тест и Ковид пасош, али од пасошката контрола ништо не ни побараа. Како што можете да видите, се е под контрола – коментира еден граѓанин на социјалните мрежи.

Можни рестриктивни мерки на границите поради делта сојот, дозволена вакцинација и на деца 🧪

По детектирањето на индиската – делта варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување мерки на границите при влез во Македонија, но не и реорганизација на она што сега функционира како што се отворени установи со протоколи. До вчерашниот ден во државава се регистрирани десет случаи на заразени со индискиот сој, а вкупно се активни 141 случај на заразени со Ковид-19. Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, а ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека до крајот на неделава со членовите на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира дали сегашната состојба бара воведување некакви рестриктивни мерки. Филипче оцени дека генерално состојбата во земјава и понатаму е мирна и апелираше граѓаните да се вакцинираат на пунктовите, кои од понеделник ќе бидат отворени и нема да има потреба од закажување.

– Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, изјави Филипче.

На новинарско прашање дали евентуалните мерки што би биле воведени на границите ќе важат и за државјаните на РС Македонија кои ќе одат на летување и на враќање ќе мора да приложат некои од потребните документи, Филипче одговори дека доколку се одлучи оти има епидемилошка вредност, тоа ќе важи за сите.

Според него, логично е да се очекува дека новиот сој побрзо ќе се шири, но доколку сме вакцинирани во висок процент и има одреден степен колективен имунитет, колку и да е позаразен, нема да се повтори сликата со претходниот британски сој и тогашниот силен бран.

Последните четири случаи на заразени со индискиот сој се потврдени вчера во лабораторијата во МАНУ и тие немале премногу контакти.

– Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн, рече Филипче.

Околу 400 илјади граѓани се веќе вакцинирани од кои 240 илјади се ревакцинирани, а до крајот на оваа недела ќе заврши и вакцинирањето на сите 60 000 пријавени кои добиле термин заедно со граѓаните кои се вакцинирани во Србија.

– Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст, потенцира Филипче и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

Посочи, дека, се вакцинираат деца во Србија, Грција, Германија, а родителите со деца треба по своја волја да дојдат, што не е задолжително, да се вакцинираат.

Филипче истакна дека според публикации од Англија, таму овој сој бил позастапен кај младите и затоа поминува како полесна форма, а децата се тие кои се трансмитери. Затоа, појасни, сега ставаме акцент и на вакцинација на помладите за да го обезбедиме едукативниот процес во училиштата од септември и за што поголем процент од населението да биде вакциниран.

Академик доктор Александар Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија при МАНУ истакна дека засега со сигурност се знае дека вакцинацијата спречува развој на тешка форма на болеста.

-Нема потреба да правиме мерки што буквално ќе ја затворат државата. Тоа што знаеме е дека сите вакцини кои се користат сега спречуваат најтешка форма на болеста, хоспитализација и смрт во најголем процент, рече Димовски и упати апел до сите граѓани посебно тие што се во групи од ризик, повозрасни и со хронични заболувања да се вакцинираат, да се заштитат себеси и генерално да се врати ситуацијата во нормала.

Од Министерството за здравство соопштија вчера дека вакцинацијата се одвива непречено на сите
пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 492 662 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237 322 граѓани.

Според податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје, регистрирани се девет нови случаи со Ковид-19 од 2.743 тестирања. Од нив шест се во Тетово, два во Гостивар и еден во Охрид. Починати пациенти не се регистрирани, а оздравеле десетмина. Со тоа вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 155 741, на оздравени пациенти е 150 114, а на починати е 5.486.

Во меѓувреме, во регионот на јужниот албански град Ѓирокастро се регистрани првите два случаи сомнителни дека се заразени со Делта сојот. Извори за Ора њуз информирале дека едниот е студент од село во близина на градот, кој дошол од странство и покажал компликации и симптоми слични на индискиот тип на корона вирусот. -Вториот случај е лице на 45-годишна возраст од Пермет, кое исто така пристигнало од странство. И двајцата се лекуваат во домашни услови и засега нивната здравствена состојба е стабилна, наведува телевизијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, втор ден по ред, во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.820 новозаразени, од кои повторно најголемиот дел се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека пак починаа девет лица.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1.061 случај е во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн. Од новите случаи 21 е „увезен“, од кои шест биле откриени на влезните точки во земјата.

Весникот „Катимерини“ објави дека во фокусот на грчката Влада се 82 општини во кои процентот на имунизациска покриеност е под 30 отсто, а се планира ангажирање на локалните власти, наставници, лекари, свештени лица и слично за поттикнување на населението да се вакцинира.

Здравствените власти во Туркменистан, пак, соопштија дека вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за сите жители на возраст над 18 години, откако регионот на Централна Азија објави зголемување на бројот на нови инфекции. Туркменистан не пријавил случаи на инфекција со коронавирусот, но воведе голем број ограничувања, како што е задолжително носење заштитни маски за лице. Соседен Казахстан воведе задолжителна вакцинација за широк спектар на вработени во јавниот и приватниот сектор.

И Јужна Кореја потврди повеќе од 1.200 нови случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем дневен број од крајот на декември минатата година. Премиерот Ким Бу-кјум изјави дека мерките за социјално дистанцирање ќе бидат продолжени за следните неколку денови, а властите ќе одлучат дали ќе ги заострат постоечките правила, во момент кога земјата се бори со четвртиот бран на пандемијата, предизвикан од многу заразниот делта сој на коронавирусот. Вирусот брзо се шири меѓу невакцинираното население, главно на возраст меѓу 20 и 30 години, а премиерот упати апел луѓето превентивно да се тестираат.

Македонија стравува од делта сојот, утре ќе се одлучува за нови рестриктивни мерки

Утре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита против ширењето на делта сојот на коронавирусот.

Комисијата за заразни болести во понеделник ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.

„Треба да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која може да се заштитиме“, изјави Филипче