Tag Archives: пожар

Опожарено возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп (Видео)

Синоќа околу 2 часто по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на Ул. “Цар Самоил”.

Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола.

Опожарени се биле две возила, акако што дознаваме истите се во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески.

Засега нема информации кој и поради која причина го подметнал пожаро, останува тоа да го открие истрагата на МВР.

Нема големо аерозагадување во Тетово, штетата од пожарот 12 милиони евра

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска беа на локацијата на поранешната зграда на „Македонија Табак“, каде сега свои простории има компанијата „Пофикс“ што изгореа во вчерашниот пожар. Министрите се сретнаа со сопствениците на компанијата и разговараа за потребните мерки и поддршка за санација на штетите.

–Сега засега битно е дека се е над контрола. Но уште очекуваме извештаи да знаеме што гори, од тие податоци што ги имаме од мерна станица во Тетово укажува дека се зголемуваат тие загадувања, но за голема среќа ние сме во контакт со градоначалникот на Тетово и ги кооординираме сите мерки. Битно е дека нема големо загадување во Тетово, ние споделуваме секој час податоци на фејсбук страна и се координираме со општината и други институции, изјави Нуредини.

Вицепремиерот Битиќи за време на посетата рече дека материјалната штета од пожарот за жал е голема, но оти е најважно што нема човечки жртви.

-Секоја материјална штета ќе се надокнади заеднички, како што заеднички си помагаме кога треба компаниите да прават инвестиција. Ќе треба заеднички да изнајдеме начин како да се помогне во надомест на материјалната штета, затоа што сметам дека вака треба да се грижи државата, изјави Битиќи.

Градоначалникот Касами информираше дека учениците може да одат на училиште со оглед на нормалните вредности кои ги покажува станицата за мерење на квалитетот на амбинетниот воздух.

-И јас сум родител. Ми се јавија од дома и ме прашаа дали да го пуштат детето на школо. Дозволете ми да им препорачам на сите родители дека децата треба денес да одат на школо, тоа и го кажав на мојата сопруга од сабајле, параметрите, еве кажа и министерот се во рамките на нормала. Имаше многу губење на наставата, не треба, тоа да продолжи така. Јас ги замолувам сите родители, сите наставници од денеска да продолжи нормално наставниот процес, изјави Касами.

Од компанијата „Пофикс“ информираа дека штетата предизвикана од пожарот во нивните складиште првично изнесува над 12 милиони евра. Според нив, причината се обилните дождови кои предизвикаа поплави во одредени делови на градот.

Стојанче: Пред некој ден ваков пожар гледав во Америка и БЕА ПОСПОРИ ОД НАС (ВИДЕО)

„Гледав пред некој ден сличен ваков пожар во Америка и беа поспори од нас“, рече Стојанче Анегелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК)  денеска во Тетово одговарајќи на новинарско прашање зошто порано не била донесена одлука за интервенирање од воздух.

Според Ангелов побрзи сме од Американците во справување со пожари.

Директорот на ЦУК кажа дека од воздух не се интервенирало поради тоа што објектот имал покрив, а под покривот имало плоча.

Се уште на терен состојбата во Тетово е алармантна.

Пожар во хотелот „Буши“ повредени се десет лица (Видео)

Десет лица се повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши” во Скопје и со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември” како и на Клиниката за токсикологија, изјави раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.

Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.

Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.

Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши” во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје. Тие потврдија дека пожарот е локализиран. 

Командантот на противпожарната бригада на град Скопје Звонко Томевски истакна дека пожарот е локализиран.

ВИДЕО од пожарот во фабриката Треска

Голем пожар попладнево избувна во објектот на поранешната фабрика „Треска“.

Пожарникарите попладнево уште еднаш ја покажаа својата големина и херојство и спречија поголема трагедија и материјална штета при справувањето со големиот пожар кој го зафати главниот град Скопје.

Пожарникарите истиот го изгасија со експресна интервенција. Како што дознаваме, биле потребни околу 15 минути од примање на повикот до ставање под контрола на пламените јазици.

Како изгледаше страшниот пожар:

(Фото галерија) Пожарникарите го локализираа пожарот во фабриката Треска

Пожарникарите попладнево уште еднаш ја покажаа својата големина и херојство и спречија поголема трагедија и материјална штета при справувањето со големиот пожар кој го зафати главниот град Скопје.

Иако ветрот работеше против нив, експресната реакција на пожарникарските екипи успешно го локализираше пожарот кој можеше многу лесно да биде кобен по имотот на граѓаните од околните згади.

На лице место излезе и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која ги координираше дејствијата на противпожарните екипи.

Погледнете ја фотогалеријата од нашите фоторепортери.

Фотографии: Инфомакс.мк

Пожар во нуклеарната централа Запорожје – Европа стравува од нов Чернобил

Нуклеарната централа Запорожје во Украина е во пламен, изјави Дмитро Орлов, градоначалник на блискиот град Енерходар.

„Закана за светската безбедност!!! Како резултат на немилосрдното гранатирање од страна на непријателот на зградите и блоковите на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје гори!!!“ Орлов објави на Фејсбук.

„Барам, престанете! Веднаш престанете да ја гранатирате нуклеарната централа Запорожје“, рече градоначалникот во видео пораката.

Во претходната објава тој напиша, „престанете да ја гранатирате електраната Запорожје“.

Министерот за надворешни работи на Украина: Руската армија „пука од сите страни“ врз нуклеарната централа Запорожје
Руската армија „пука од сите страни врз нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа“, напиша во петокот на Твитер министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

„Русите мора ВЕДНАШ да го прекинат огнот, да дозволат пожарникари, да воспостават безбедносна зона! – изјави Кулеба.
Градоначалникот на градот Енерходар претходно изјави дека пожарникарите не можат да стигнат до пожарот, кој е во тек.

Белата куќа соопшти дека ја надгледува украинската нуклеарна централа
Претставник на Белата куќа вели дека ја надгледуваат нуклеарната централа Запорожје, каде што украинските власти велат дека избувнал пожар додека руските војници ги напаѓаат „од сите страни“, објави Си-Ен-Ен.

(Видео) Страшен пожар во Сараево: Гори автобуска станица

На автобуската станица во Сараево денес околу 13 часот избувнал голем пожар, а според првите информации на сараевските веб-портали има и повредени.

На местото на настанот се испратени неколку противпожарни екипи кои го локализираат пожарот.

Пожарот ги зафатил речиси сите маркети во рамките на Автобуската станица.

Густиот чад брзо лебдел над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата. На местото на настанот се испратени и екипи на итната помош и полиција.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во автобуската станица во општината Ново Сараево.

Изгоре куќа во Адвокатската улица во Скопје, пожарот изгаснат

Куќа на ул. „1737″ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.

-Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа.

Сопствениците на опожарената куќа ја имаат издадено под кирија и во неа работат печатница и адвокатски канцеларии. Тие беа на местото на пожарот и се сомневаат дека е подметнат зашто во септември изгорела и соседната куќа, како што велат – исто така во недела./МИА

ВИДЕО: Три куќи изгореа во Тетово, дел од градот без струја!

Доцна вечерва изби пожар во куќа во стариот дел од Тетово, јавува дописникот на ТВ21 од Тетово. Подоцна пожарот се проширил на уште две куќи.

„Пожарникарите дојдоа на време. Немаше никој од сопствениците на трите куќи кои горат. Малку да задоцнеа пожарникарите ќе беше голема катастрофа“, вели пред ТВ21 еден од очевидците.