Tag Archives: пожар

Ужас во Колорадо: Горат стотици куќи, десетици илјади луѓе се евакуирани (ВИДЕО)

Полицајците го снимиле видеото додека патролирале на патот во градот Супериор.

„Нашите мисли се со соседите кои вечерва ги загубија своите домови и бизниси“, напишале тие на Твитер.

Да потсетиме, поради пожарите што се шират низ Колорадо, десетици илјади луѓе се евакуирани, а стотици домови се уништени.

Пожарите го зафатија округот Болдер северно од Денвер, а властите велат дека жртвите и повредените се „веројатни“.

Болдер, град со повеќе од 100.000 жители, е на околу педесет милји од Денвер, главниот град на Колорадо.

Додека претходните пожари во Колорадо главно опустошија рурални делови на државата, неодамнешните пожари зафатија голем број предградија на Колорадо.

Дел од пожарот избувнал откако силните ветрови ги урнале електричните столбови и многу брзо станале најразорните пожари во модерната историја на таа држава.

Речиси 600 домови изгореа во областа на градот Супериор, рече Џо Пеле, шериф на округот Болдер.

Пожарот зафатил трговски центар и хотел.

Најмалку седум пожарникари се повредени, рече шерифот Пеле, додавајќи дека е „веројатно“ да има повеќе.

„Со оглед на големината и интензитетот на пожарот и густата населеност на оваа област, нема да бидеме изненадени доколку има повредени и загинати“, предупредил Пеле.

На снимката направена пред продавница се гледаат драматични сцени од паркинг обвиен со густ чад додека луѓето се обидуваат да избегаат.

ФOТO: Дo тeмeл изгope куќa вo Киceлa Boдa

До темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопска Кисела Вода. Информацијата вечерва ја објави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски.

-Траорна ситуација, тажна и далеку потресна. Во наредниот период сите хумани сили ги насочуваме кон негова помош. Повторно да изградиме дом за Тони, напиша Ѓорѓиевски на ФБ.

Заедно со отец Оливер започнуваат иницијатива за да му се помогне на семејството Атанасовски.

-Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме! Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Ноќеска изгореа просториите на ЈП „Улици и патишта“

Ноќеска околу 1.30 часот се запалија бараките на ЈП „Улици и патишта“, зад трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје.

Изгоре целата внатрешност на бараката. Целата документација на претпријатието е уништена.

Директорот на претпријатието Борис Настов, пожарот настанал од паркирана кола, која експлодирала и оганот се проширил во бараките.

„За жал, пожарот се прошири низ сите бараки и сега тие се уништени. Чуварот интервенирал и повикал Пожарна, но оганот брзо се ширел. Во овие простории нема да може веќе да се работи.

Се спремавме за снегот, а не изненади пожар“, вели Настов, кој минатата недела беше назначен за в. д. директор на претпријатието, за порталот СакамДаКажам.

За неполни два месеци, ова е втор пожар во државна институција откако на 26 октомври изгореа бараките на поранешниот Суд за прекршоци во Градскиот парк, за кој се шпекулираше дека и дел од архивата.

Пoжap избувна во три куќи во 3лoкуќaни, една изгоре целосно (ВИДЕО)

Денеска во населба Злокуќани во Скопје избувнал пожар во три куќи од кои едната е целосно изгорена. Едно семејство остана без кров над глава, информира градоначалникот Стевче Јакимовски на социјалната мрежа фејзбук.

„Опожарени се три куќи во населбата Злокуќани, од кои едната е целосно изгорена.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа спречена е поголема катастрофа.

Куќата во која избувнал пожарот е целосно уништена со целата покуќнина.

Апелирам до граѓаните да помогнат согласно своите можности, а на оштетеното семејство му понудив привремено сместување додека не се санира нивниот дом.

Предупредувам дека доаѓа тешка зима и стравувам дека е можно да се повторат вакви немили настани, па затоа апелирам до сите граѓани да бидат крајно внимателни при користењето на електричната енергија“, кажа Јакимовски.

ПОЖАР ВО СТАН ВО АЕРОДРОМ, ЗАГИНА НЕПОДВИЖНА ЖЕНА

Скопската Противпожарна бригада вечерва изгасна пожар во стан во нова зграда на улица „Методиј Шаторов-Шарло“ во Аеродром, во кој загинала повозрасна неподвижна жена.

Командантот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне.

Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на  М.Ш.(1955) која била во станот и починала.

-Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.

Екипа на Министерството за внатрешни работи и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.

(Видео) Ja зaпaлил во живо елката за време на новогодишен пренос на Фокс Њуз

Божиќна елка висока 50 метри се запали пред седиштето на Фокс њуз во Њујорк Сити, предизвикувајќи паника чин кој доведе до едно апсење.

Дрвото беше запалено за време на Божиќниот „сеамерикански“ спешл на мрежата во неделата. Еден од водителите на мрежата говореше за пожарот во директен пренос.

„Ова е плоштадот Фокс во Њујорк, надвор од седиштето на Фокс“, рече водителката Шенон Брејм на гледачите кратко по полноќ. „Се чини дека нашата џиновска елка , пред само неколку минути, беше целосно зафатена од пламен“.

Неколку минути подоцна, додека преносот во живо покажуваше чад што извира над дрвото, г-ѓа Брем рече дека пожарот се чини дека е изгаснат. „Но, ќе ја следиме ситуацијата за да се обидеме да откриеме што ја поттикна целата оваа работа“, додаде таа.

Полицијата соопшти дека во врска со пожарот е приведен маж. Дрвото од 50 стапки беше свечено осветлено неколку дена претходно во „сеамерикански“ празничен пренос.

Бугарската министерка Комитова: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо

Привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова за БНТ коментира дека на денот на несреќата трхнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но по разговорот со премиерот Стефан Јанев, тој ја советувал да не оди.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Комитова, која е експерт за противпожарна заштита на објекти, има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи.

– Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира, додаде Комитова.

Таа посочува дека, околу нас е полно со експлозивни елементи.

-Пожарот во автобусот на „Беса транс“ зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот. Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на потот не е завршен, појасни регионалната министерка на Бугарија.

Безбедносната ограда на патот, вели Комитова, е направена по проект од 2002 година, што не значи дека е надвор од нормите, додавајќи дека во времето кога е направена била според правилата. Таа признава дека не претпоставувала дека автопатот „Струма“ е во таква состојба и дека несреќата ја отворила темата.

Комитова рече дека ќе се обидат да ја сменат брзината и обележувањето на патот, како и да ја натераат  фирмата, кој е одговорна за тоа, побрзо да заврши со проектот. 

Прилепски пожарникар со предлог: Парите за новогодишно украсување да се дадат на луѓето кои ги изгубија домовите во пожар

Прилепски пожарникар со предлог парите за новогодишно украсување да се дадат за семејствата чии домови изгореа во пожар.

Предлог…
До Др. Борче Јовчески , градоначалник на Општина Прилеп … Мојот градоначалник … 🤝
Се наближуваа нова година и празници во кои градот секоја година троши одредена сума на пари за украсување прослава и слични ново годишни “Кич” настани… 🎇
Мој предлог е…
Сите стредства кои треба да се потрошат за таа работа да бидат пренаменети за помош на семејства кои му е добре дојдена парична помош… 💶
На пример…
Во изминатава година неколку прилепски семејства останаа бес покрив над главата… нивните домови настрадаа од Пожар, тие семејства ден денес се мачат да обезбедат Дом за себе…
Сите сакаме да сме солидарни па еве можност да покажиме дека сме…
Да се помогне е подобро Нели?!
❤️
Како Пожарникар 👨‍🚒 при Pozarna Prilep Tppe Прилеп…
Бев дирекно вклучен во гаснењето на опожарените домови… 🔥
а сум и запознаен со проблемите на тие семејства… 📉
заради тоа Сега ја потегнувам оваа иницијатива… 👍
Да се направи добро дело за нашите сограѓани да можат повторно да имаат свој дом…
💖 Пишува пожарникар Блаже Јовески.

(Видео) Вчера гореше РЕК Битола

Инфомакс ексклузивно дознава дека гори третиот блок во термоелектраната РЕК Битола. Она што во моментов гори е 20 тонско масло неопходно за работа на погонот.

Претходно Инфомакс пишуваше дека базените со јаглен се празни, а наместо енергетскиот баланс од 20 проценти мазут и 80 проценти јаглен, со месеци електраната работи 80 проценти мазут и 20 проценти јаглен, енергетски баланс кој е под стандардите за производство на електрична енерегрија, но и значително повеќе ја загадува животната средина.

Пожарот доаѓа на сред енергетска криза. Во вторник комисијата предводена од Бектеши ќе бара и прогласување на кризна состојба. Очекува наредната недела енергетските компани да ја добијат потребна финансиска поддршка.

Видеото ТУКА

Во пожарот во Градски парк зафатен и покривот на ресторанот „Томче и Софка“ (Видео)

Пожарот кој ги зафати бараките во паркот, се шири и го зафати покривот на познатиот ресторан „Томче и Софка“.

На се противпожарните екипи.

Видео:

https://youtu.be/NFXS2KjZ_0o