Tag Archives: пожар

Млада девојка изгорела во пожарот додека ја СПАСУВАЛА МАЈКА И од болницата во Тетово (Фото) 💔

На социјалните мрежи се споделува слика од млада девојка која за време на пожарот во тетовската модуларна болница се обидувала да ја спаси мајка си. За жал девојката таа не успеала да се спаси.

„Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка од гнев!
ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА“, стои во објавата на Фејсбук.

Според информациите од Министерството за здравство во пожарот загинаа 14 лица.

Арифи и Владата:Тpиднeвнa жaлocт вo Македонија пopaди cтpaшнaтa тpaгeдиja во Тетово

На седницата на советот кој се одржа утрово одлучивме да прогласиме три дена жалсот, кажа градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

-Додека ги добие официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите од енергентниот фонд што го имаме како општина Тетово ќе интервенираме до тие семејствата на жртвите, изјави Арифи објаснуваќи дека сите подетални информации ќе бидат заеднички пренесени од надлежните.

Владата на денешната седница пак прогласи тридневна жалост на територија на цела Македонија.

Неофицијално: Најмалку 8 лица СЕ СПАСЕНИ живи од пожарот во Тетово, нивната состојба е стабилна

Неофицијално, најмалку 8 лица биле извадени живи од Модуларна болница и испратени на лекување во различни здравствени установи, вклучувајќи го и Клиничкиот центар во Скопје, пренесува Сител телевизија.


Алсат дознава дека се 12 лица спасени, а нивната здравствена состојба е стабилна и дека повредените се надвор од животна опасност.


Инаку од синоќешната трагедија, бројот на жртви достигна 14, ова го потврди и Државното обвинителство.

Сочувство од Европската Унија за жртвите во Тетово

Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово, јави дописничката на МИА од Брисел.

-ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува во реакција испратена до МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земајва, Дејвид Гир.

– Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер.

Пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово синоќа околу 21 часот одзеде десет животи според првичните официјални информации.

Причините за пожарот сѐ уште не се познати.

Пендаровски со сочувство, Џафери ужаснат, Теута со солзи во очи

Сочувство до семејствата на жртвите испратија и премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на собранието Талат Џафери. и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид центарот во Тетово.

– На повредените им посакувам успешно закрепнување, се вели во изјавата на сочувство на  Претседателот.

Ужаснат сум од тажната вест за пожарот во модуларната болница во Тетово каде го загубија животот нашите граѓани, напиша на Фејсбук, собранискиот спикер Талат Џафери.

-Моето сочувство за сите оние што во оваа болна несреќа го загубија животот, моите молитви и мисли се упатени за Тетово, со надеж за побрзо закрепнување од оваа трагедија, напиша Џафери.

„Според оние информации со кои располагам, оганот се појавил одеднаш и се проширил со голема брзина. Апсолутно жалам за случајот, во болницата имало луѓе кои биле на лекување. Немаме информации за жртви, чекаме официјално од болницата“, рече Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Страшно❗15-тина починати во пожарот во Тетово 🙏

Според неофицијални информации во медиумите станува збор на повеќе од триесетина жртви во пожарот кој вечерва избувна во модуларната болница во Тетово.

Дел од медиумите пренесоа дека станува збор за бројка од 15 починати, додека пак Радио Лидер дека станува збор на 39 починати лица.

Бројките се неофицијални од екипите на терен, се очекуваат точни информации вечерва, но навистина ова е црн ден за Тетово и тетовчани.

Вака изгледа БОЛНИЦАТА ВО ТЕТОВО ПОСЛЕ ПОЖАРОТ

Влегува крим техника во модуларната болница во Тетово, јави ТВ Телма, која треба да истражи како дојде до ужасната трагедија во која има загинати, чии број засега официјално не е потврден. 

Засега нема официјални податоци за бројот на жртви во пожарот кој е изгазнат во модуларната болница во Тетово.

Моментално на местото се врши увид, а повредените се транспортираат за Скопје.

На местото на пожарот се градоначалничката на Тетово Теута Арифи, министерот за здравство Венко Филипче како и премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Добивме фотографија како сега изгледаат остатоците од модуларната болница.


Телма јави дека десетина пациенти се извлечени од болницата, но тоа не е потврдено.

Владата утре во 10:00 најави итна седница во врска со денешната трагедија и итна истрага за случувањата.

Се јави Заев: Ekcплозија го прeдизвика пожapот во тетовската болница

Премиерот Зоран Заев предмалку се огласи по повод пожарот во тетовската ковид болница, во која има и човечки жртви, според првите официјални информации десет лица ги загубија животите.

Заев напиша дека експлозија го предизвикала пожарот.

„Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.“, напиша Заев на „Фејсбук

Страотна несреќа му се случува на Тетово, се утврдува бројот на жртвите во пожарот (Видео)

Има жртви во пожарот, но не би можел да го кажам нивниот број, изјави пред малку вториот човек на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски за Алсат-М. Во продолжение го пренесуваме целиот разговор со новинарот на националната телевизија.

На лице место се многу новинарски екипи, надлежните го утврдуваат бројот на жртвите 🙁

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи даде изјава за МИА

Според информации на терен Алсат М пренесува дека станува збор за 15-тина лица кои се починати во пожарот неофицијално од екипите на терен.

Во Кризниот штаб во Општина Тетово се упатуваат екипите, каде ќе се чекаат дополнителни информации за состојбата.

Вресоци во Тетово, пожарот е ИЗГАСНАТ има ПОЧИНАТИ лица (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тетово, 8 септември 2021 (МИА) – Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Сведоци на настанот велат дека има повеќе повредени и починати лица, но тоа засега се уште не официјално потврдено.

Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.

-Информирана сум дека пожарот избувнал многу брзо и брзо се ширел. Немам информации за можни жртви, за тоа секако ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување. Допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Министерот за здравство Венко Филипче преку твитер соопшти дека по информацијата за пожарот се  упатил кон Тетово.

Со колички се изнесуваат пациентите.Зградата е целосно изгорена. Се слушаат пискотници и вресоци.

На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот каде се гледа дека има починати и повредени лица од пожарот, a предмалку потврди и Министерството за здравство.