Tag Archives: пожар

Тетовци со протестен марш, со едноминутен молк на колена им оддадоа почит на починатите во пожарот во Ковид-центарот

Како што беше претходно најавено, денеска во Тетово со почеток од 13:30 часот се оддржа протестен марш во чест на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Организатори на овој протестен марш беа навивачката група „Балисти“.

Маршот беше мирен, започне од плоштадот Илирија во 13.30 часот и заврши пред болницата во Тетово. Река од народ излегоа и се придружија на овој протестен марш оддавајќи им почит на трагичнно изгубените животи.

Кога пристигнаа пред изгорената модуларна болница, водичот и некои останати присутни ги замолија полициските службеници кои стоеја пред болницата да ги пуштат преку лентата за да го остават венецот. Полицијата наиде на разбирање и венецот беше однесен пред болницата.

Потоа сите клекнаа и со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите.

Организаторот Тедаде многу кратка изјава заблагодарувајќи се на сите за денешната поддршка „ Ви се заблагодаруваме на сите што дојдовте ние не сме за протести и такви работи, ова беше марш за починатит“е.

Германските експерти пристигнаа во Тетово

Претставници на тетовското Обвинителство и Федералната криминалистичка полиција од Германија денеска во Клиничката болница во Тетово за прв пат заедно беа да го видат местото каде изгоре монтажниот објект за ковид пациенти при што загинаа 14 луѓе на 8 септември. Од тетовското Обвинителство не дадоа подетални информации за посетата, а најавија дека во следна прилика ќе има податоци од службата за односни со јавноста при Јавното Обвинителство на Репубика Северна Македонија.

И од тетовската болница немаа информации што точно се прави денеска. Лекарите и медицинските техничари кои биле ноќта во модуларната болница веќе дали искази во Обвинителството.

-За тие информации немам податоци, тоа ги прочитав и јас сега дека наводно стигнале. Не знам како оди процедурата, за тоа ќе ве извести управата. Јавниот обвинител побара информации од сите тие вработени кои биле таму во моментот на трагедијата. Тие биле повикани таа ноќ, биле неколку часа, биле и утредента и дале таму изјави, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во тетовскиот Ковид центар.

По оставките на двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми се уште нема информации за нови раководители.

-Немам такви информации, ќе видиме од управа како е законски и како ќе се реши. Во овие денови ќе видиме како ќе функционира. Болницата не може да остане без потписници бидејќи има технички работи, лекарства, плати итн за два три дена ќе ве обавестиме. Немам правни информации не знам како тоа е решено, рече Нуредини.

За тоа како се најде снимка од надзорната камера на социјалните мрежи д-р Нуредини рече дека нема информација.

Дванаесетте пациенти кои го преживеаа пожарот биле прегледани од психијатри.

-Тие се пациенти кои биле трауматизирани од психолошка природа и биле прегледани од психијатар и биле констатирано дека се работи за стрес ситуација која тие ја преживеаа. И сите се во релативно добра состојба, сите се на кислородна поддршка. Очекуваме идните денови да бидат подобро и да бидат пуштени дома, рече лекарот.

За 24 часа нема починати од Ковид-19, додека има нови пет луѓе кои се примени на болничко лекување како и 75 амбулантски прегледи.

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската Ковид-болница

Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.

-Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.

Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот Ковид центарот информира дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус.

Салиу: Уапсено лицето кое ги објави ВИДЕАТА од пожарот во Тетово, ние сме ЛУДАЦИ ако мислиме дека нема да скријат докази…

Новинарот Фуркан Салиху објави дека 50 часа откако се случи трагичниот настан во Тетово, ниту едно лице не било повикано во Јавното обвинителство.

“Според неофицијални информации лицето кое го објави видеото од сигурносните камери е уапсено. Ако овие факти не се доволни за да докажат дека обвинителството не работи за да го расчисти случајот туку да прикрие докази, тогаш сите ние сме лудаци”, напиша Салиу.

Повеќе обвинители од завчера на местото на настанот прибираа докази за трагедијата но обвинителството досега не објави дека на разговор се повикани Филипче, Анѓушев, директорот Бесими или други лица кои се инволвирани во постапката за поставување на Ковид центарот на смртта во Тетово.

Државниот обвинител Јовески наскоро планира да се пресели во Уставниот суд.

Експрес.мк

(ВО ЖИВО) Обраќање на министерот за здравство, Венко Филипче

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче по завчерашната трагедија во Тетово во модуларната болница каде во пожарот загинаа 14 лица.

Прес конференцијата може да ја проследите на следниов линк:

Го мoлам НАРОДОТ ДА СТАНЕ и да бара ПРАВДА! Таткото и братот ми ИЗГОРЕА пред очи ги слушав како ВРИШТАТ, немаше пpoтивпожapeн апарат

Репортерката на Дојче Веле, Арбнора Мемети го објави на Твитер преводот од денешната изјава на Емши Ибин очевидец на кој татко и братот изгореа пред неговите очи.

Тој истакна дека шест дена седел во модуларната болница грижејќи се за својот тактко и брат, но не успеал да ги спаси од огнената стихија.

Тој потенцира дека апарат за гаснење пожар немало, а болницата била само една пластична барака со стиропор кој помогнал пожарот да се прошири со голема брзина.

Емши Ибин, очевидец на кој му се изгори пред очи таткото и братот:

Бев 6 дена внатре, бев инфермиер на мојот татко и брат, за тоа што клиниката нема персонал.
Јас се обидов да ги извадам нив, но не можев од црниот чад.

За тие кои викаат дека бараката имала противпожарен систем, тие се големи лаги. Баравме апарати за гасење на пожарот и тоа го немаше.

Модуларната болница беше само една пластична барака со стиропор кој помагаше да се прошири пожарот со голема брзина.

Сите пациенти што беа внатре ги видов со мои очи како вриштат…

Правдата е народот.

Се молам народот да стане и да бара правда за овие жртви.

Тасевски брутален: Не е време за оставки, време е да ви *беме м*тер!

Бегаат од одговорност со мантрата: Не е време за оставки!
Во право се. Не е време.. Време е да ви *беме м*тер,
пишува актерот Сашо Тасевски за целокупната состојба која настана со пожарот на модуларната болница во Тетово.

Реакциите и нервозата кај граѓаните и јавните личности е се поприсутна, се бара одговорност од надлежните.

Видно револтиран Тасевски за надлежните напиша:

Луѓе слики праќаат со кревети на кои уште има остатоци од изгорени луѓе.
А ти Обиџуко пичкетино една вчера се пуваш по медиумиве и се закануваш со казни ако некој не се попише.
Ќе казнувал
?
Вас треба јавно живи да ве запалиме на клада.
Има и пострашна казна.
Да ги слушаш секоја ноќ врисоците на оние кои гореа живи во тетовската болница.
И така до крајот на животот да те следат тие вресоци.
И тебе и оној Горњи Милановац и хер Хитлерче.
Па уште одма манипулирате со информации, порталине ваши посрани почнаа да ве бранат, да ви ја намалуваат одговорноста, бројките на загинати, а телата на настраданите уште чадат.
На Илинден изгоре пола Македонија.
На она што беше Ден на државноста гореа живи луѓе во болница во Тетово.
Не ви кажува ова ништо, бандо велепредавничка.
Ќе дојдат клетвите по сите вас.
До вашите најблиски.
Ќе се уверите дека тие не се бабини деветини, уште за време на вашите мизерни животи
, пишува тој.

Во друга објава пак вели:

Хер Хитлерче си му потпишал нешто на Кочо да гради болница под стандарди. Теута исто.
Не само оставки денес, туку треба да ве приведат и пред судија. Одма.
Ако после ова не поднесеш оставка, ќе викнеме жири од рубриката верувале или не.

Д-р Беќаровски: Kaзната за присуство на цивилни лица во Ковид центар не може да биде само рaзрешување на надлежните

Професор-доктор Нико Беќаровски вечерва преку Фејсбук објава порача дека казната за присуство на цивилни лица во Ковид центар не може да биде само разрешување на надлежните.

„Континуирано присуство на ЦИВИЛНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВНАТРЕ во Ковид центрите е СВЕСНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница“, напиша Беќаровски.

Министерот Венко Филипче на прес конфереција рече дека првичните информации се дека во моментот на пожарот во тетовската Ковид-болница имало две лица „на посета“, а граѓани сведочат дека за прием на болни од болницата им барале да обезбедат придружба за своите блиски.

(Видео) Снаа ми остана без сопруг, а децата без татко: На 38 години едвај се излeчил од кopoна, починал во пожapoт вчера 💔

Голема трагедија вчера го затекна Тетово откако се запали ковид болницата во градот и починаа 14 пациенти, а 12 беа повредени.

38 годишен тетовчанец го загуби својот живот во модуларната болница во Тетово откако претходно со недели се борел да ја победи короната.

-Снаами млада и две деца останаа без татко, вели таткото на починатиот тетовчанец.

Becна Бejби: Да одиш да се лечиш и жив да изгориш,бидете доблecни, ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ!

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска преку социјалните мрежи повика на одговорност и оставки по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

-Одговорност и оставки!!! Еднаш само еднаш бидете доблесни, нема разбирачка за ова, да одиш да се лечиш и жив да изгориш. Јас сум згрозена за оваа неодговорност! Лицемерни и жедни за власт ….до кога ? Ни се распаѓа цел систем, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Според досегашните официјални информации во пожарот животот го загубија 14 лица.