Tag Archives: религија

ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН – лекува од секакви болести, а една работа доколку направите денеска особено ќе имате благослов!

Свети Пантелејмон се родил во Никомедија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин.

Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, утре е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денешниот ден го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

Денеска се одбележува споменот на СВЕТАТА МАЧЕНИЧКА ПЕТКА

 Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги извршува сите Божји заповеди.

Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера ги упатуваше на патот на спасението и другите. Кога и умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први коишто за проповедање на забранетата вера ја обвинија света Параскева беа некои зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин.

Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и ѝ ставија усвитен шлем на главата. Но, Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим. Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и измачувана заради Господа, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда им ги припишуваа на магиите, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови.

Еднаш на кнезот мачител светата Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Таков беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград.

Чесно пострада за Христа во вториот век.

Денеска се празнува Светата маченичка Христина

Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа.

До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, и даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за да им принесува жртви секојдневно. Но, на таа млада душа и беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина.


Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Кој го виде нејзиниот копнеж по вистината, ѝ испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска лутина кај татко ѝ.

Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но, таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му. Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија измачувањето на светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов среде народот. Неговиот наследник Јулијан ѝ ги отсече градите и јазикот.

Денес се слават Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив: Силата Божја ги зачува неповредени од огнот!

Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив
Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви отколку живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. Но Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија во 308 година.


Светиот свештеномаченик Аполинариј, епископ Равенски
Ученик на Светиот апостол Петар, родум од градот Антиохија. Свети Петар го зеде со себе од Антиохија во Рим и во Рим го ракоположи за епископ на Равена. Кога дојде во овој град, Аполинариј влезе во домот на некој војник Иринеј, на когошто му го исцели синот од слепило и со тоа целиот тој дом го обрати кон вера во Христа. Исто така ја исцели од некоја мака и жената на равенскиот военоначалник, па го крсти и неговиот дом. Според желбата на овој военоначалник Аполинариј остана да пребива во неговиот дом. Тука направи и една домашна црква. И престојуваше во тој дом дванаесет години, проповедајќи го Евангелието и крштевајќи неверни. Во повеќе наврати беше луто мачен од незнабожечките старешини, но сесилната Божја десница го поддржуваше и го спасуваше. Најпосле беше осуден на прогонство во Илирик (на Блаканот). Коработ со којшто патуваа се разби од буре и потона, а од сите патници се спаси само Аполинариј со двајцата војници и со своите клирици. Бидејќи чудесно спасени, војниците поверуваа во силата на Аполинариевиот Бог и се крстија.

Тогаш Аполинариј тргна да го проповеда Евангелието по целиот Балкан, спуштајќи се до Дунав. Потоа се упати во Тракија, каде што под истиот голем притисок го ширеше Господовото Евангелие. После три години работа на Балканот беше протеран назад во Италија. Тој дојде во Равена, каде што верните необично му се израдуваа. Кога слушнаа за ова, незнабожните старешини му пишаа на царот Веспазијан за Аполинариј како за маѓесник, па го прашаа дали да го предадат на смрт непријателот на нивните богови. На тоа царот одговори дека не треба да го убиваат, туку само да му побараат да им принесе жртва на нивните богови или да го протераат од градот, зашто вели: „Не прилега да му се одмаздуваме некому за боговите, бидејќи тие самите можат да им се одмаздат на своите непријатели ако се прогневат.“ Но и покрај оваа царска наредба незнабожците удрија на Аполинариј и го избодија со ножеви. Овој Божји слуга издивна од тешки рани, коишто го прославија во Царството Божјо. Моштите на Свети Аполинариј почиваат во Равена, во црквата што му е посветена.

Голем православен ден – Денеска го славиме Свети Илија

На 2 август Православната црква и нејзините верници слават голем празник и црвено писмо во календарот, празникот Свети Илија.

За Свети Илија се вели дека е непоколеблив светец затоа што со својот гром со гори секој грешник без можност за помирување за гревот.

Илија е роден во Тесвит, Израел, во 9 век п.н.е. (816). Поради местото каде што се роди, го нарекоа Илија Тесвичанин. Според легендата, кога се родил Илија, неговиот татко Сабах ги видел ангелите Божји околу детето, додека го завиткале детето во оган и му дале пламен да јаде. Тоа било предвидување на огнениот карактер на Илија и неговата огнена моќ дадена од Бог.

Целата младост ја поминал во молитва, честопати се повлекувал во пустината, за да медитира во тишина и да се моли. Свети Илија Громовникот, како што тој се уште го нарекуваат луѓето, паѓа во најсувото и најтоплото време од годината, и вообичаено е да не работиме на терен на неговиот празник, за да не го навлечеме гневот на светецот.

Една стара народна поговорка вели: „Од Свети Илија, сонцето е на сите километри“, што значи дека од денес времето се менува и дека останува многу малку од летото. Според традицијата, обичаите диктираат да јадете мед на Свети Илија за да бидете здрави, а мајките мора да ги намачкаат образите на своите деца со мед, така што децата ќе бидат здрави и среќни во текот на целата година.

Се верува дека Свети Илија се вознел на небото во пламени коли, така што таа сцена е прикажана на празникот Илиндански икони.

Денеска е спомен на Преподобна Макрина

Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и на свети Григoриј Ниски. Какo девојка ранo беше свршeна за нeкoe благoрoднo мoмчe. Нo, кoга нeјзиниoт свршeник умрe, Макрина сe завeти никoгаш да нe стапи вo брак вeлeјќи: „Нe e правo дeвoјката, свршeна за eднo мoмчe, да oтидe за друг; пo прирoдниoт закoн трeба да има eднo сoпружништвo какo штo e eднo раѓањeтo и eдна смртта“.

Таа уштe гo oправдуваше тoа сo вeрата вo вoскрeсeниeтo, смeтајќи гo свoјoт свршeник нe за мртoв, туку за жив вo Бoга. „Грeв e и срамoта сoпругата да нe ја сoчува вeрнoста кoга сoпругoт ќe ѝ заминe вo далeчна земја“. Пoтoа заeднo сo свoјата мајка Eмилија прими мoнаштвo вo eдeн жeнски манастир кадe сe пoдвизуваа сo другитe монахињи.

Живeeја oд трудoт на свoитe рацe, пoсвeтувајќи гo пoгoлeмиoт дeл oд врeмeтo на бoгoмислиe, на мoлитва и на нeпрeстајнo вoздигнувањe на свoјoт ум кoн Бoга. Сo текот на врeмeтo умрe мајка ѝ, а пoтoа и братoт Василиј. Дeвeттиoт мeсeц пo смртта на Василиј, дoјде Григoриј да ја пoсeти свoјата сeстра и ја најде на смртната пoстeла. Прeд самата смрт света Макрина вoздигна мoлитва кoн Гoспoда: „Ти, Гoспoди, ги упoкoјуваш тeлата наши сo сoнот на смртта, на нeкoe врeмe, па пoвтoрнo ќe ги разбудиш сo пoслeдната труба.

Прoсти ми и мeнe и дај ми кoга душата ќe ја соблече тeлeсната oблeка, да застанe прeд Тeбe нeпoрoчна и бeз грeв и да бидe какo тeмјан прeд Тeбe“. Пoтoа сo раката направи крстeн знак на чeлoтo, на oчитe, на лицeтo, на срцeтo и издивна. Сe упoкoи вo Гoспoда вo 379 гoдина.

Светиот маченик Емилијан

Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Н

о, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите идоли. Утредента во градот настана ужас. Сите го бараа разурнувачот на нивните богови. Беше фатен еден селанец когошто го видоа тоа утро како минува крај храмот.

Кога виде дека ќе пострада невин човек, Емилијан си рече: „Ако го сокријам своето дело, што корист од тоа што го сторив? Зар да се најдам пред Бога како убиец на невин човек?“ Му се пријави, значи, на царскиот намесник и призна сè. Овој разјарен го запраша Емилијан кој го наговори на она дело.

Христовиот маченик одговори: „Бог и мојата душа ми заповедаа да ги урнам мртвите столбови што ги нарекувате богови.“ Тогаш судијата нареди да го бијат, а после да го изгорат во оган. Така го заврши својот земен живот свети Емилијан и се пресели во небесниот, на 18 јули 362 година.

Денеска е ОГНЕНА МАРИЈА: Еве што ќе се случи ако ГРМИ и што не да правиме!

Православна црква и верниците утре, 30 јули, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жената.

Покрај православните, Огнената Марија ја почитуваат и католиците и оние од исламска вероисповед. Затоа, внимавајте со какви активности ќе работите утре, за да не ви се случи нешто многу лошо.

Денот на Светата маченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се смета за многу почитуван празник, особено кај жените, па затоа е обичај на тој ден да не се работи физички или да се работи на нива. Во црковниот календар 30 јули не е означен со „црвена буква“, но жените на тој ден од почит кон овој празник одбиваат дури и да закачат игла.

Во фолклорот се зачувани примери на оган или молњи кои гореле жито, сено и домови на луѓе кои згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија во жешките празнични денови.

Светата маченичка Марина е родена во Антиохија, се крстила на 12 години, а на рана возраст ја изгубила мајка си, а татко и кога дознал дека е христијанка ја избркал од дома. На пат од Антиохија го сретнала епархот Олимврио кој отишол да ги прогонува христијаните. Бидејќи таа го одбила понудениот брак и поради верата во Господ Исус Христос, гневниот епископ наредил да биде изложена на најлошите маки.

Народното верување вели дека Огнената Марија гори и казнува со оган и дека громот на овој свет ден е лош знак. Тоа може да значи дека претстои тешка и сушна година, а постарите тврдат дека ваквите ситуации укажувале на болест и сиромаштија.

Кај православните особена стравопочит предизвикува Огнената Марија (која, инаку, во народната традиција е позната како сестра на Илија Громовник и Света Пантелија). На тој ден (30 јули по нов календар, т.е. 17 по стар календар) никој не работи затоа што се смета дека на тој ден секоја работа е неправилна и грешна, дека секој што ќе ја наруши волјата Божја на тој ден и не ја очекувајте ја неговата милост.

Огнената Марија некои православни семејства ја слават како слава за крштевање. Моштите на овој светител почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро.

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Атиноген и Светата маченичка и девица Јулија

Светиот свештеномаченик Атиноген


Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. Испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани.

Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“

Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранеше од рацете на Атиноген, кога го виде во неволја, притекна кај него и пролеваше солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабошците.

После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.

Света маченичка и девица Јулија

Родум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа.

Па бидејќи беше верна и добра во служењето, трговецот ја остави и не ѝ додеваше повеќе за верата. Еднаш тој натовари кораб со стока, ја зеде со себе Јулија и тргна во далечни краишта по трговија. Кога пристигнаа на Корзика, се падна некој незнабожечки празник, а Јулија остана на коработ плачејќи од жал што многубројни луѓе живеат во глупава заблуда и не знаат за вистината. Но незнабожците некако дознаа за неа, ја извлекоа од коработ и иако нејзиниот господар им се противеше, почнаа страшно да ја мачат, ѝ ги отсекоа градите и ги фрлија на еден камен, а потоа ја распнаа на крст. Тогаш Јулија Му го предаде својот дух на Господ.

Ангел Божји им ја објави нејзината смрт на монасите на блискиот остров Маргарита (или Горгона) и тие дојдоа и чесно го погребаа телото на маченичката. На гробот на света Јулија се јавуваа многубројни чуда. Таа пострада чесно во 6 век. После многу години верните посакаа да изградат нова црква во чест на света Јулија на едно друго место, бидејќи старата црква остаре и пропадна.

Но ноќта наспроти денот кога сакаа да го положат темелот, граѓата за црквата со невидлива рака беше пренесена до старата црквичка. Во недоумение луѓето повторно ја пренесоа граѓата на новоизбраното место, но пак се случи истото: материјалот се врати на местото кај старата црква. Од ова сите разбраа дека света Јулија не сака да ѝ ѕидаат црква на друго место, па ја срушија старата црквичка и на тоа место подигнаа нова.

Денеска се празнува големиот Божји и Свет Архангел Гаврил !

Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“. Заради овој настан таа келија и денес се нарекува келијата „Достојно ест“.

Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеј кој во свое време го чуваше стадото Јоторово, а нему архангелот како на Божји избраник му соопшти како е создаден светот, кое Мојсеј подоцна и го запиша во Книгата на Постанокот; кога му се јави на пророкот Даниил и му ја објави тајната за идните царства и за доаѓањето на Спасителот; јавувањето на Света Ана кога ? благовестеше со ветувањето дека ќе Ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното јавување на Пресветата Дева додека Таа пребиваше во храмот ерусалимски; кога му се јави на првосвештеникот Захариј и го извести за раѓањето на Св. Јован Предвесник и за казната на немост што ќе го постигне Свети Захариј затоа што не им поверува на зборовите на архангелот; кога повторно ? се јави на Пресветата Дева во Назарет и ? благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус Христос; јавувањето на праведниот Јосиф; јавувањето на пастирите кај Витлеем; Му се јави и на Самиот Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше поткрепуван од овој архангел пред страдањето; кога им се јави на жените Мироносици итн.

Тропар
Водачу на небеските војски, ние недостојните секогаш те молиме, со твоите молитви да н? оградиш под кровот на крилјата на твојата слава бестелесна, пазејќи н? нас, кои грижливо ти се приклонуваме и повикуваме: Од неволји избави н?, како началник на вишните сили.

Кондак
На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гавриле, на Божјата слава служителу, и на светот божествен бранителу, спасувај и чувај ги оние што ти повикуваат: Самиот ти биди ни помошник, и никој ништо не ни може.