Tag Archives: вакцинација

Д-р Грозданова: Нема ризик по здравјето ако примите вакцина

Нема ризик по здравјето ако примите вакцина, а во моментот имате висок број на антитела, тврди Д-р Александра Грозданова, претседателката на Комитетот за имунизација за Канал 5 телевизија.

Според неа, антителата не треба да се проверуваат бидејќи дури и да ги немате не значи дека не сте заштитени, бидејќи вакцината создава и клеточен имунитет што не може да се утврди. Сепак, на денешната онлајн средба со новинарите Д-р Грозданова се огради од препораката вакцината да се прими најмногу 45 дена по прележан ковид, иако подвлече дека има лекари кои примиле вакцина веднаш по прележан ковид и немале никакви пролеми.

Д-р Грозданова вели дека интересот за имунузација во последните недели е поразителен и смета дека можело и подобро да се делува за поголем опфат, но додава „никогаш не е доцна“.

Кај нас само „Фајзер“ ќе се дава за бустер или трета доза која го продолжува периодот на заштита, а дали ќе биде потребна и четврта доза засега нема одговори, но се очекува како и болеста и вакцината да стане сезонска.

Опфатот со вакцинација во Македонија засега останува низок, па 47 проценти од полнолетните граѓани досега се целосно имунизирани, а само 38% од целата популација.

Денес на маса НОВИТЕ МЕРКИ на Комисијата за заразни болести! Дали вакцината ќе стане задолжителна за здравствените работници?!

За новите предлог-мерки на Комисијата за заразни болести за невакцинираните вработени во јавниот сектор и здравствените работници, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска ќе се разговара на Главниот кризен штаб, а потоа и на седница на Владата.

Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан Ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои се уште не се вакцинирале.

Препораките се кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

– Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги елекронските алатки на европските сертификати преку апликација која го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност. Ова е мерка со која очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата, изјави министерот Филипче кога ги објави предлог-мерките и додаде дека го следат примерот од останатите држави од регионот и од Западна Европа каде се применуваат мерки сѐ повеќе рестрикции за невакцинираните.

Во моментот, државата располага со 470 илјади вакцини на „Фајзер“ и 20 000 на „Астра Зенека“. Се очекува да пристигнат и 200 000 вакцини на „Фајзер“ како донација од Италија, со рок до средината на следната година.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, при направени 2.633 тестирања, регистрирани се 389 нови случаи со Ковид-19, 18 починати и 317 оздравени пациенти.

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 8.535 случаи од кои најголем број 3908 се во Скопје. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, а на починати е 7.436.

Скандал во Хрватска: Медицинска сестра запишувала луѓе дека се вакцинирани и земала мито

Полицијата во Загреб ја заврши кривичната истрага против десет лица осомничени за фалсификување документи, меѓу кои и 31-годишна медицинска сестра која, како што се сомнева, ги внесувала лицата кои ја поткупиле на списокот на вакцинирани. Врз основа на тоа извадиле потврди за Ковид, пишува Новости.рс.

31-годишна медицинска сестра е уапсена. Од полицијата наведуваат дека е вработена во медицинска установа во Загреб, која била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот, но не наведуваат за која институција се работи.

Уапсената медицинска сестра ги искористила своите овластувања во октомври и внесувала неточни податоци во системот дека 28-годишната и 65-годишната се вакцинирани со една доза вакцина на почетокот на август 2021 година, иако знаела и била свесна за фактот дека не биле вакцинирани, информираат од полициската управа во Загреб.

28-годишната во ноември испратила пари на 31-годишна вработена во медицинска установа за да добие валидна потврда за ковид. Парите ги праќала преку 30-годишен маж кој ја поврзал и со лице кое може да направи валидна потврда.

Со помош на 32-годишните осомничени и двајцата 23-годишници податоците и парите му биле предадени на 22-годишниот, кој потоа му ги предал на осомничениот 31-годишен вработен во медицинска установа во Загреб за внесување податоци во информацискиот систем.

Една недела подоцна, 30-годишниот осомничен подигнал потврда за Ковид за 28-годишната жена во аптека на подрачјето на Велика Горица и и ја испратил на е-пошта. После тоа, таа во четири наврати при минување на државната граница ја користела потврдата за ковид.

Исто така, постои сомневање дека 65-годишната му предала лични податоци и пари на 58-годишен вработен во неговата фирма, бидејќи од него дознала дека познава лице кое може да и изработи потврда.

Со помош на осомничените повторно се предадени лични податоци и пари на осомничената, 31-годишна вработена во здравствена установа од Загреб, која како и во претходниот случај користела овластување и внела неточни податоци за вакцинација на 65-годишници.

Неколку дена подоцна, кога потврдата за Ковид била готова, 39-годишниот осомничен ја подигнал потврдата во аптеката во Средњаци, која била предадена на 65-годишната за да може потоа да ја користи при влез во државната финансиска институција.

По завршувањето на кривичната истрага, полициските службеници ги предале 31-годишниот и 22-годишниот на надзорникот на затворот и поднеле кривична пријава до Општинската државна адвокатска комора во Загреб, а ќе поднесат кривична пријава против останатите осомничени по редовен пат.

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ: Здравствениот центар Врање одобри ТРЕТА ДОЗА и за нашите граѓани

Од вчера одобрено е давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Република Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, од Здравствениот центар соопштија дека примарно е имунизацијата на српските граѓани да се одвива непречено.

-Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против Ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината „Модерна“ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на ЗЦ Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза), додаваат од Здравствениот центар Врање.

Сите тие ќе бидат дополнително известени за примање на вакцината, согласно важечките правила за вакцинација со вакцината „Модерна“.

Инаку, бустер дозата на вакцината против Ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози mRNК (Pfizer-BioNTech) или векторска вакцина (Гам-Ковид-Вак, Астра Зенека), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана вакцина (SARS-CoV2 (Vero Cell) Inactivated-Sinopharm), најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле mRNК вакцина, како дополнителна, трета доза).

Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза. Ако вакцината Гам-КОВИД-Вак се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата вакцина.

Синдикатите ќе кpeваат бyнт пpoтив пpиcилната вakцинација

Благоја Ралповски, лидерот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), се жали дека новите мерки против ковид-19 предизвикале големо незадоволство кај нивните членови и ако власта остане на ставот да ги воведе, ќе се соочи со протести. Синдикалците предлагаат со стимулативни мерки за да се поттикне имунизацијата, а во спротивно нема да може да се контролира незадоволството, затоа што нема да се дозволи ниту еден работник да остане без работа, пренесува Плусинфо.

Новите мерки, според здравствените власти, треба да ги намалат последиците пред заканата од нов ковид бран, во кој се предвидува дека може и двојно да се зголеми бројот на заразени од опасниот вирус, дополнително ги поделија ставовите на граѓаните – голем дел од јавноста ги поддржува, но се на удар и на силни критики, па дури и се толкуваат како мерки за присилна вакцинација, иако е неизвесно кога ќе почнат да се спроведуваат.

И дел од стручната јавност се сомнева дека на ваков начин ќе се зголемува бројот на вакцинирано население и дека ќе се постигне заштита на здравјето на граѓаните. Некои дури одат дотаму што прогнозираат и засилување на антиваксерството, па за да не се случи тоа предлагаат да се размисли за стимулативни мерки кои можат многу повеќе да ја поттикнат вакцинацијата.

Експлодира незадоволството кај синдикалците

Во Комисијата за заразни болести нема доктори по медицина на трудот. Има голема недоверба. Кампањата власта ја остави само на тројца до четворица епидемиолози, не направи никаков чекор кон синдикалците, да седне со нив на иста маса, па така да го решаваат проблемот со вакцинацијата, вели Ралповски.

– Телефоните буквално прегореа, експлодира незадоволството. Илјадници прашања од вработените „зарем ќе го дозволите тоа?“, „ќе нè избркаат ли од работа по 30 години стаж?“ … Револтот е голем. Власта вели дека се спроведуваат исти мерки како и во Хрватска и во Србија, а сите знаеме што се случуваше таму и како тамошните власти заедно со синдикатите одеа на терен, спроведуваа едукативни кампања, имаа стимулативни мерки, имаа меѓусебен дијалог. Им објаснија на луѓето што се во недоумица за вакцините. А кај нас трчаа по провизии. Во Македонија нема ништо од тоа, настрана што во земјите со кои нè споредува министерот Филипче, тестирањето е бесплатно. Ние не сме антиваксери, но имаме многу наши членови кои се во недоумица. Ако останат на овие мерки донесени без анализи, кампањи и скрининзи ќе бидеме принудени на протести – вели Ралповски.

Стопанската комора на Македонија вчера побара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, сметаат тие, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.

Спротивно на ова барањето на Комората, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) смета дека се кршат основните човекови права и затоа бараат Владата, како што вели Ралповски, да размисли пред да ги донесе.

Тој објаснува дека трошоците за ПЦР тестовите не можат да ги платат работниците, затоа што над 80.000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата, која не е доволна да се преживее.

Против најновите предлози е и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Оттаму наведуваат дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила.

И Сојузот на стопански комори (ССК) е против задолжителна вакцинација за вработените во приватниот сектор.

– Нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и со навремено обезбедување на повеќе видови вакцини и релевантни информации за нивната безбедност – наведува ССК.

Извор: Плусинфо

Новите мерки СЕ ЛУДИ и немaaт здpaвствена ЛОГИКА – целта е ПРИСИЛНА ВАКЦИНАЦИЈА

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена со консензус, од страна на сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците. Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче по сотанокот на Комисијата за заразни болести.

Професорот по микробиологија доктор Никола Пановски во изјава за Инфомакс ги окарактеризираше новите мерки кои ги предлага Комисијата како луди со оглед на фактот што истите не го признаваат постоењето на антитела кои организмот природно ги создава во контакт со вирусот.

Според него македонската држава ги прифаќа сите луди мерки од светот, а оние кои што навистина би помогнале не се прифаќаат.

-Ова е лудо. Лудите мерки не признаваат антитела. Јас ќе одам како сведок на суд да кажам дека тоа што го прават е лудост. Човек три пати дарувал крвна плазма признание има за тоа, но бидејќи не е вакциниран нема да може да оди на работа. А на пример вакцината може да му направи многу штета, има многу антитела, не му е потребна медицински. Светот побудале и ние сите луди мерки од светот ги прифаќаме, паметните не баш. Овие мерки не се ни уставни, ни законски и не можам да прифатам луѓе со висок број на антитела, прележани, дарители на крвна плазма кој спасуваат животи да не можат да одат на работа, да се тераат да се вакцинираат. Не се работи за антиваксери се работи за луѓе кои имаат имунитет, во цел свет имунитетот трае 9 месеци, 12 месеци, вели Пановски.

За Инфомакс Пановски истакнува дека здравствениот сертификат во Македонија и светот нема никаква здравствена логика туку е начин луѓето присилно да се натераат да се вакцинираат.

-Ниедна мерка во светот со сертификат нема здравствена логика туку се тераат луѓет да се вакцинираат. Тоа е начин на присилна вакцинација во кој присилно натераниот ќе потпише дека не е присилно натеран, ќе потпише дека сам доброволно се вакцинирал. Ни производителот, ни државата не сносат последици за негативните ефекти, имаат документ дека сам доброволно се вакцинирал, никој не го натерал, потпишува, вели професорот.

Пановски сепак напоменува дека вакцината штити од смртност и дека е разликата во смртни случаи во држави во кои има поголема и помала стапка на вакцинација. Тој истакнува дека разликата помеѓу заразени вакцинирани и невакцинирани лица е некаде околу 20 проценти, а тоа е разлика која е незначителна што значи дека сертификатите како заштита од ширење на болеста се целосно непотребни.

Бројките кај вакцинираните не паѓаат и не влијаат на ширење на болеста и самото тоа ако погледнете новозаразени и вакцинирани нема некоја голема разлика 20 проценти помалку се шири, оттука сертификатите како заштита од ширење на болеста се непотребни. И вакцинираните ја шират болеста, можеби повеќе бидејќи се асимптоматски, полесно поминуваат и повеќе шетаат. Меѓутоа ако се гледа колку се смртни случаи и колкав е број на вакцинирани, тука има рамномерност. Каде што има повеќе вакцинирани, смртноста на милион жители е многу висока. Да речеме Бугарија е прва последниве две недели, Србија, Украина кај што вакцинацијат е 30 проценти. Штитат од смртност сигурно, не штитат од инфекција, штитат првите два месеци понатаму не. Не е чудно кај на бројките што не паѓаат, чудно е што не растат бидејќи секаде во соседството растат. Не растат така брзо веројатно затоа што го имаме овој имунитет кој што не ни го признава државата, природно стекнат, особено во август и септември кога поминавме поголем бран. Не очекувам да паѓаат, очекувам затоа што залади времето да растат, но се надеваме да не биде како во Бугарија, потенцира Пановски.

ЛОНЧАР: Граѓаните ќе мора да се вакцинираат на секои пет-шест месеци! Тоа ќе биде новата реалност и нормалност!

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска во Ниш изјави дека, како што сега стојат работите, новата нормалност и реалност ќе биде таква што граѓаните ќе мораат да се вакцинираат против ковид-19 на секои пет-шест месеци во зависност од видот на вакцината.

„Тоа е еден од условите ако сакаме да ја држиме ситуацијата под контрола. На друг начин нема да можеме“, рече тој при посетата на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Безбедно ли е комбинирањето на вакцини?
Тој рече дека другиот услов за нормално функционирање се однесува на „безбедни работни места, безбедни кафулиња, ресторани, кина, стадиони“.

„Што значи безбедно? Тие луѓе да бидат вакцинирани или редовно да прават ПЦР или антигенски тест ако не сакаат да се вакцинираат“, наведе министерот.

Тој рече дека не се во право оние кои мислат дека државата ќе попушти во однос на мерките, затоа што би значело влегување од бран во бран на епидемијата.

БОРДЕЛ во Виена нуди вакцина и бесплатни 30 МИНУТИ како награда :) (ФОТО + ВИДЕО)

Во борделот Fun Palast во Виена е можна вакцинација против Ковид-19. Сите што ќе се вакцинираат таму добиваат бесплатен секс третман во сауна 30 минути со жена по свој избор, пишува Mail Online.

Со овој потег се надеваат дека ќе придонесат за поголем број вакцинирани граѓани бидејќи 65 отсто од населението во Австрија е вакцинирано. Исто така, борделот се надева дека ќе добие некои нови клиенти со оваа понуда.

„Имаме пад на прометот за 50 проценти. Се надеваме дека ова барем малку ќе го зголеми. Ова го организираше еден мој познаник. Реков зошто да не? И онака сакав да се вакцинирам поради правилото 2G. Ова е совршено“, рекол Герхард од борделот.

За ова зборувал и сопственикот на борделот Питер Ласкарис.

„Видов дека ни требаат 70 до 75% за имунитет на стадо. Многу луѓе кои дојдоа во Австрија од други земји ја одбиваат вакцината или не знаат за што се вакцинирани. Бидејќи овие луѓе се нашата целна група и клиенти, ние одлучи да поставиме контролен пункт за вакцинација“, изјавил тој за Ројтерс.

„Мислам дека ова е многу добра идеја бидејќи името на нашето место е Fun Palast, што сугерира дека луѓето ќе се забавуваат овде и ќе се вратат барем малку во нормала“, додала вработената Мина.

За потсетување, од понеделник невакцинираните повеќе не можат да одат во ресторани, кафулиња, фризерски салони или други големи јавни настани во Австрија.

Канал 5

Поради ХАКЕРСКИ НАПАД граѓаните мора повторно да извадат ЕУ сертификат за РЕВАКЦИНАЦИЈА

Хакерски напад е причината поради која на граѓаните вчера им пристигнаа пораки од системот за вакцинација со кои се известуваат дека повторно мораат да ги генерираат европските серфитикати за вакцинација. Токму затоа сите кои заклучно со вчера имаа таков сертификат мора да ја повторат процедурата и да извадат нов бидејќи старите веќе не постојат и се избришани како мерка на претпазливост.

Според информациите на министерството за здравство, хакерскиот напад бил детектиран од до тимовите задолжени за безбедност на сајтот за европска вакцинација ЕУДЦЦ.

Генерирани биле четири лажни ЕУ сертификати со лажни имиња и лични податоци според кои лицата на кои гласело се вакцинирале во Македонија.

„ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ СЕ БЕЗБЕДНИ И НИВНАТА СИГУРНОСТ НЕ Е НАРУШЕНА, А ВОЕДНО, БЕЗБЕДНОСТА НА СИСТЕМИТЕ Е ЗГОЛЕМЕНА И АКТИВНО СЕ СЛЕДИ И ПОДОБРУВА, ШТО ПРИДОНЕСУВА ВО ИДНИНА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ВАКОВ СЛУЧАЈ“ – ВЕЛАТ ОД ЗДРАВСТВО.

Од здравство потенцираат дека националниот сертификат за вакцинација е функционален  а како мерка за претпазливост ЕУ сертификатите на македонските граѓани се одново генерирани и тие може да го превземат повторно својот личен ЕУ сертификат порталот вакцинација.мк.

Телма ги провери информациите дека системот наводно не работи но информациите се испоставија како неточни.

Се обидовме со сертификат за ревакцинација издаден во Србија, и според процедурата во еден од вакциналните пунктови во овој случај Букурешт, од вработените беше внесен во системот и за кусо време можеше да се креира корисничка сметка а потоа и ЕУ сертификат неопходен за патување.

Д-р Лазаров: Cитe нeвakциниpaни ce кoцкaтe cкaпо, ќe ce пoкaeтe зa гpeшкaтa, нo дoцнa

Доктор Ненад Лазаров нa социјалите мрежи објави статус во кој вели дека сите оние кои не се вакцинирале и се разболеле, се покајале за грешката.

„Сите што не се вакцинираа и разболеа особено во последниов бран, сите се покајаа за грешката, но доцна.

Се манипулира со моментот дека и покрај вакцината можеш да се разболиш, можеш-неспорно е и гледаме,

НО, со цело свое достоинство и интегритет ве уверувам дека неспоредливо полесно поминуваат вакцинирани пациенти,тоа го гледаме на дневна база!

Вакцинирајте се веднаш, сите непрележани и невакцинирани, се коцкате скапо!

Апсурдно е стравот од вакцини да го надвладее стравот од ковид, не дозволувајте лошиот менаџмент на целата криза и катастрофален PR да ве стави во неповолна позиција каде животот ви е директно загрозен, во светот се моли за вакцини на многу места“, стои во објавата на Фејсбук.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.